Вчера го карав брат му, се објаснуваме и овој му иде со прстот и му вика, го кара, у најјакото не изнасмеа. Му викам Мали ако ти се свртам тебе, те чекам да кренеш глава иначе ќе ти кажам тебе убаво.
Леле абеее колку ти е забавно тебе првото ми е машко, сакам второ ќерка ама па вака кога те читам тебе може уште еден батко хахах
За 13 месеци каков ви е распоредот на оброци? И количина колку јадат? Во градинка кога е има појадок, ручек, ужина/млеко, па вечера дома и млеко за спиење. Плус рано наутро пие млеко. Дома гледаме истиот распоред да го имаме ама некако деновиве по немирно спие, почесто се буди, во двоумење сум да не и е малку храна, бидејќи без млеко не презаспива. Не пие кој знае колку, е сега дали е гладна, дали регресија, дали заби што и излегуваат, па утеха и е шишето, некако не можам да одредам. Дали овие јогурти се добра опција за ужина?
Мајки, колку од прилика треба да имаат сон дечиња од 21 месец, и како најлесно и безболно да тргнеме цуцли лажливки?
Цуцли тргнавме кај големото многу неочекувано, отидовме кај баба му и ја заборавивме дома, таму решивме не купуваме и не купивме и бараше ден два под перница секаде и така научи да спие со играче и толку.
Кај нас имаше плачки за цуцлата неколку дена ама пресеков веќе, на 2 години ја тргнавме. И кажав дека мачето ја сака цуцлата, и му ја остави во куќичката на мачето и цел ден не ја побара. Кај е цуце? Кај маче. Добро. Леле вечерта се одра од плачење, ама се убедувавме може 2-3 саати и искрено мислам дека заспа преморена од плачење. Утредента пак, кај е цуце? Еве кај маче. Тргна да ја зима, гледа ја нема таму. Викам ја изело мачето, толку од цуце. Пак плачење, ама помалку. После 3-4 дена ја заборави. Сеа е заменета цуцлата со сите можни играчки во кревет
Мојот е 15 месеци, ама од годинка истиот распоред го има со оброците. Кога го земам од градинка е гладен, не може да дочека до дома да стигнеме за да јаде. Приметив дека само еден оброк после градинка му е малку. Јаде околу 4.30 ручек, па покасно му давам да речам полуоброк, нешто полесно. Заспива околу 8. Некогаш ако не можам брзо да спремам оброк му давам прво пример шмукалче + банана или галети со путер од јатки, па после давам ручек. Цица само еднаш пред спиење. Количина колку јаде никогаш не сум мерела, колку сака толку јаде. Кога не е во градинка: 8:30 доручек 11:30 ужинка Дремка од 12- 14, 14:30 Ручек 14:30,15:00 (зависи кога станал) Вечера 18:00 Па млеко пред спиење. Во однос на распоредот од градинка ги изротирав ужинката и ручекот, некако не ми иде толку рано ручек да давам. За јогуртчињата, ги немам пробано, ама јас преферирам да давам чисти грчки јогурт со плус овошки (внатре или на страна).
Храната во градинка е премалку. Јадат по неколку лажички. Јас би му давала 2 главни оброци плус ужинка кога ќе си доаѓа, односно ќе му давам здравје кога ќе го зимам во 3ипол. Сеуште ништо не јаде во градинка, го носиме во 9 и седи по 45мин. Инаку дома следен му е редоследот: цицање после станување до кај 8ч појадок 8ипол-9 ужинка цицање и овошје измеѓу кога сака колку сака ручек 13-14ч зависи кога стане ужинка цицање и овошје измеѓу кога сака колку сака вечера млечен оброк 19-19ипол и цицање пред спиење
Јади моево количински и таму, не е тоа проблем. Кога ќе ја земеме воопшто не ни бара јадење, да е прегладнета, да плачи. Ќе нудам деновиве плус овошје и ужинка во остатокот од денот, па ќе видиме. Едит- кај нас и за привикнување се носат од 8:00 наутро, за појадокот да го фатат
Мајка ми едвај ја навикнав да не му дава млеко на пладне или оброк со леб, му се фаќаше многу оброци со леб.
Мајки на нејадачи, сте нашле некое чаре за нејадење?? 14++ и незнам дали има 9кг, плус со грип беше и моментално јадењето ни е ужас. Ништо не јаде и цел ден би бил на цицка да може. План ми беше да го дојам барем до година ипол ама сега баш сум на мисла да го одбијам, зашто ова не е нормално. Од три оброци ни пола не јаде. Едино макарони сака друго ништо. Незнам кај грешам искрено И пред да фати грип беше се со молење ама барем јадеше по нешто. Дајте ми совет што да правам
Да си упорна и да не губиш надеж. Друго нема! Од ултра нејадач дојдовме до некое задоволително ниво ама со нерви кабли, едвај, ќе нудиш тоа што сака колку да се разјаде и тоа е.
Буквално само макарони јаде и овошје, во макарони нема ама баш ништо хранливо. Ми е страв и за крвна слика да не му се влоши. Јас незнам од кај има сила по цел ден да е активен. Едит: Фонтанелата до кој месец треба да се затвори??
На последен преглед ми рекоа до годинка е одлично затворена како што треба, до 22м толерираат да се затвори скроз. Моево е термит за овошје, што и да извадиш јаде маф праи, така да мислам дека тоа го држи.
Најлесно за цуцла тргање е ти да се помириш со фактот дека следни 3 дена ќе има плачки. Толку е, секое чудо за три дена. Мојава ја користеше за спиење само, првата вечер и реков нема цуце и толку беше, втората два пати се разбуди и реков нема и тоа беше. Третата вечер наплати за претходните две, на секој пола саат плачки беа, ама истеравме без . По третата вечер не ја спомна цуцлата повеќе. 18 месеци имаше.