Мајки каква риба им давате на вашите дрчиња? Пробав со пастрмка, ослич ама не сака. Дали мпже лосос да давам оли некоја др. риба?
Во градинка за појадок јаде Чоколино/Фрутолино и слични работи и некако за попладнето сакам да избегнам екстра шеќери, а и да не "мези" цело време. Од кога има оброци секогаш со дефиниран оброк тераме, ретко измеѓу да дадам 2-3 смоки, малку портокал, мандарина ама не јаде неограничено и цело време. И ние гледаме да ги комбинираме оброците во време кога таа јаде или еден ја чува, друг јаде. Е сега колку шеќер е многу шеќер? Еве под услов да јадела Фрутолино во градинка, дали после 1 Монте или пудинг/овошен јогурт би било премногу во денот? Опција ми е мини мафини, крофнички, нешто слично да и направам, без шеќер, со засладувач од урми пример или банана и овошје. Шмукалче, грчки јогурт со плус овошје, само парченца овошје и тука ми завршуваат идеите. Бабите и дедовците би рекле и чоколадо, Стоби флипс ама јас би ги избегнала уште некое време тие.
Јас почнав со лосос, ама ако не сака риба нема ни таа да ја сака. Пробај стави малку лимон во рибата ќе ја засака ќе видиш. Епа ако јаде сабајле Лино попладне Монте или овошен јогурт купечки, веќе е многу шеќер. Во 1 оброк Лино има 1 ипол лажица шеќер, бел шеќер, освен во БејбиЧоколино, не знам таму каков шеќер има. Моево уште нема пробано Лино и нема да проба во догледно време сем во градинка кога ќе оди за доручек, па јаде чоколатце еднаш на 3 дена по пола, шуќур се научивме така иначе секој ден беше тоа. Нуди ако не за ужинка попладне јогуртче со лепче, смоки од пченка, можеш и грисини солени, јас ги чистам до солта и му ги нудам си ги јаде, давам галети оризови, давам кифличка, ретко ретко овошје попладне.
@AngelOfArh , ти благодарам. Кога е дома било настинка/викенд што и да е, комбинирам овошјето да е наутро/до пладне. Е сега со градинкава барем кај нас изборот за појадок е Чоколино/Фрутолино/млеко со бисквити. Во сите овие месеци не ми кажале нешто друго да даваат. А додека јас се приберам од работа останува само вечера да и дадам и млеко пред спиење. Ќе средам викендов да направам некоја количина мала мафини, кифлички, барем до кај 15-16 часот нешто такво да и даваат ужина по дома, плус шмукалче некогаш.
Шмукалче е ок ужина понекогаш, ама и тоа е овошје, рачунај. Пре би да изеде овошје него ли тоа, јас шмукалче користам кога сите пиеме нешто и на него да дадам да не биде еве он не пие, демек де. Не знам како е сега кај нас со оброци, не сум видела. Види они ќе пораснат и вака и така, ние само се притресуваме ама ај.
Стварно ептен ја комплицираме ама ајде ќе ни помине. Инаку баш хранава т.е типот на храна во градинка ми е комплициран за комбинирање. Таму за ужинка некогаш што имаат овошје, почесто не. Така да, како и да комбинирам само попладне ми останува кога може да внеси овошје во било која форма. А подобро да внеси некакво отколку воопшто да не јаде преку недела, само за викенд да оставам.
Комбинирај ги макароните со нешто за да почне да јаде и друго. Ко се опседна со макарони, јас ги правев со кашкавал. И така после успеав да и вметнам тост со кашкавал. После макарони со месо ги мешав, и евентуално почна само месото да го јаде. Пробај, шо ќе изгубиш. Е може една недела праев само макарони дома со разни комбинации
Комбинирам со грчки, со кашкавал, со абц ,со месо, со брокула, со авокадо… ама не секогаш поминуваат. Исто земав и тестенини од наут и леќа ама тие не ги сака. Ке пробувам секако, не се откажувам, ама исцрпувачки е цел ден да готвиш и на крај се у канта да иде
Кај и да е и ја ке плачам Абе срам ме фати пред некој ден на контрола, ми вика докторката малку неухранет е, мислиш јас му бранам дома јадење. Уфф правец бардовце ми се иде да фатам
Да се уплеткам малку, мојава нејадачка единствено што сака е шмукалче или евентуално некои денови леб, не секогаш. Лажичка фрла, прави фаци како да и се гади. Па кога ми прекипува и давам шмукалче, има едно на холе veggie bunny, мислам грашок, сладок компир и морков има, па тоа ми брка работа, за да не е само овошје. Тоа за чудо го сака, е сега недостаток е што е со портокалови работи и ми е страв од пигментација, па го давам само во очајни моменти.
Мене педијатарот еднаш ми рече "абе ве гледам вас двајца, вие ако јадете малку количински да одржите линија, дајте и го вашето на нејзе" Ама ја научи веќе и она ми вика ај само да е здрава е битно
Моево секој ден јаде морков и еве го уште нема пожолтено. Во секое јадење има морков. Инаку јас набавив ќесички за шмукалчиња од Твист за кога ќе излезат овошките, да имам за шетање летово де.
Ејјј мојата пожолте еднаш Тогаш живееше на моркови и батати, и почнаа портокалови точки по лицето да и се појавуваат
Кај мене комбинацијава од страстен јадач и уште пострастен нејадач е трагично урнебесна. Едново не можам да го донајадам, другово никако уста да му отворам. И така цел ден во кујна, миксови, па пола храна во меше на бато, четвртинка на таван,под и ѕидови, остаток на куче. Кучево се изнајаде бебешка храна, одвај ме чека со тањирот и специјалитетите. А батко е смешки, дада му мачка на сегде, освен во уста, најмногу става на коса (барем сјајна ќе и, директно апсорбира витамини), а тој се пресега од хранилка и само си зема од кај неа од рака што е измачкана, од коса, од послужавникот. Некогаш за да ја залажам и кинам ситни парчиња леб да се фокусира да зема со раче, за јас да и бутнам конкретна храна, тој нели секако мора да добие исто, ќе ги смачка за секунда неговите и ете го со рачето на другата хранилка. Срам ме фаќа за во градинка, ќе им краде на другите деца, ќе мислат му браниме Може постов не е за тука, ама овде го чкртнав зошто сочувствувам со мајкиве на нејадачите. А од почеток како тргнаа двајцава, се испофалив дека се ми јадат. Кратко траело...
Здр, дали некој знае адидас и скечерс дали имаат ист калап, сакам онлине да порачам, адидас носи бр 25, а скечерс до сега немам купено
Мене ми личи дека има жолто околу носето, ама не верувам дека е од храна, поверојатно да е од што се мачка, а не дозволува да ја измијам како што треба. Тепа, мава, плаче ко да ја колеш и за лице миење. Чурук карактер, се негативно од мене, свекрва ми и татко и има собрано. Туку, и јас се мислам да земам од тие на твистшејк. Ќе имаме доста и домашно овошје, може ќе пројаде со нив.