Ако е константна тт, не може со ништо друго да се симне и трае подолго, по препорака на лекар, давам Ефералган на 4часа. Доста ефикасен кај моево е.
Мајки, син ми се буди 07:30 - 8:00 и тогаш цица, по колку време е најприкладно да му понудам појадок? 16месеци е, и не ми прифаќа околу 08:30, порано тоа време јадеше.
Моето цица исто цело време,кига сум дома за викенд исто се будиме цица, па после го пресоблекувам и му правам појадок ама едвај јаде све со мачење, а кога сум на раб јаде околу 8.30. Моетоне 17м,некогаш и после јадење цица, колку го заситува незнам.
Знам цицање и Ад млеко не е исто ама јас практикувам плус и во градинка бараат да се наутро гладни, бидејќи не им јаделе или од прејаденост повраќале, ако во текот на ноќта или до кај 5:30 наутро се разбуди, давам млеко. Си презаспива после тоа. Околу 6-6:30 евентуално само 100тина мл млеко колку без ич. Ова да е прво будење, воопшто да не јадела ноќта друг пат. А тек после 7 ако се разбуди, било да сме дома или во градинка директно појадок давам/даваат околу 8:00 и тоа е.
Дете веќе една недела како ништо не јаде. Од дете кое обожаваше манџи, стана дете со кое се води војна за две залчиња . А ништо немам сменето во рутина. Забележав само дека тројките се набабрени и зацрвени.Исто приметив дрка почна цела рака да става во уста и да лигави. Толку нрма лигавено ни како бебе. Навистина незнам дали е од заби или нешто друго. 16.месеци е
Ќе се врати на старо кога ќе излезат запчињата, дури и ќе надомести за тоа што не јадела. Истото го поминавме, многу слабо јадеше, па откако пробија 3ките не можам да ја донајадам
Не, како обичен шампон си се користи,само треба две минутки да отстои па да се плакне, пробај слободно нема штета според мене, секако за најмали бебиња е наменето не би требало да направи проблем
Здраво мајки. Малата е скоро 15 месеци. Веќе еден месец ,секоја вечер кенка ,плаче во сон. Се буди по три,четири пати. Мислев ке помине ама уште трае. Да напоменам. денски е супер,ова се случува ноќе само. И растат двојки ,можеби и тројките се почнати. Може од нив да е? Искуства некој ?! Ви се случува?
Да, кога вадеше тројки горе исто правеше мојот дечко.. траеше неколку вечери исто се случуваше и да се разбуди, да плаче, сигурно од што ги боли/чеша така прават. Од кога испаднаа нема направено така.
Неколку дена траше. Инаку од жешко исто се случувало кај нас, ич не трпи да е покриен со ќебенце и знае така да мрда и ако не може да го одглави ќебенцето од под него почнува да кенка. Да не излегуваат повеќе запчиња наеднаш?
И растат двете двојки ,едната е излезена ,другата сега излегува...ке проверам после тројки да не има почнато. Фала ти мами
Ќерка тројките ги вадеше 4 месеци точно. Една по една сите. И вака се понашаше. Сега изгледа 5ки вади, и пак исто се понаша... Нема крај ова
Плис хелп! Бебе е 15 месеци, секоја вечер во последните три/четири месеци ќе се разбуди во сред ноќ, седи будно по два саата,се игра,се забавува и едвај се презаспиваме... Скративме и дневни дремки на една, нема ефект... Не можам повеќе,на раб сум со снага и нерви... Дајте совет,утеха... Дијазепам?
Малата е 14 месеци, проблем со јадење и апетит нема, се си јаде, но хемоглобинот и е намален. Од кога е родена цело време и бил над 110,сега последните неколку месеци кога била болка кога сум и правела кс и е намален. Прво 107 а сега 100. Дали поради тоа што кс и е правена кога имала вирус или бактерија може да покаже намален хемоглобин или не? Од витамини пие само д3, ц витамин и пиковит сируп. Во план сум да и направам кс сега кога не е болна па да видам како ќе и биде. Сакам само да слушнам само мислење дали има некој со 100 хемоглобин дали пијат нешто плус вашите деца, или ако има и доктор на темата ако може за совет.
Хемоглобин 105 во ред е? Беше анемичен ни препишаа Ферум лек,примаше 2 недели и денес направивме контролна кс. Иначе 15 месеци има. (Заборавив да напоменам,на претходната кс хгб 90 му беше)
Нормално е кога е болна да е намален, провери пак. Мојот имаше долго до 96 макс, во мк одма ми препишаа сируп ама не го дадов. Тука ме советуваа само со исхрана да пробам, за 3 месеци 110 стана.