Исти сме 16 месеци е моето и ноќе е хаос.. многу се буди, кенка, плаче, и јас препишувам на заби + скок пренапорно е те разбирам.
Еве вечерва и Блокмакс не помогна. Вришти цела вечер....пуштам цртан па се смирува ,што да праам тоа е...се мислам да ја носам на лекар да ја видат утре. На сета таа па и конјуктивит закачи у градинка
За забчиња ако може да набавите Осадент гел, од Бугарија ми го имаат купено...моето не изразува болка ама не спие по два три часа секоја вечер,рипмува и се игра на максимум, никнува третата тројка,па чекам уште една и уште петките и ваљда ќе спијам
Морам јавно да и се заблагодарам на @Biodevojka. Благодарение на нејзината книга ние веќе втор ден немаме мака со тврда столица. Само 3 дена го пие чајот од слез а веќе има огромни резултати. На сите што ви треба рецептот пишете ми во приватна порака ќе ви го сликнам
Дали ако давам молерс и витамин д + омега на бејбитол е премногу омега за 1 година дете. Го земав молерсот за имунитет па не знам колку е препорачана дневна доза. И дали сте позадоволни од молерс или бимунал?
Јас само молерс и чист Д од беби тол и давам, а доза за мојата е 2,5 мл скоро 18 м сме. Јас имам друго прашање дали има врска кога се дава молерсот во текот на денот?
Прашање до мајките на кои децата им се на АД. Како преминавте после 1 година од HIPP 2 (повеќе оброци) на HIPP 3 (2 пати на ден се дава)? Во составот не гледам голема разлика а оброците треба да бидат 2 со HIPP 3 a до сега со HIPP 2 пиеше 5,6 пати по 120 (пред спиење 180). Навечер се буди 2,3 пати за млеко и гледам тоа со вода да го заменам ама денското заспивање му е со млеко. Што ако се дава повеќе од 2 пати HIPP 3 (педијатарката рече 2 пати како што пишува на кутијата) или да се дава некое тетрапак млеко место HIPP 3? Иначе има 3 оброка без ужина и добро напредува.
Осми ден после мрп вакцина. Почна да ми поткачува тт денес, сеа пред малку 37.3 измерив. Ама истовремено излегуваат и заби. А и вчера се подзадржав надвор а дувкаше, сабајле ми прпоркаше со носето. Не тече. Сега ме јаде и тој црв. Што ако настинала? Не знам на што да ја препишам сеа температурава.
38.6 беше макс, од 37.6 помалку не одеше. Ама ништо не давав, 100ка на саат беше, ни малаксана ни ништо. Си пројде така
И мојава е таква. Цело сабајле си игра, сега заспа. Мене ми е страв да не настина вчера, пошто ми прпоркаше со носето. Ама не битребало бе секој ден сме биле надвор и предходно.
Мајки. скоро 15 месеци ,не кажува ни мама ни тато освем по нејзино нешто што си мрмља.Да се загрижувам? Има време ?
Моето е 17+++ сега почна мама, ам ам кога е гладен и толко. Незнам дали да се загрижувам ама во среда сме на преглед кај матична и ќе прашам. Се разбира, ама не зборува.
Нашите не се многу разлика моето има полни 15 месеци,сега на 14ти наполни. Од 10 месеци прво кажуваше само мама после тоа почна бабаба,дада на годинка почна и тата да кажува. Сега веќе на 15 месеци кажува мама,тата,дада,баба,чао прави и вика ајде. Мислам дека не би требало да се загрижуваш сепак не се сите деца исти,ама за да си помирна консултирај се со педијатарот ќе ви даде насоки што понатаму се надевам дека ќе биде се во ред.
Абе она пример ,на чао со рачето мавта, прави браво,покажува со прст ,на дај вика да ..само уште не кажува цел збор.
Не се грижи како што ти напоменав погоре не се сите деца исти,некое покасно некое порано прозборува,проодува итн.. Еве на пример моето е врсник со 2 внучиња на сопругот и сите се различни во развојот.