Форумџика на годината

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.922
    Здраво мајки, девојчето мое е 18 месеци и проаѓа некоја, како да ја наречам фаза која е ужасна. Сака сама да се облекува и соблекува, а секако нема појма тоа сама да го прави. И затоа има плачење, траскање кое трае баш долго зошто не и успева, а притоа погласна е ако недајбоже ја пипнам чорап, патика, јакна шо и да е. Тоа отежнува носење во градинка, спремање за спиење, ма све отежнува.
    Односно во фаза е се сама да прави. :doh::sweat::sweat::doh:
    Стварно не знам како да се справам.
    Пример прееска сака сама да се симне по скали, а нормално неможе. И земав ја симнав, плачеше 20 мин од кое 7 мин лежеше доле и драматично изгледаше. Категорично кажува сама и името нејзино уз тоа. Има некој начин да ублажам ова или да си трпам и чекам да и пројде. Се шекнав.
     
    На see.emily.play му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Малите што ви пијат АД на една година по колку пати на ден им давате и колку мл?
     
    На Анета125 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    887
    Мојава е 1год и еден месец веќе некое време и давам еднаш на сабајле 150 и еднаш навечер 210, можам да и давам на сабајле 180 ама намерно не и давам за да ми го јади поручекот едно време мака мачев не сакаше да поручви иначе и давам холе кравјо 2 похранливо било од 3 и ќе продолжам уште некое време да и давам 2.
     
    На Shekjerna и Анета125 им се допаѓа ова.
  4. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    Фази, како и многу други работи. Ама мала е па обиди се со нешто друго да и' го привлечеш вниманието, брзо ќе и' пројде, мојата за некој ден прави 18м па и таа знае да легне на под (пред некој ден и надвор легна) и сака да привлече внимание. Ја кревам в раце, гушки, трчаме кај маче куче и... Ќе пројде, само што почнуваат
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Машки
    Понекогаш децата кажуваат многу повеќе отколку што мислиме. Пред некој ден слушав емисија баш за говорот на децата И баш споделија дека за збор се смета се она што е кажано со значење. Тоа може да биде и само глас, слог и сл. Дури ако детето кажува пр. "бе"за бебе и "бе" за овца тоа бе ќе се смета како две зборчиња, ако детето секогаш ги употребува со значење. Се надевам дека добро објаснив.
     
    На Misskirova и Jana7 им се допаѓа ова.
  6. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Ќе може да ми кажете колку д3 и омега на ден давате на 13 месеци? Колку е доволно и од кои? Дали е доволно едн капсула од бејбитол и/или плус молерс 2,5 мл? Како ве советуваат педијатрите?
     
  7. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    Една бејбитол+омега
     
  8. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Но давам од тие д3 + омега заедно што се. Доволно е или треба плус омега или плус д3. Не знам колку единици д3 и омега треба дневно да внесе
     
  9. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    Јас така давам и колку што знам доволно е, нс бејбитол и нема потреба од плус. Ако си во мисла консултирај се со педијатар
     
    На Shekjerna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Некоја искуство со државна и приватна градинка да спореди дали има многу разлика? Слушам во приватна и болни ги примале.. како сте задоволни и слично?
     
  11. VirgoStar

    VirgoStar Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2021
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Секој свое искуство за свое дете некој задоволен од државна некој ич некој од приватна и обратно. Секој со можностите и како ќе му се погоди, дафакт е дека приватниве сега и болни пуштаат дека на толку пари не се многу ригорозни ко државниве цело време потврди што бараат ама пак ќе кажам зависи.. Во секој случај јас сум подобро за градинка него дома чување дека секое дете подобро си напредува без разлика на вируси настинки мора да помине таа фаза :) подобро сега ко помало него па. во школо
     
    На Shekjerna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MyMala

    MyMala Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    2.384
    Пол:
    Женски
    На таа возраст се дава само 2.5 мл Молерс или една капсула Бабутол омега/ Бабутол омега+Д3, не треба повише омега.
    А за количината на Д3 подобро е да се консултирате со ортопед оти може треба дополнително Д3.
    Во 2.5мл Молерс има само 200 единици Д3.
     
    Последна измена: 25 февруари 2024
    На Shekjerna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Што правите во период кога целосно одбиваат кашеста храна? Буквално ако види лажичка дека и доближувам затвара уста и вришти плаче. Сака сама да јаде парчиња, ама само нешто посуво, а секако не може секоја храна да биде парче. И онака нема нешто многу апетит, па сега со оваа одбивност ужас е. Понекогаш ќе покаже интерес да брцка со лажица сама да црпне од кашата, ама повеќе лета на ѕид, се нервира и после ништо не сака да јаде. Скоро 13 месеци е и сега веќе почна да паѓа на килажа.
     
  14. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    1.628
    Допаѓања:
    8.178
    Пол:
    Женски
    Попара со лебче. Прво си имаше со раце ама и оставав и лажичка. Сега јаде само со лажичка.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.055
    Допаѓања:
    37.985
    Пол:
    Женски
    Ја оставаш сама и прашуваш 1746 пати " сакаш ли помош? " И си чекаш да каже да. Ич не сум ти од помош, ова е една од најдолгите фази кај ќерка ми, неподнослива е ама многу работи научи реално.
    Сега на 2год знае сама да облече патики, чизми, да се закопча, јакната сама си ја облекува ( јас стоам позади неа да не види дека и помагам за да не се влече 100 саати ), и по скали ја пуштам сама ама одам пред неа/позади неа.
    Не можеш да победиш никако, верувај :rofl:
     
    На Mari-Li, Mom's_life, Mother of 2boys и 3 други им се допаѓа ова.
  16. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    6.416
    На 12 месеци некаде почнаа да одбиваат брендирано и пасирано и преминавме скроз на парчиња. Ако покажува интерес сама давај и нека се учи. Моите почнаа со вилушка, за доручек правев мафини, палачинки, јајца во милион облици и за работи што не можеа да си боцкаат ставав леб на ситни парчиња и така боцкаа. За ручек работи како за нас, нешто сами нешто јас ќе им подметнев и така теравме. Најголем проблем ми беше месото зашто блендирано веќе неќеа а парчиња месо плукаа па морав да го цепкам на ситно и да го маскирам со зеленчук и така да им давам. Со лажица покасно почнаа и уште се пола надвор пола во уста. После оброк обавезно ми е хаос и место 10 мин саат време јадат ама тоа е. Спреми се со нерви и сила за чистење и со среќа нека ти е:D
     
    На Tess36 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  17. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    1.450
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки неколку вечери по ред малово ми се буди и плаче. Му никнуваат горни запчиња,па по препорака на матичната давам блокмакс против болка. Можно е од тоа да плаче толку многу? Искрено се исплашив,обично кога се буди навечер ќе му дадам водичка и ќе продолжи да спие деновиве ниту шише ниту лажливка не сака,дете буквално вришти.. Среќа од блокмаксот се смирува па продолжува да спие.
     
  18. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Значи тоа е, чистење и бањање после секое јадење. Госпоѓицава дегустира се преку коса, што и да и дадам, првин ќе шлапне на коса, после ако стави во уста ок, ако не, завршила работа со косата. И ние со месо имаме мака, ама и со јајце. Од јајце само белка на парчиња јадат, или кифличка домашна им давам. И тоа мафини, палачинки вакви такви, вртиме во круг. Месото на почеток го јадеше така цепкано на ситни, чисто, пр.само со карфиол или брокула оброк, сега го фрла, ич не сака. Ќе пробам да и дадам вилушка силиконска, јас се се плашам дека рано е, ама мора некако да јаде и количина и поразновидно. Минатата недела беше само на сув леб и бисквити, оваа и текна дека сака само банана и мандарина.
    Долг пат било ова, а кога ќе ми текне дека на почеток бабиве не тешеа со "ајде ќе помине ова со млекото, од 6 месеци штом почнат да ручкаат сами, ќе немате гајле". Изгледа или го заборавиле процесот или ги помешале месеците со години или ние сме биле супер сезнаечки бебиња.
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.235
    Допаѓања:
    8.791
    Пол:
    Женски
    @Tess36 , според моиве јас на година сум зборувала цели реченици, на две раскажување приказни.
    За храна сме јаделе исто што и родителите, во ова и верувам, зошто кој му ја мислел како сега, комбинации не вакви, не такви.

    Ама изгледа стварно сме биле сезнајковци.
     
    На Tess36 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  20. Лина-Медолина

    Лина-Медолина Активен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2023
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво. Сакам да ве прашам колкав фонд на зборови имаше вашето дете на 14 месеци. Синчето до пред некое време знаеше да каже мам, тата, поретко деде, баба, тете сега од еднаш како се да исчезна мн ретко тата и нешто по него си кажува , брмчи со устињата ама не е заинтересиран да учи нешто ново. Дали има место за паника или нормално е на негова возраст? Ви благодарам