1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    15.865
    Пол:
    Женски
    Мојата е скоро 19 месеци. Незнам точно кога ама пред некој месец истото не снајде. Кажуваше некои зборчиња и одеднаш престана и само со мимики комуницираше. За кратко време пак се пушти и еве ја сега мама, тато, дада, тете, баба ,деде, тао и бај ( за чао) извртени ги кажува и некои ликови од цртани филмови, предмети и сл ама секок ден гледам декасе пушта повеќе
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.440
    Пол:
    Женски
    На двете наеднаш ќе ви одговорам. 14м е, збори многу, повеќе од брат му на негова возраст нормално. Мамка од свои 6м, мислам дека на 8м преку сила знаел што значи Мам. Некаде на 9м веќе знаеше и за баба и за тате и за тете и за бато (бам или бапм) и за даде... али стрикно ним им се обраќа. Сега знае да каже за песничка Капм капм за Кап кап, Каде каде за на Дарко Биберко Каде е, Мау мау за Чудно маче и најново Бебе за песна на Слаткар за синчето негово. Знае маче куче како прави, знае рибата да каже кај ни стои, знае тате каде работи да покаже со рачето, знае да покаже ако сака пример да игра со пикадо, забавно му е тоа, знае да покаже ако сака да става фигури во играчката, а види јадење дека му носиме вика Њам њам и кога му е затнат носот дува со нос да му прснеш спреј... Прилично е свесен да речеме. А од друга страна да покаже око, нос, уста, раче, ноџе, глава, уво, нема шанси, знае курето кај му е, е тоа знае. Знае чао и кога сака чао се зимаат патики пред врата и си бара дете чао со рачето и вика тае тае... Е сеа се ова бато не праеше до 2г, не зуцна може до 3г, али иди надзбори го, од 3г до сега нема застанато. Зборни со матичните они знаат да препознаат верувај, не е само гласовниот звук што искача, однесувањето, начинот на однесување и слично. На малово му правеа некои тестови пример како реагира на нагли движења, како реагира ако нагло го испуштиш, звуци нагли, покрети со очињата, со рацете нозете, како зема играчки во раце... Некогаш се гледа во очите на детенцето дека те прати, те следи, знае се што правиш ама уште не ти одговара гласовно. Мислам дека ме разбирате.
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    вигантол капки, каде ги чувате?
     
  4. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    ме утеши :D
     
  5. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.189
    Пол:
    Женски
    Не вика мама освен кога не сум тука, кај моите го оставив 1 саат и на слика покажувал и викал мама.. викаше тато и тета (заљубен е во неа), сега и тие не ги кажува
    Моментално кажува уа (wow) за нешто што му е убаво, лалала демек како пееш, за мандарина кажува мллмл некое како на него му се слуша :D 14 месеци
    Мислам дека е побитно колку разбираат на оваа возраст, на пример кога ќе го прашаш каде е X да покаже и некои команди едноставни како оди во спална, дај ги влажните, стави ја книгата на маса, 'ајде ќе одиме надвор' и оди да ја најде јакната и патиките:)
     
  6. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми кажува тато, тата, мама, тета, тао за чао, кучето како прави - ав, оп демек скока, ам кога им дава на мечињата ко демек да јадат, вика и тиита дека чита... А и она исто менува. Иако прво се научи мама да вика, пред некое време не ме викаше мама туку само тата. И викам кажи маа маа, а таа вика таа таа, ко да ме зафркава (facepalm). Исто покажуваше кон деца и викаше деетее, а сега веќе не вика така. Не знам зошто прават така, како да паузираат од зборови на периоди.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Ова со "таа таа" е исто и кај нас моментално. Има едно бебе вика и мама и тата, а таа само со тата го повторува. И кога и викам ајде кажи маа маа, таа ми одговара со таа таа. Пресмешно ми е.
     
    На Leanne му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Ти верувам. Свекрвка постојано раскажува како мм на година зборувал со цели реченици, правел муабет. Мајка ми беше убедена дека на 2 сум читала. А еве за храна, денес дознав дека од 4 месеци ми давале и животинско царство, и смоки, грав, леќа. Вика, па тогаш немаше алергии, се ви дававме одма и види шубај си пораснавте:D Шо чуда од деца сме биле, не знам.
    Најискрено, се тешам дека во градинка ќе пројаде се. Или ќе седи гладна. Еве јас имам деца што не јадат макарони, а мене тоа ми е основна храна(омилена). Пробав ај демек сами ќе јадат дека лесни за држење, земав и некои високобуџетни, органски со форми, обични спирали ние што ги јадеме, јок, ни чисти, ни со сос, ни со урда, дури ни со кисело млеко не ги јадат двајцава, како да се гадат од нив. А ми личеше на просто и брзо решение за вечера, за да смениме малку.
     
  9. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    6.007
    Не се откажувај, нуди почесто. Јас јајца почнав да давам после годинка и ми бојкотираа сигурно месец дена освен во мафини палачинки и слично, после почнаа омлет со зеленчук и грчки јогурт па сега им е омилено јадење во сите облици. Тестенини исто неќеа да смислат, не како да се гадат него баш се гадеа со правење фаци со све. Почнаа да ми ги прифаќаат со сос од авокадо или брокула и грчки јогурт (вкусови што ги сакааа) па после потпечени со јајца и cottage сирење и сега исто ги јадат во разни комбинации. Ама јас нудев упорно, 5 пати ќе одбијат 6ти пат ќе прифатат. И за све ново се такви сега. Уште пица да ги научам да јадат :D
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    6.007
    Кај нас беше баба, па бама, па на 15 месеци конечно бидна и мама. Две зборчиња врза пред да каже мама:D

    Па кога учат нови вештини може да стагнираат со нови зборови а и многу од првите зборови се губат како учат нови. Едниот имаше стагнација па од добри месец дена без нов збор и после почна секои два три дена по нов збор да кажува.
     
    Последна измена: 26 февруари 2024
    На Leanne и Lina-Detelina им се допаѓа ова.
  11. strelec231992

    strelec231992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    465
    Допаѓања:
    996
    Мајки ве молам за совет и искуство ако имала некоја слично. Денеска правевме кс за синко, 14месеци е, планиравме утре да го вакцинираме со ммр бидејќи ќе тргнува на градинка. Кс е во глобала океј освен железото кое е 3.6, хгб му е 111. Според матичната може да ставаме вакцина ама мене ме јаде црвот и шубе ми е на толку ниско железо. Нема како и да му биде високо уствари, ништо не јаде само се молиме по саат време, сега па и заби му раснат и бетер е. Се мислам да нарачам малтофер капки ама не знам дали смеам на своја рака да давам, блиските ми викаат дека сепак е ова мн ниска вредност за железо. Некоја мајка со слично искуство?
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Иста возраст ми е малиот и утре му е ревакцина на ммр.
    Искрено не знам колку му е хемоглобин, никогаш не му направиле крвна слика. Нема ниту утре, само преглед грло/уши. Ако доктор вика да вакцинирам ќе вакцинирам.
     
  13. Ljubica87

    Ljubica87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2018
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Мали се. Ќерка ми постојано го довикуваше кучето, уште пред годинка, па потоа како магично тоа да ѝ исчезна. После почна нешто да брбори, па сега (скоро 18 месеци) се обидува да повторува по нас, на нејзин јазик.
    Зборувај му почесто, јас практикував да зборувам додека ми е во раце, да ме гледа во усните. Земи сликовница и раскажувај, тука е мачето, како прави мачето... Ова како за поттик, инаку, според мене, немаш потреба за грижи
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.440
    Пол:
    Женски
    Пробај со тарана, мене ми успеа. Од Кам ја зимам таа нивната.
     
    На Tess36 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    4.910
    На полица собна темп
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  16. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.274
    Допаѓања:
    50.869
    Пол:
    Женски
    Дали вашите дечиња бришат и плачат?
    Ќерка ми е 19 месеци и за се и сешто плаче, стана ептен неподнослива.
    Криво ми е што плаче за ништо си ја вознемирува душата.
    Период ли е и до кога трае вака?
     
  17. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Како воведовте белка од јајце во исхраната?
    Откако наполни годинка, дадов еднаш или два пати по две, три залчиња. Повеќе ми е страв. Еве сега баш варам јајце и не знам колку да и давам.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.440
    Пол:
    Женски
    Плаче за се, и на криво ако го погледнеш. Некогаш со солзи некогаш без, најчесто без.
    На 10м воведов, зошто страв од белка? Дека алерген? Други алергени не си дала, кикирики, шумски, јагоди, киви?
     
  19. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Да, дека алерген. Немам воведено ништо од наброеното од тој страв.
    Како ја воведе, по колку даваше на почеток?
     
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    7.706
    Пол:
    Женски
    Заради градинка уште на 8,5 месеци. Прво 1/4 рендана во каша, па наголемував количина.

    До година сите алергени, освен мед ни се пробани.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.