Да и мојава е таква. Ама одамна веќе. И напорна е навистина. Гледам други деца мирни ова моево ѕверка. Плаче со солзи вришти. Особено ако наумила да се качи на столица ило на маса и да скока а ти ја спречиш. Ама и општо се со плачење е. Не знам што стана ваква. Се буди со плачење и мора кај мене во рака да седи не знам колку време ако ја спуштам ќе ја дигне цела зграда у вис. Па никој не смее да и се обрати, одма исто вришти. Се додека не и помине тоа лудилото. И често ја фаќаат овие бубачки да биде кај мене во рака баш кога треба да и правам јадење или нешто во моментот кога не можам да ја држам. Пресоблакање со плачки. Еве сабајле за во градинка не сакаше да се облака. Друг пат сака таа сама да си бира гардероба па секогаш касниме затоа што не оваа јакна таа, не таа капа, не тие патики. Ме полудува. Ние уште малку ќе правиме 19м.
Нема откажување, мислам и дека осмиот скок ги ремети. Работи што ги обожаваа сега ги плукаат, се гадат, плачат ко отров да им давам. Какви фаци прават, да ги снимам за на тикток милиони ќе направам Инаку многу сум упорна и досадна, колку пати маж ми кога е тука ќе му се смачи и одма има решение, дај нешто од тегла да не се мачиме. Ама не прифаќам, нема да ги оставам да бидат пребирливи ко мене. Еве денес решија дека круша не сакаат, па тоа негодување, плазење јазик, гримаси, ко божем првпат ја јадат. Не ти јадат пица? Е тоа би ми било трауматично, пица мене ми е основно јадење Да се спремам отсега да им ја наметнам, во милион верзии.
Гледам сите деца плачат кој со солзи кој без. А дали кога не смеат нешто да прават си ја удираат главата? Детево не можам да го препознаам, премногу е нервозен ако не е по негово, веднаш почнува да прави работи што не смее, ги брца прстите во штеќер, легнува и ја мава главата од земја, или од ѕид, што му е најблиску ќе истрга ќе турни на земја. Што е најлошо јас никако не успевам да му одвлечам внимание, ако го кренам ме тепа, имам пробано и да го искарам и да го гушнам и да го залажувам се само ја влошува ситуацијата, единствено се смирува со телефонот да гледа негови видеа. Бидеќи скоро 4 месеци имаме исклучено цртани, му пуштам негови видеа кога не сака да се облече или кога не сака да јаде. Дали е период дали ќе е карактер не знам што да превземам, страв ми е дека ќе добие потрес од толку мавање глава од секаде
Период е, трае ваљда до пубертет појма неам. Си дојде од градинка плачејќи оти мачето на улица избегало од неа. Па плачеше оти патиките едните светат, другите не. После тоа заплака оти и ја дадов зелената боица а ми ја барала плавата. А дома е 2 саати и 45 минути точно.
Мајки помош. Син ми во петокот само што заспал (дневна дремка кај 11h) почнале мајстори во зградава да бушат толку силно што скокнал од кревет, се уплашил, буквално се тресел од страв и сакал да бега дури, мајка ми го чуваше тој ден, едвај го смирила.. од тогаш е уплашен, малку да тропнам со нешто тој скока и се тресе од страв и кога спие но и кога е буден. Заспива само ако со неговите рачиња ме држи за образите...Што да правам? Како да му помогнам? 18м е. Многу е жален.
Мајки хелп. Кај еден месец не сме спиени од тие заби ,станува на два саати и пишти...во последно време ја приметив ,ако прави нешто или чепка кај што не треба ако и се развикам или не и дадам нешто ,буквално почнува да плаче со липање со солзи ,не можам да ја смирам. Од една страна жал ми е а од Струга страна морам да сечам и некогаш да кажам не и да се развикам малку за да знае граници...да не претерувам ? Дајте ми памет....дајте некој трик...
Ехееее... Главата од земја си ја мава, ама го боли па само ја допира до земја. Од вчера од 10ипол до сабајле до 6 се на се сум 2 саата спиена само, 2 саата! Дали и него заб му искача не знам, али ме изеде жива. Цела вечер во раце и што е најстрашно не се смирува и во раце. Ко да се потсмири малку од шушкалчето со прожектор и поспа малку, па пак исто, па во раце спиеше, на цицка цела вечер, сабајле ко суви сливи да имав на мене не цицки. Умрев! Инаку карам и јас, викам, нека плаче, тоа е. Мора да научи дека штекерот е опасен и дека ќе се повреди ако се качува некаде.
Мајки што имате две дечиња како се справувате со закачања меѓу себе?Моето поголемо е 6 год а малото 1.5 год ама многу се немирни, и малото се закача, го следи поголемото, го имитира, му зема се, големото па го плеска, го турка, сопки му става, се борат, све уз игра, не класично да земе големово да го истепа ама узпат ке му ја плесне, или ке му стави сопка, го учи глупости да прави, и малово верно го слуша.И паѓа малово по сто пати дневно, сегде се качува, модрици има и по нозе и на глава, страшни се ако верувате колку се немирни.
Кај нас големото е малце поголемо и не го тепа малото, ама малото големото маста му ја вади, го гризе, го мава, го кубе.... и големово си ќути.
Абе и кај мене големово пробува да го толерира ама краткорочно е тоа уште,се нервира брзо и или ке го удри или ке го турне, и плус го потикнува на многу глупости, ке му даде нешто да направи беља и се смее, забава му е, а малото е 300 на саат и плус се лути па се фрла на земја, мава глава, и сеуште се лула и се мава у хранилка напред назад ако се лути исто.
Јас имам огромна среќа со големото, многу е внимателно. Едино што понекогаш остава енциклопедии насекаде што малото обожава да ги кине и лего коцки што малото нормално обожава да ги пикне во уста. Ама се подобрува.
И книги многу кине малово, партал ги направи, и легото му ги растура фигурите а ке ги дофати, среќа што не ги става во уста, шара со фломастери ако дофати кај стигне, му шара по цртежите на поголемото ако дофати, сака се да прави што го гледа брат му, го следи буквално и дебело му досаѓа.
Со ова мое дете веќе не знам што да правам ми се оди некаде и не ми се враќа назад. Не сака да јаде и тоа кога јадеме сака сама а не знае, лажицата обратно ја држе и лиже празна лажица или со прст само лиже во јадењето не сака никако да и помогнам. Витамините не сака да ги пие секако пробај да и ги дадам не сака уста да отвори и само не ми кажува,веќе неколку дена не и ги давам како да и го дадам кога не сака. Плаче за ништо, се смени детето ептен. Бар кога идеше во градинка супер си беше кога заседна дома се разлигави, а во градинка никако да појдеме се е настина, кога одеше во градинка толку не се разболуваше како сега,не можеме да ја вакцинираме. Не знам веќе што да правам ќе пукнам ми се чини.
Ама овој упорен е, го боли па потоа плаче бетер, целиот е модринки на чело, ќе помисли некој дека дома го малтретираме
Синоќа ќере се разбуди во ниедно време и почна си збори по нејзино, покажува со прсти посебно накај прозорот, од памет се извадив. Цел саат траеше ова, а беше скрос будна не бладаше. Прават ли вака вашите? Многу језивко беше
Језивко е. Мојава некаде на две години, околу 2 часот по полноќ, недела дена. Она: Тука има дете без коса Јас: Што сака детето? Она: Да играме Јас: Сакаш ти да си играш со него? Она: Да Јас: Добро поиграјте и после на спиење. Си играше во креветче некаде по 15-30 мин и заспиваше, со муабет со се. Се тешев себе си, штом не фрчи мачоров , не е ништо страшно. Сабајлето не се сеќаваше. Чудна е детската психа, битно да не ги исплашиш, од кај да знаеш можеби навистина нешто гледаат, а ние немаме таква моќ.