Што е со сепарацискава анксиозност на 14м? Не смеам да мрднам од дневна, доаѓам ли од работа нема мрдање, какање, мочање се тоа само под услов да е ептен занесен у игра, што не се дешава често. Ме пукна! Сега видов дека уствари влага во 9 скок, ама од напишаноно ништо не сконтав. И даааа.... 1 недела во градинка он не сака да чуе за градинка, кога го прашуваме дали сака во градинка вика не, не, не... Почна интензивно да учи, повторува, дува нос бе, научи да дува нос па колку толку полесно е чистењето на носот, не дека он има сила да издува се, ама пак нели почна ќе усовршуваме. И фала богу научи дека кафето прави џииишшш (боже колку слатко тоа од неговите устички искача) па не ни пипка, го прашуваме Како прави кафето? Џиииишшшш и покажува со рачето како божем го допира и после прави со прстињата не демек, не смеело. Мајмунче мало. Иначе кафето беше многу интересно за пипкање. Е сеа веќе се пиеме во шољи за кафе, и пиво и сок и кафе, оти а види пиво одма се пушта, што е оваа опсесија на децава по пиво не знам. Вие што сте го прошле скоков давајте памет, не сум паметна веќе.
Едниот дедо и е починат, го нема запознато никогаш ама мм и има покажувано слики онака без нешто да и објасни посебно. Пред 2-3 дена почна уште преку ден да вика деде дојде и мислевме дека сака да дојде дедо и (татко ми), се објаснувавме дека не е тука моментално, дека не може да дојде и добро. Ноќта во 3-4 почна да покажува на столот и да вика "деде е тука". Не од памет, од кожа си излегов. Викам кој дедо е тука, не гледам јас ништо. Дедо (името на татко ми ) е тука? И ко рече "Не, друг дедо" за малку ( со извинение ) шо не се покакав. И ѝ реков добро, кажи му чао и дека треба да спиеш. И отиде до столот и му рече "чао деде" и си легна. Погоди кој не спиеше до 5 сабајле, језиво скроз.
На кумовите наши девојчето го имаше видено дедо и, они велат дека никогаш не и покажале слика од дедо и, а не па да и кажуваат за него, починат одамна пред да се роди. Син ми сонуваше сон вечерта кога го однесоа свекор ми во болница и ни предвиде дека ќе почине и стварно така беше. Ама има многу предвидувачки сонови, ни предвиде и за бебе, а сега нешто ми сонува близнаци
јас секогаш сонувам пред нешто да се случи, пред да се разболам јас или мои блиски. Иначе и јас имам слично искуство со поголемото синче, уште не ни знаев дека сум бремена тој кажа мама ке има бебе, си замислил желба на бадник,после 1 недела одкако почна тоа да го бае имав позитивен тест. Има нешто, знаат и децата по нешто.
Маж ми вика после тоа Абе откако син ти ти го сони сонот, нешто не ти се слуша за опа цупа а? хахахахаха
Бактерија во нос како се лечи? Со антибиотик знам, ама се пие ли антибиотикот или има антибиотик нешто во форма на капки па да се прска во носето?
Леле и синко исто, од нигде никаде дојде ми го бацува стомакот и му викам што правиш, ми вика бацувам бебе.. и кога после неколку дена ми касни и оп позитивен тест
Исто. Мојава ако малку ја погледне некој друг како да сака да ја земе ,ми се врти се пика во мене ,подава раце да ја земам. Во вц доаѓа по мене.
@AngelOfArh @Misskirova Колку побрзо се помирите дека нема да мочате раат, полесно ќе ви е. Од вториот роденден наваму, 100 пати полошо е. Дури веќе и сама ја викам "На мене ми се моча, ќе дојдеш ли?" Пошто ако не дојде, а и текне дека сум излегла од соба рика ко да ја колиш. Сака мока мамаааааааа
Јаоо да ви кажам искрено си се подзавртив неколку пати накај прозор да видам Ќе ја видеме вечер како ќе е
леле и мене ми се случи слично пред некој ден, но за кучето кое ми почина кога малиот имаше 6 месеци цело време гледа нејзини слики и лае. седевме во соба и почна да покажува кон едниот крај на собата и да лае таму беше само клавирчето, му викам не е тоа ав ав и во истиот момент клавирот се пушта да свири сам од себе. јас жива вода...
Па зависи од симптомите. Ако нема симптоми не се третира, или ако има лесни симптоми само промер течење нос тогаш се третира локално со капки што имаат антибиотик во нив. А ако има поизразени симптоми тогаш треба да пие антибиотик. На резултатот од брисот пишува на кои антибиотици е осетлива бактеријата.
Мајки на колку месеци почнаа вашите дечиња да спојуваат по 2 збора, на пример мама ајде, мама ам и слично? Т.е кога се очекува да почнат да спојуваат по 2 или повеќе зборчиња?
Не знам кога се очекува, ќерка ми после вториот роденден почна Сега е 2г и 3мес и пробува и трет да вметне пример Софче сака јаде
А кога почнаа да кажуваат за какање пример. Мојата е мала има година и пол, ама во последно време знае некогаш да ми рече кака и ја гледам почнува да напнува да кака. А некогаш пак откако ќе се покака ќе ми каже дека има кака.
Не знам кога се очекува, мојата на 19 негде почна, а сега на 21 пее песнички пример, подолги од 3 - 4 збора, ама уште не става 3 збор во реченица сама за да каже нешто.
Драга моја да знаеш само колку се радувам. Инаку сите рецепти во книгата се проверени од страна на мојата професорка по Натуропатија која во Рим работи исклучиво со деца и докажани како ефикасни. Ти благодарам премногу што го сподели ова твое исксутво.
Се гледа дека е така, штом од прв ден имаше резултат. Еве пример деновиве не сака ниту вода ниту чај да пие, веројатно заби излеват. Па пак делумно се врати проблемот со тврда столица. Дефинитивно е до чајот