И мојата исто само кога вади заби по два дена се врти ,немирно спие,знаеме од што е .Ама денес од памет сум извадена,се нормално како секогаш шетаме играме ,за раче ме држи ,си се вртка и наеднаш почна да плаче многу,рачето неможе да го подигне... Таа не е воопшто плачка,за ништо,а сега дете зајде .Ја снимивме среќа нема скршено,шинато само лошо свиткано кај подлактица,и ставија завој да ја држи да не ја боли....се утепав од плачење
Мамички дали се рачуна дека детето има пролив доколку два дена по ред кака два пати во денот течна столица.инаку сме 21 месец и понеделник треба да одиме на вакцина.
Не се смета за пролив, или е иритирано стомачето, или лесно поминува некој вирус. Ама спомнете на прегледот пред вакцината.
Па и јас се мислев за овој,и мене матичната ми го спомна,ама се решив за Кидзомега,многу повеќе во аптека ми го пофалија,се покажал многу ефикасен има и рибино масло во него,еве го пие еден месец после варичелата ,и до сега добри сме пу,пу освен еден ден вирус со повраќање од еден ден,па мрсолчиња малку ама брзо поминаа.
Јас рибино накнадно земав а+д3 со лимон... Ќе видиме како ке биде со сирупчево, зашто секој вирус, бактерија почна да се лепи за него после отровањето со Салмонела.. морам да го дигнам малку... која цена е тој?
Знам,ти верувам опаднат му е имунитетот,и јас го земав кога ја фати сипаницата дека од неа им опаѓа многу имунитет,а нашиот е 1.100 ден некаде ама мислам повеќе мл е од дефандилот.Го фалеа многу и мајките во групите,само нешто спомнаа дека може од него запек да се јави,и стварно приметив од него потешко кака,па внимавам на храната. А какво рибино купи,може да го сликнеш?
Еве вакво, супер го прифати, обично нема шанси сирупи од лажица да ми пие, ова и капка остана ја излижа лажицата (а мене искрено гадно ми беше, мрсно такво)
Дали имал некој искуство со алергија на белка? На син ми, има 20 месеци, после 12 мес му дадов малку варена белка и одма се појави црвенило околу устата. Од тогаш јаде белка само во мали количини, во кифлички, ќофтиња, палачинки.. и со тоа нема никаков проблем. Вчера му намачкав мајонез на образот за да видам реакција, и му се појави црвенило.
Мaјки сo штo ги мaчкaте децaтa пo телo,млекo,лoсиoн? Јaс дo сегa пo пoтребa сo кoкoсoвo,aмa пoгoлем веќе и не ми е исплaтливo.А гледaм вчерa пoсле бaњaње нoзете кaкo сувa кoжaтa.
Како не исплатливо? Јас сега летото скоро и не мачкав ништо. Мн ретко Корин лосион,ама кога залади продолжив со кокосово. Подобро пари по тоа отколку по барање после чаре од другиве вештачки работи. И јас сакам са прочирам други искуства препораки нешто на природна база.
Јас купив млеко за тело од фреези дерм, ми ја пофалија линијава дека е на природна база. Околу 270 мкд е млекото ама големо е.
Јас мојот не го мачкам секој ден, дали еднаш во неделата Хип млеко за тело, кожата му е преубава мека. Јас и за мене така правам, кожата си бара природно да диши..
Pa ne sum go mackala odkako e roden so nisto cat pat posle kapenje so kokosovo,ama sega nz dali deka ladno ...liceto ne samo nodjinjata gledam kako posuvo
Мајки ,ајде споделете искуства.Малава е 17 месеци,од ноќеска почна да и тече носето ,ама и заби вади долни 4 ки и тројка.За горните кога вадеше беше со Т и растечен нос,а сега се лигави премногу,значи од кога е родена најмногу,на секој половина час менуваме блуза,жива вода е,седи со отворена уста и лиги си течат низ соба,премногуууу,дури се закашлува од што е полна уста со лиги.Некој слична ситуација?
Да споделам денес што дознав.. може некој од вас знае но може и не. Маџуните што ги даваме на нашите деца биле токсични односно канцерогени. Зборам за оние купечките. Домашните не знам како ги спремате. Но сите маџуни што се спремаат на високи температури се канцерогени и се строго забранети за деца. Во земјата каде што истражив за ова за деца користат ладно цедено(како маслиновото ладно цедено). Дали кај нас го има незнам. И дали вие сте слушнале за ова??
Прoчитaв и јaс пред некoј ден,и зaнемaрив. Дo вчерa здрaвo,делувa пoвoлнo сегa штетнo.Еден ќе тврди еднo др др.Јaс му зедoв нa мaлoтo и ќе.прoдoлжaм дa му дaвaм
Прочитав во некоја од групите на фб, ама искрено за се што мислевме дека е најздраво ќе испадне канцерогено. И ние мајките што правевме се нај нај ќе испадне дека се најлошо сме правеле. Збунета сум....преку ноќ се менуваат работите.
Секоја мајка си знае што е најдобро за нејзиното дете. Но едно знам, во Турција маџунот е производ што се корости во секојдневната исхрана како природен засладувач. Го користат за доручек и возрасни и мали. Придаваат многу значење на овој производ исто како и на медот, а правени се и истражувања(ги читав резултатите) со кое што за жал се потврдува истото. Јас лично прекинав со употреба и сум во потрага на ладно цеден маџун..