Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.920
    таа градинка оддамна постои и верувам е океј. Која е цената?
     
  2. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Мајки ми треба совет/и.
    Точно 13 месеци ми е малата.
    Која четка за заби да ја купам како прва четкичка и паста за заби? До сега користевме гумена таа што е за чешање на непцата ама повеќе од месец ништо не правиме зошто ја изгубив. Само не планирам да давам астрономски суми заради маркетинг или слаткоча, знам нема да е редовно тоа миење туку тек сега ќе се учиме.
    Секој ден пие цеден сок(лимон, портокал, мандарина) ама 50:50 разреден. Дали е ок или да намалам да не давам секој ден? Многу го сака по 500 мл може да испие ако не ја контролирам.
    Лош имунитет има (градинка, антибиотици и настинки), да и давам мед како плус буст или да почекам со медот(уште нема пробано)? Ако да, кој?
    Предложете ми игротеки за игра за бебиња ама да не се скапи? Прв и последен пат бев во една во Аеродром и за не цел саат ипол и платив 1000 за две деца.
     
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    6.521
    Допаѓања:
    33.100
    Пол:
    Женски
    Лакалут користиме ние од прва четкичка и паста па до сеа. Еднаш земав од дм една четка, не и го памтам името ама ич не ми се бендиса. Се распадна цела шо се вика, од 2 недели користење
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Ческа и паста на Curaprox користам. Паста без флуор зедов 0+, не знае да ја плука, ептен малце ставам и не секогаш. Е сеа проблемот е што сам сака да ги мие забите, мене не ми ја дава четката. Ама забавно му е, посебно заедно кога миеме.

    За игротека, јас го носам во Kido bar во Влае, имам пријателка таму со детенце на негова возраст, па ние пиеме кафе, а тие "пливаат" во банзенот со топки. Мал е делот со игротека, ама мене баш тоа ми одговара, за да не трчам по него.
     
    Последна измена: 7 март 2024
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    2.249
    Четка земав на Чико, ама некако многу долги и ретки влакната и сменив со таа на curaprox, супер е. Паста сеуште не користиме, има 15 месеци, можеби грешам ама знам дека нема да плука, па зошто да ја голта...
    Мед воведи, зошто да не, гледај да е природен ливадски од проверен пчелар...
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Фала ви:l:
    Ќе земам на Curaprox, па ќе видам како ќе тераме. А за паста може и подобро без на почеток зошто мојава ќерка е гадлива на некоја текстура во моментот и може веќе да не сака да ги четка или пошто секогаш е гладна па да си ја јаде пастата. Најбитна е навиката да ја створиме:inlove:
     
  7. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.199
    Допаѓања:
    2.262
    Пол:
    Женски
    Мајки син ми има 18 месеци и прими две вакцини, пневмококна и дитепер. На рачето му се појави црвенило и оток таму каде што е боцнат. Нормално е или да го носам на доктор?
     
  8. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    13.255
    Пол:
    Женски
    Curaprox и јас препорачувам, а за паста мало е, нема потреба.
    Во Капитол игротеката е баш за мали деца, а колку ме држи памет не беше скапа. Не сум била одамна.
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  9. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    Мајки совет. Малиот е 18 месеци. Оди во градинка. Имам преметено дека не секогаш реагира на име. Некогаш ќе треба да викнам 3 4 пати по име па да ме погледне. Не зборува воопшто. Кога ќе речам дај на мама дава, напиј се вода пие, донеси ја топката ја дава ама не секогаш. Подава раце да го кренам. Стално е насмеен. Во градинка ми кажаа дека имам слаба концентрација ( на друг јазик слуша во градинка). Реде кула од коцки од 3 коцки, врте листови од разгледници, носе книга да читам ама само ја носе прочитам 2 збора и бега. Не имитира. Се смее ако направам нешто смешно. Не покажува со прст. Здраво, чао колку ќе пораснаш, каде е главата кажува ама не секогаш. Во очи ме гледа ама накратко до дека се правам циркузан. Во среда сме на вакцина и ќе спомнам се на матичен. Се плашам да не дочнаме со развој или аутизам. Некој совет и дали е за загрижување.
     
  10. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.712
    Допаѓања:
    6.011
    Мој совет е да консултираш педијатар, според ова што го кажуваш личи како да касни со говоорот. Како ти кажува кога нешто сака ако не покажува со прсте? Дали ти крева играчки во воздух само да ти ги покаже? Дали ако види нешто интересно се врти да види дали го гледаш и ти? Во вакви ситуации прво се проверува слухот, може да личи дека слуша ама да не слуша добро ако на пример има течност во ушните канали како резултат на инфекции. Имитирањето и покажувањето се во тесна корелација, ако тие доцнат ќе доцни и говорот. Сепак е уште мал не може премногу да се каже во моментот ама ако имаш било каква загриженост обавезно консултации со педијатар.
     
    На perlaa1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    2.758
    Пол:
    Женски
    Промер ако сака смоки оди во кујна и ам ам и оди до нив и вика на негов јазик да му дадам. Сумнам и на трет крајник тоа се во среда ќе кажам на докторка, ама многу сум загрижена да не има некој аутизам. Пример кога одиме на игралиште а виде лулашка возбуден и и ме гледа за да го ставам. Јаде сам, пие од чашка сам.
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто си вознемирена ама не ми личи дека има проблем детето. На 18м не знам дете што повеќе прави од твоето, моето ем со говорот брза, почнува да одговара на негов јазик или најприближно до наш јазик да имитира, ама пак од друга страна уште не покажува колку годинки има, имитира ама не се, не се врти баш секогаш кога го викаш... не сум воопшто вознемирена, не бев ни за брат му кој до 2г не врзуваше 2 збора, на 2ипол прв пат почна и на 3 како се пушти еве го уште не е застанат. Контакт со очи, мирен и сталожен сон, воопшто да е весело и разиграно детенце, да почнува да комуницира, да учествува во игра и интеракција, тоа ми е важно. Мене големото ми го направија аутистично на 2ипол години, не се вртело, а тоа најмногу му е до карактерот, па еве го во четвртокот глумеше во приредба текст од 4 страни, во главна улога, дете без ниту една грешка изглуми. Така да дај му на детето простор, играј со него, зборувај многу, секогаш настојувај да врати во таа ваша комуникација и по можност зборувајте и дома на јазикот во градинка, зошто билингвалните деца често доцнат со говорот.
     
    На see.emily.play, perlaa1, gothchick и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    4.940
    Пол:
    Женски
    Бебе ништо не јаде, само виси на града, наеднаш му излегуваат 3 ки и 4ки,горе веќе има врвчиња пробиено а долу само се набабрени непцата само една 4 ка има врвче, ништо не јаде. Еве цел викенд е залепен на мене, денес посебно. 18 м сега направи.
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Иста мака, со тоа што четворките горе излегле без да приметам, јас мислев за двојката пишти вришти, а тоа четворките заедно излегле. Што значи 3 заба заедно излегле. Со оглед на тоа па и добро беше детето, не пиштеше толку многу. А за јадење сме така така, дури давам витамин ц и омега јаде, два дена да прекинам одма почнува да протестира.
     
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    7.707
    Пол:
    Женски
    Сте користеле ли Респиратол лепенки на помали деца од 2 години?
     
    На Grungie му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.941
    Пол:
    Женски
    Да.
     
    На Erika.greeneyes и Miss_S им се допаѓа ова.
  17. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Мајки здраво. Малата има 13++. Сакам да прекинам со доење, но не ми дава душава, се чувствувам виновно. А толку ми е убаво кога ја ставам на града, ама нели еднаш мора.
    Мислам дека многу цица, а слабо јаде. Има ноќи, како предходната да се пробуди за цицање многу пати, не знам ни јас колку. Денес додека ја легнав да преспие, од утрово има цицано 10 пати, а појадокот речиси го прескокна. Друго, многу паднав во килажа, колку и да јадам не стасува за двете.
    Прашав доктор вика сосема е доволно, дури после 7, 8 месеци мајчиното млеко е сосема нехранливо за детето. Сепак сакам да прочитам искуства и совети мајчински.
     
  18. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.274
    Допаѓања:
    50.869
    Пол:
    Женски
    И јас треба да ја прекинам со доење ама срце не ми дава а и она исто, ме чека од работа и за рака ме фаќа и ми кажува дека сака да цица, 20 месеци е.
    Ноќе се буде многу често јас се навикнав веќе, не јаде многу можеби од тоа е.
     
  19. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    9.314
    Пол:
    Женски
    Мајки дали треба да почнам со четка и паста ?
    15 месеци имаме .
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.218
    Допаѓања:
    111.441
    Пол:
    Женски
    Јас користам Нук паста и силиконско, ама ќе земам деновиве четче. Има веќе10 заби, јаде и животинско одвреме навреме, многу овошје, и мислам дека е време со четка.