Јас не одам на работа, по цел ден и ноќ е со мене, и можиш да замислиш колку цица. Како ќе биде стварно не знам, тешко и за мене и за неа, многу е навлечена, еве само што седнав се намести до мене и бара. На вечер заспива со цицање и никако поинаку нема заспано никогаш до сега. Не можам да се решам да почнам со одбивање, а искрено и не знам како. Ако постои некој метод на побрзо одвикнување нека сподели некоја мајка.
Вака кога ќе прочитам совет од доктор коса ми се крева. Како може мајчиното млеко да е најхранливо првите 6 месеци и магично од 7 месеци нехранливо да станува. И после 2 години е хранливо и се додека цица содржи што во моментот му треба на детето. Јас како мајка на страствен цицач можам да споделам искуство. Јадењето ништо посебно не се зголеми после одбивањето, мака мачиме 4 јадења во круг вртиме и после 1 година. Се смени будењето навечер. Од прва вечер почна многу повеќе сон да врзува. Прави како што ти се чувствуваш кога мислиш дека е дојдено времето тогаш пресечи.
Исто мислење имам и јас. Како тоа нехранливо... Син ми големиот имаше некој вирус, 2 дена ги пројде на мајчино по 1 мала чашка му молзев 4 пати на ден, ништо не јадеше, само тоа, се друго повраќаше, само млекото не. И јас ќе мора да го одбијам моево, имам оперативен зафат кој веќе не можам да го одложувам, а како ли само ќе го оставам дома тој е врзан со чирак трака за мене ( и јас за него ). До 1ви да намалиме бар на цице за спиење само, ноќе ретко цица еднаш до два пати, ама и тоа да го тргнеме и после ќе остане скроз да се одбиеме. И моево бара, доаѓа и ако не може да крене блуза рацете ми ги става на блузата.
Не знам зошто така ми рече и од кај му дојде тоа, не се расправав, случајно се најдов кај него во итна, ако го послушав требаше уште на 6м да ја одбијам. На која воздраст се одбивте и како? И јас имам таков страствен цицач и 4,5 јадења вртиме во круг, ист случај.
Една недела како почнавме во градинка и малиот веќе е со затнат нос . Искрено не мислев дека по два дена во градинка и ќе се разболи. А баш добро ни тргна, еве вчера и денес и со спиење и не плаче веќе. Не сум паметна дали да го оставам дома или да тераме вака. Не кашла, нема температура, ни носот не му течеше ама е затнат само,весел е јаде. Денес направив инхалација и како да се разводени секретот и почна да му тече носето. Влечев и со носко и прскам синомарин. Стварно незнам што да правам.
Искрено јас, кога е само носот во прашање, растечен или затнат, без температура, без кашлање, дете си е весело и си јаде, ја носам во градинка. Ако чекам носот да не течи, треба да ја отпишам и дома да си седиме.
Барем сега има еден тон информации и нови студии, жално е во заблуда да се доведуваат луѓето со нехранливо или "слабо" мајчино млеко. Се изненадив кога наидов на статија како кога е бебе болно преку цицањето телото на мајката добива информација и засилено праќа антитела за да му помогне побрзо да се избори со вирусот. Совршено си смислила се природата. За одбивањето, со лесно нека ви е На точно 21 месец се одбивме. Мораше нагло да прекинеме пошто кратење подои беше невозможна мисија. Вриштеше ако не му дадам да цица у истата секунда кога ќе побараше. Првата вечер му беше најтешка пошто строго со цице заспиваше. Си поплака си пожали ама како заспа тек сабајлето у 5 прв пат се разбуди. Дента со сенф ми беа намачкани градите и кога и да побараше му покажував и сам се тргаше. До следниот ден веќе не ни побара. Многу брзо ја прифати промената. Јас уште 2 недели по навика се будев 5 пати во ноќта Со лесно нека ви е кога и да се одлучиш и дај боже повеќе јадења да пројаде.
И нашето заспивање е строго со цице. Тоа ме плаши најмногу. А ќе мора да биде и кај нас без кратење подои, бидејќи и кај нас е невозможна мисија да не дадам, а решила да цица.
Здраво мајки. Дали некоја мајка се нашла во слична ситуација. Моето детенце 14месеци е и премногу се лигави. На секој 10мин мораа ново лиганче има единици и двојки и горе и доле и три петки се излезени од запчиња, само што немаат пробиено тројки и четворки и тоа по повеќе запчиња од еднаш му искачаат. Се лигави веќе од 3-4 месеци.
Мајки на нејадачи деца има ли? Пишете ако има да се утешиме малку. Ќе ме умре ова мое дете, за храна воопшто не е заинтересирана, порано колку толку јадеше сега само си игра со храната. Не знам како не и се јаде што ја држи сита.
Јас да бидам искрена земав Пиковит, иначе не биваше. Знам, не е решение, ама морав некако да го поттикнам, да почне да јаде бар. Он пак си е сув ко шпагета, ама бар јаде сега. Е кака многу, 4 пати у ден си се празни, ама па бар и јаде. Инаку за негова возраст алиштата му беа сите огромни, на должина таман, во ширина може уште едно дете да влезе.
Јас и давав витамини наменети за тоа ама некако џабе се. А и настината е можеби и затоа не руча ама и пред тоа не јадеше којзнае колку. Не знам веќе што да правам, како расне се повеќе не јаде и глупости прави.
Ама давај во контиунитет, не само едно шишенце. Така ми кажа мене таа во аптека, бар 3м вика давај за да се навикне организмот на храна. А дефинитивно кога се настинати не јадат, тоа не може да дише а камоли да јаде, нормално е. Форсирај течности додека се оправи па ќе јадете пак.
Овие 2-3 дена не сум и давала ништо од витамини, не сака. Уште како не ја излажав ама џабе уста не отвара.