Ако кака, мочка, ако расте (па и минимално) во висина и тежина (битно да не слабее), ако крвната слика и е уредна, зачувај си ги живците, не си прави стрес, не го третирај јадењето како настан. После втората година децата почнуваат сериозно да одбиваат јадење, за да не стигнеш да направиш аверзија на храна тогаш кога е веќе алармантно, внимавај како се поставувате во однос на јадењето уште сега. Ако одговорите на прашања ти се потврдни, немаш апсолутно простор за грижа. Некои деца сакаат повеќе да јадат, некои помалку. Ќе има периоди и денови кога ќе биде со еден оброк, после ќе има денови кога не ќе можеш да ја сопреш ќе си речеш супер почна да јаде, за да се врати пак на старо и да не јаде следниот ден. Твое е да ја нудиш, да има 3 оброци и 2 ужинки, не мора секогаш све да изеде, ќе готвиш и ќе фрлаш, ќе дробиш овошје и ќе фрлаш и тоа е составен дел на 50% од мајките, јас не знам дали има некоја што не се фрустрирала околу храната за децата биле јадачи или нејадачи. Не ја оставај да си игра со храната, имајте барем еден оброк заеднички во текот на денот, остави ја да јаде сама, отидете надвор јадете, направете си дома излет и јадете на земја, само немој со екрани. Претпоставувам дека веќе јаде тоа што и вие, ако не тогаш почни да и даваш од тоа што јадете вие. Имам пишувано во друга тема. Со 5 залчиња лепче со кремсир знаела да биде цел ден и едно смути, не претерувам. После знаеше да седне со нас и барабар да изеде 7 ќебапи и лепче и шопска, ти зборам за дете околу 21 месец. На 27 месеци прв пат проба мандарина, за 2 дена изеде 5 мандарини, третиот ден не сакаше да ги помириса. Некогаш не ни јаде втора ужинка или вечера. Ама за сите нас полесно стана кога се помиривме дека е тоа нормално и дека она си е супер, има храна што ја сака, храна што не ја сака, не готвиме стално тоа што сака, ако не го сака не го јаде станува од маса и си продолжува со играње, за 2-3 недели истата храна пак со сласт ќе ја јаде. И ова не е дете нејадач, ова е само дете. Не се секирај. Ако имате проблем со кревање тежина, ако има лоша крвна слика, ако не врши нужда редовно, тогаш консултирај се со педијатар дали и какви суплементи да ви даде. Мојата пиеше wellbaby ама тогаш почна и во градинка, па секако беше мртва гладна, не знам дали од сирупот или од градинката.
Истите нервози ги имам секој ден, не знам што ќе се прави буквално е незаинтересирана за јадење. Само глупости како чоколино, готови каши и сл. прифаќа и се најадува убаво, пукнав веќе. Мојава цица уште, ама не верувам дека и пречи тоа секако не ја држи сита, после цицање може одма да јаде (ако е расположена за јадење).. така да ако најдеш чаре кажи
Јас затоа чоколино и такви глупости не дадов додека не пројаде асално. Така се зезна другарка, малата и е топче, бумбарка, ама едно кутивче чоколино за 3 дена го јаде и кога и посочив колку има шеќер во тоа се запрепасти па зема од ДМ едни без шеќер што се, нејќе да ги помириса. Од тоа шеќерите нормално дека ќе биде бумбарка, иди сега убеди ја да јаде друго. Од 6м како јаде така си даде и вегетка и солче и шеќери и дете нормално дека си јаде се и качува килажа. Јас 3 зрна сол да ставам во јадењето го лапа го крка, а не па ова убаво да го посолиш и да дадеш чоколинце слаткичко.
Да, верувам дека е до тоа. Ама од друга страна затоа и и дадов воопшто чоколино, од што ништо друго не сакаше. А го јаде и бебешкото без шеќер, и зеленчук без сол, не и е до тоа ама од секогаш пребира и тешко да и погодиш. Од мака се' и нудам веќе ама џабе. И од нашите ручеци не сака. Макарони, проја, знае да касне ама и тоа кога како.
Мојава ни тоа не сака ни глупости. Се и давам не забранувам ништо ама џабе и имам давано и чипс ќе грицне едно две и толку после си игра со чипсот или ќе го растури целиот. Во градинка кога одеше јадеше и таму и дома колку толку, ама како заседна дома од јануари ем се разлигави ем не јаде ем се е болна никако не можеме да ја вакцинираме а и се повеќе затегнуваат за во градинка. И мојата цица и се повеќе бара да цица кога беше помала и не тражеше требаше да ја одбијам а сега многу потешко ќе е. Ме чека од работа и одма ми вика дај дај и покажува со устето да цица.
Исто! Мислам на цицањето, дај меме ми вика, мемееее... и ми брка во маица. Не знам што ќе се прави. Сакам да го одбијам, ми вриштат брадавиците, ама од друга страна кога го гледам како ужива, ко од уста да му земам ми е.
Не ми дава ни да се пресоблечам од работа одма дај дај вика, се дере. Ем ми се одбива ем не, мене не ми смета уживам кога ја дојам, ама ради тоа можеби не сака да јаде ми е мисла, ама па кога е болна бар цица тогаш никогаш не е одбила да цица.
Е моево во градинка за сега јаде па тоа се тешам.. а со цицањето исти сме скроз. Кога ќе дојдам од работа одма вика цице цице и мора одма да и дадам, и ноќе се буди сто пати и пак цица. И сакам да ја одбијам, ама и додека е болна ми е многу полесно вака барем знам дека цица иако не јаде. А и ужива многу, колку се радува и се мази, жал ми е да не и давам.
Исти сме и со нејадењето и со цицањето. Ем сакам да ја одбијам ем ми е жал, колку ужива додека цица. А јаде слабо. Жими една супа на пладне. И секој ден тоа правам, само менувам зеленчук. Само тоа јаде. На утро и навечер по некое залче ако касне нешто суво, леб најчесто или кашкавал. Друго што правам се турам. Оттрпнав више, не можам да се нервирам. Бар супата нека не ја одјаде. Денес на кожно ја носев атопичен дерматитис има, знаев ама не ја носев заради вируси не ми се одеше по болници. Вклучив сама маслената купка од биодерма, што и според Др не сум погрешила и плус денес ни даде еден лосион, како на сликата. Дали сте го користеле и дали имало ефект?
Трета недела во градинка и си добивме антибиотик и инхалација . Вака ли ќе биде од сега па натаму. Искрено не мислев дека толку брзо ќе се разболи.
На другарка малата за три дена се разболе во градинка. Ние тргаме за две недели ептен ме фаќа шубе ама тоа е што е, мора да се оди.
Е баш на оваа мака сум и јас сега, да ја одбијам да не ја одбијам Не размислував толку ама прошла недела пред да ја вакцинираме и направивме кс и испадна и паднал хемоглобинот на долна граница и резервите намалени, па сега на мислам сум да ја одбијам зошто колку толку се лаже од тоа и не јаде како треба, а посебно јас кога сум дома. Мајки со слаб хгб како покачивте? Цедам цвекла, морков, јаболка Спанаќ, месо сега форсирам на секое. Изгледа јадењето во градинка е слабо а ми викаат јаде, од кога оде се деси и ова со крвта, мада и разболувањата може играат улога Ни даде матичниот пикоферц сируп два месеци па контрола, како ќе издржам незнам. А како за беља уште по не јаде сега а си имаше апетит дека ја молам и терам да јаде сега едит: семе од коприва до мед по колку на ден им давате 18++ сме
Моето е цело време со гранична анемија, хб околу 100, и со препарати и без нив,цело време форсирам зеленчук со месо, во овошните ставам семе од коприва, аронија, боровинки, ореви лешници и нема некои значајни промени, следната недела е на контрола па баш ке проверам.Иначе при секој вирус или настинка хгб паѓа ама потоа пак се регулира, ако бил болен тој период не значи дека е анемичен.Внимавај со цедено цвекло знае да биде тешко за стомаче па од тоа да има мачнина и да нејке да јаде.Јас давав капки за железо, сидерал, па малтофер , во комбинација со бејби вит, па давав флорадикс со железо па сега Апетито и пак маки мачиме со јадење и со граничен хгб. од храна од штое е нејадач му давам се да проба и од наша храна и му готвиме посебно, додека сум на раб и јаде ама за викенди одбива скоре се, и сака само да цица. Иначе давам и лино и нутрино за вечера или бисквити со млеко, друго нема шанси да јаде. Мачкано лебче не сака, пржено лебче со јајце не, омлет пробав нејке, палачинки нејке, ориз од нашиот дадов го плука, он лапнува па плука, нејке да жвака, а тоа што му се свиѓа знае да го жвака,сега е у фаза сака се сам, и во глобала само истура храна.Вчера големото јадеше нудли абе се намести и една третина му изеде на брат му мести и џвака, завчера земал чипс исто, дозволувам се да пробува и грицки и благо, и тоа што му се свиѓа си го џвака а ручек доручек или вечера ако не е каша мазна нема теорија да го нахраниш.Еве нудам и овошје, банани сецкани, јаболче, киви, портокали, мандаринки, само портокалите ги јаде, ги цица и ги плука а другиве само ги расфрла.
Маки ова ептен баш те читав уште предтоа за истово и викаш нема нешто напредок А па дека сега сум во тоа задлабочена и и пикам у уста све и неќе уште повеќе ми бојкотира. Ја викнав баба и нека седат со неа оти очигледно со мене праве проблем ми ја осеќа нервозата/ стравот. Иначе супер си јадеше ама сега ова ми е стимул да ја одбиам изглеа тоа праве проблем, колку повеќе расти повеќе седи на цице. добро што ми кажа за цвеклото не дека пие кој знае колку али сепак.
Така ке биде некое време. Мојата се стабилизира после 4 месеци. Првите 4 беше буквално ,пиење антибиотици, добра два дена,па пак одново. И сега нонстоп има мрсули и поткашлува ама не како тогаш. Пекол ни беше.
Исто е и кај нас втора недела во градинка на адаптација, и почнавме со мрсули сите дома. Ги носите ако се само со мрсулчиња или затнат нос? Давате нешто плус освен стандард омега, д3, пробиотик? Почнав и спрејче да му прскам бејби оригано
Ако не го носев co мрсули, цело време дома ќе беше. Навикни се Деноноќно ќе е со мрсули, еве моето иде веќе година дена, не памтам кога немал. Инаку зависи колку е големо детенцето, јас на моето од негде година дена кога беше почнав со Дефендил, а сега кога наполни 2 години почнав со Киндеримуно. Ама пак секоја втора недела е дома... Супер е бејби ориганото, и јас му го прскам пред и после градинка.
Ја одбив вчера и синоќа ми качи темп Оно жар грлото затоа не јадела посебно овие два дена и продужив викам сега почнав и готово крај доењето, а ваму ќе пукнам од мака, баш така што се погоди моментот