https://www.sportvision.mk/mk/obuvki/8522241-under-armour-binf-surge-3-ac Јас овие му ги земав на синко, ама веќе беше прооден.. за проодување секако дека ќе бидете по дома па најубаво е по чорапчиња, а за надвор патики што се за трчање, да може да се виткаат цели
Кои од КиК ги користевте? И како е подобро, да бидат ниски под глуждот или над? Заборавив да прашам на ортопед.
Nike tanjun се совршени за дете што проодува. Цврста пета за баланс, а флексибилни напред. Јас и двајцата ги пораснав во нив.
За ова имам само читано, немам искуство ме интересира дали некоја има искуство. Дека ги болат нозете додека растат децава мит ли е или факт? Син ми 19 месеци, уште не збори, ама ако се удри или го боли нешто ми покажува за да го бацам. Последниве денови приметив доста често ми покажува на нозете. Од друга страна, се јави голем проблем кај ноќното спиење веќе 2-3 месеци. Заспива фино си спие во креветче, па се буди накај 1-2 по полноќ и тогаш го земам со нас на спална и почнува теророт. Не престанува да се врти. Само прета. Се мава од нас. Се превртува. Не мирува ни 5 минути. А во исто време се обидува да спие очајно, ама не може. До негде 5 сабајле кога ќе се смири и конечно ќе заспие. Мислев дека е последната регресија и ќе се смири, ама трае доста долго. Да напоменам дека топло не му е. Не знам веќе што да мислам. Дали може да го боли нешто, ете нозе на пример? Го фаќам насекаде не реагира нешто посебно. Вака дење не делува дека има некој проблем. Се соочила ли некоја со нешто слично?
Маж ми кога бил дете се соочува со ваков проблем од нагло растење во висина. Но, бил поголем и кажал дека конкретно го болат нозете.
Брат ми го болеа, кога нагло почна да расти 11,12 години имаше. Јас инсистирав да го снима коленото. Докторот кажа дека од растење го болат.
Па и според Гугл е рано… Не знам како поинаку да си го објаснам она што го прави ноќе. Неколку месеци ноќе по неколку саати сум будна, шизнав. Педијатар ништо посебно не ми рече. Не знам како да му помогнам на детево, ноќе се гледа ко да има некоја мака. Почнав секој ден два пати на ден да го вадам надвор демек особено пешачење по доручек го подобрува ноќното спиење. А откако почнав да го вадам надвор по доручек мислам дека дури и се влоши.
Ќерка и преку ден се жали, немам памет веќе. Ноќва од 2:30 до 5:40 беше будна. Со трескање по креветче, со вриштење, со сВе...
Не вришти, не плаче. Само ќе прикенка шат пат и нон стоп прета, мрда, се врти, превртува.. и така цело време 3-4 саати дур не се измори и заспие. А очи држи затворени цело време.
Има вечери кога и моето го прави истото. На пример синоќа докај 6 беше вака, спие ама многу се превртува, закенкува, се гледа дека има некоја мака. Приметив ова се случува најчесто кога не е убаво какан тој ден. Како е со какањето кај вас?
Моето цело време спие така, се врти во сон,станува, лази се преместува, се буди по 100 пати, ке дојде ке цицне и продолжува,сега почна па да менува ке цица од една страна па се прекачува врз мене да се намести од друга страна да цица, па пак се прекачува назад, заедно спиеме на спална, не дава да го покријам со ништо, спиеме на топло ради тоа и ме малтретира успешно секоја ноќ. Уште и брат му ако дојде да легне кај нас добивам бонус клоцање.