Многу немирно спие последните неколку вечери, станува се во 02ч се исправа и стои во креветчето и заплачува, сака да ја земам ја нишкам заспива ја ставам за кратко пак се буди и се така. Ја ставив до мене да спие маж ми го пратив во дневна пак се разбуди неколку пати и некако сме поспале докај 06 и нешто. Кога се буди како настана да е и сака да си игра. А што убаво си спиеше, што ќе правам ако прави и од понеделник така во 05 ипол станувам за работа колку ќе спијам. 20 месеци е.
Со дневни дремки како сте? По колку време и траат? Би требало на оваа возраст да има само 1 дремка. Ако е многу долга тоа би значело почести будења во текот на ноќта,потешко заспивање. Можно е да е поради некоја ситуација во која доживеала стрес. Исто, ако е преморена претходниот ден ќе спие понемирно и ќе се буди рано, сето поради зголемено лачење на адреналин ( не прашувај од,кај знам, истото го поминавме) Друг проблем може да е совладување на нови вештини(учење зборчиња, моторички развој и сл.). Ова се само дел од причините, размисли дали е нешто од ова.
Што знам што би можело да е Одамна има една дремка. Сега заспа околу 10 и сега само што стана. Па баш сега почнува да кажува по некој збор може и тоа да е.
А на 17 месеци што им се случува? Само плаче, вика, нонстоп нешто не и се погодува. Пресоблекување само со вриштење едвај, вадење од корито после бањање исто. Ако не и дозволам нешто исто. Не правела вака претходно до овој степен. Знам дека ја болат и непцата, многу заби вади одеднаш ама не верувам да е до тоа.. Период е да се тешам или вака ќе биде од сега
Кака ок. Некогаш ден за ден, некогаш преку еден ден или два, ама не сум приметила тоа да е проблем. И ќерка ми преташе се превртуваше многу немирно спиеше, ама и ако се разбудеше ќе ја земев и ќе презаспиеше. Многу поинтензивно беше, кога беше во регрес, ама се будеше и презаспиваше по сто пати. Син ми не презаспива. Не може да заспие. Држи очи затворени и се обидува да спие, ама не престанува да прета и тоа трае до и 5 5ипол сабајле. Тој ќе заспие, јас веќе не можам. А не правеше вака претходно. Ова е секој ден веќе 3 месеци. Еднаш месечно ќе преспие ноќ.
10ти скок е, ќе помине за брзо ама во овој скок тестираат граници на најјако така да, кога се треска без врска од земја пробај прво да игнорираш. @Yowannty Баш си барав стари мислења зашто памтам три вакви периоди до 2год. На 22м се будеше во 4 сабајле и не презаспиваше, а неколку месеци пред тоа слично вака како кај вас и помагаше ако се префрлиме во дневна на тросед. Одма презаспиваше. Можеш и со вода да пробаш да не ожеднува, да не е топло, да не се плаши од темница, вакви работи имав забележано кај мојот мада се ова биле периоди, кај вас викаш трае 3 месеци, што знам. Инаку, болат нозе од раст и ортопедот вика најчесто затоа плачат кога ќе се разбудат, додека не се истегнат убаво нека плачат. Тебе второто душата ти ја јаде? Првото ти беше мирничка така?
И ние ова го пројдовме на 20 месеци, искрено ден денес не знам што беше меѓутоа беше исто вака, многу страшно изгледаше како да се мачи постојано. Мислам дека три недели ја држеше, се си викав заби се, ама не беа…
Исто, се исто..денес така ми играше по нерви што го плеснав по газот..од сабајле од 6.30 како е станат не му е погодено ништо...пукнав, не се издржува веќе..
Знам за регрес неколку пати до 2 години, ќерка ми беше посебно вознемирена тој период ноќе, таа и онака не преспиваше ноќ и нон стоп се будеше и во периоди по 100 пати ноќе, ама ќе презаспие за брзо и така ќе тера со будење и презаспивање цела ноќ. Сум немала проблем да се разбуди и да седи будна со саати, тоа само еднаш и се има случено. А сега со ова веќе три месеци ми е рутина, се сум пробала не знам што пропуштам више. Е дека го зборев интензивно деновиве ме поштеди конечно ноќеска. Очекувам од вечер пак турбо. Мирничка рече Ме насмеа. Неам ја сестро слатка искуство со мирнички деца. Мислев второто ќе ме одмори ама само ми покажа дека секогаш може и полошо. Си ќутам сеа и не се жалам, уиграна сум више, поише во слободен пад оти не знам што следно ќе ми приредат. Како сте вие, дечките?
Мамички како ги одвикнавте вашите деца од шише? Се нервирам моево дете е постојано со шишето во рака и цело време пие или вода или сок ама му давам мешано со вода затоа што многу пие ма ден. Сакам да му го тргнам шишето од употреба, дури и навечер ми се буди го бара шишето и спие со него. Да напоменам он од 7 месеци не цица и е со шише и мислам дека му е голема навика.
Па може не си се жалела затоа така ми останало во сеќавање Ние арно, гуркаме некако. Последните недели некако повеќе сум сама со децата и преживувам И почнав во канцеларија на работа да се одморам малку, дома хаос ама па сега мора нешто да страда
Мајка мене кога ми правеше така му ја скратив дремката после градинка. Станува сабајле во 6 ипол, во градинка спие од 12 до 13 часот и после сам си заспива во 19:30 до 20 часот и спие до сабајле. Освен во 3 часот некоја навика за шише се буди и му го давам и пак заспива. Ние имаме проблем со шишето за него се буди и со него е цело време не знам како да му го тргнам.
Ајде совет, бебе скоро 16 месеци ништо не сака да јаде без цртани. Никогаш и не беше јадач ама ми успеваше. Во последно време воопшто, би било гладно цел ден или ептен малку ќе касне... Исто така страшно пребирливо стана,ем што не сака да јаде,воопшто не ни сака да проба некои готвени јадења... Пробувам се,зачинето,незачинето,течно,печено,варено, на парчиња... Некогаш абе нејќе да го погледне,за некој ден истото си го јаде... Основен и најголем проблем се научи без цртани уста не отвара. Помагајте со совети....
Ехеее колку се имам жалено. Ваљда ми здосади или само се навикнав. Еве сум на должност. Тој бар презаспа, јас сеа до 5-6 ќе ја чувам ноќта од будните, или повеќе од заспаните му иде. Иначе ај потаман си наредила. Боље домата да страда него психичкото здравје. Ја така се тешам. Си пркнаа бе. Нек се здрави и живи само. Гушкај.
Мајки, колку млеко треба да пијат деца на околу 18 месеци? Уште сме на ад, ама не станува веќе ноќе и пие по 180мл само пред спиење. Некако малку ми е. Наутро станува кај 6, па се мислам дали пред градинка да дадам млеко. Кравјо пие само во градинка и тоа со бисквити, дома не давам.
Како малку, и тоа е многу. Нема потреба да пијат млеко на таа возраст, посебно е многу лошо пред спиење, ќе заспие ни заби мие, така заспива. Пие и моево пред спиење, така заспива ама многу се нервирам, не знам како да му го прекинам. Се тресе навечер за млекото.
Не мора да пие воопшто млеко ако внесува доволно други млечни производи. Моето има 16 месеци, откако го одбив не пие никакво млеко, ни пред спиење, ни сабајле, дури ни во јадење, не го сака воопшто. Ама јогурт, кисело млеко, урда, крем сир, павлака, кашкавал и сл. си јаде редовно. Дури и во градинка бисквитите со јогурт му ги прават.