Мајки колку пати давате јајце во текот на една недела 14 месеци сме прашувам за варено или пржено јајце не во мафини, палачинки. Јас давам јајце преку еден ден многу сака јајце да јади претежно варено давам и како кнедли во зеленчукова супа тоа два дена едно по друго давам па пауза еден ден па пак јајце дан е многу се мислам.
Искрено не давам често. Може еднаш во неделата да се случи варено јајце со палента или да направам омлет за вечера со лепче. Кога е во градинка, само еден оброк ни останува за дома и затоа е така ретко. Во мафини/вафли/крофнички внесува ама не е нели некој голем процент тоа.
Јас ти се чудам како успевате со еден оброк да излезето од градинка до вечера, моево откако јаде два оброка во градинка дома е живо гладно, дури и за викенд јаде по неколку оброци.
2-3 пати неделно јаде јајце. Генерални препораки се 3-4 јајца неделно дека може да јадат, а некаде стои и дека секој ден по едно може.
Појадок има таму до 8:30 Ручек околу 11:30 14:30 - ужина Дома околу 16:30 давам ужина Околу 18:00-19:00 зависи како ќе стасаме е вечерата И пред спиење млеко. Ужините и се на пример овошје, шмукалче, мафин домашен, сутлијаш, пудинг некогаш и сл. Инаку оброк баш како оброк и во грамажа само еден има после градинка.
Ма моево само меле откако почна да јаде во градинка 2 оброка. Не застанува. Станува и тоа му е на памет, њам њам, и во фиока е брцнат.
Мојот ултра гладен е кога го земам од градинка, оброците од таму не го држат сит многу. Кај нас вака е со јадењето: Станува кај 6.30 со нјам нјам и одма иде во кујна да бара јадење. Јаде банана обично или ако има нерви да почека смути да му направам. Во 8ч иде во градинка, следните оброци таму се по истиот распоред. Во 16ч го земам, јаде ручек дома (некогаш и додека да стигнеме до дома мези нешто) и кај 18-18:30ч јаде вечера.
И мојава е со сите другарче за јадење ама преферирам да има дефинирани оброци, да не е цел ден на грицкање само. И ради тежината и да не меша се што ќе стаса, па да и е лошо. Како е баткото, се навикна во градинка? Едит: не сме ја зеле гладна од градинка. Бар за тоа викаат дека јадат количински. Не покажала знаци на глад. Наутро пред градинка ретко давам да јаде нешто. Или малку млеко ако стане ептен рано. Или банана нешто, бисквит.
Ma јас нејќам да давам, ама бара и плаче, како да не му дадам. Башка иде отвара фиока и си зима, ај тргнав ама па греота ми е да му бранам јадење на дете. И си јаде, и мезиња и оброци. Не напредува убаво и може и затоа давам често.
Секој ден. Некогаш ќе изедат едно никогаш помалку ама обавезно еден оброк имаат со јајце само во различни комбинации.
До сега брзо го правев овој рецепт на бебе готвач Повеќе течност треба само. Некаде од после 13 месеци почнав стандард како за нас да си варам, со кравјо млеко со тоа што избегавам за неа да ставам шеќер. Млекото го разредувам со вода. @AngelOfArh , кај мене воопшто не е слаба. Сака се да проба. Инаку пример пред некој ден изеде шмукалче за ужина, значи 100 гр. За вечера повеќе од 170-180гр не можеше да изеде. Пред некој ден, јадеше портокал за ужина, па вечера изеде повеќе. Некако не и е малку храна. Кога ќе виде дека некој јади, сака да проба, ама не пак дека на секој час може количински да изеде јадење.
Леле и мојот како Ангел, после градинка се е гладен и само меле нешто. Оброк има еден, вечера околу 7. Ама по пат накај дома јаде бисквити, смоки, кифлички, зависи што имам земено. Дома каснува малку од нашата вечера обавезно, не влече за нога кога јадеме и плаче. Се мислев да не му е малку храната таму, ама баш прашував рекоа ептен убаво си јадел, ретко му останувало. Не се жалам јас убаво ми е што си јаде, 9 кг стана од ротата
Јас му давам од тие италијанските, мислам ги нема мк. Ама кога сака од други деца да проба секакви не бранам, само за дома не зимам со додатен шеќер
Зошто се толку нервозни децата? Мојава е речиси 20 месеци ама многу нервозна е. Некогаш ништо не и е погодено. А најадена, наспана, чиста пелена. Еве некои секојдневни примери. И велам ајде да ги чешламе куклите ќе ми рече да. И јас ја земам да ја чешлам и таа почнува да пишти не нее. Се тргам. Престанува. Потоа ми покажува пак накај куклата ја земам пак вришти ја прашувам дали сака таа да ја чешла вели да и ја давам пак пишти се нервира. Или зошто мм поминал и ја наместил завесата пишти да ја врати како што била. Во тие моменти најчесто лај мене во рака или скутче сака да седи и се и смета. Некпј ако и прозбори или пробува да ја залаже да ја заигра се љути и кажува дека не сака. Исто денпвиве голем проблем имам да и облечам алишта некогаш плаче пижамата да и ја оставам и тоа е липање плачење трескање од земја. А најтешко ми е за во градинка сабајлечки истото ми го прави. Не дозволува. Па ќе се размрсулави од плачење. Некогаш многу отпор дава и не можам да ја пресоблечам и ќе се откажам. Ни со лажење,ни сп убаво зборување ни со игнорирање никако не иде.
Сестро златна, и го уништив животот оти излегов пред нејзе на врата. Она требала прва да излезе. Абе јас се расплакав Сабајлево збесна по јајца, она да праела ајде цела кујна направи лом, на крај не ни јадеше Иначе од тогаш, од 20 месеци до сега, 2г и 4 мес имаше еден мирен период. Беше многу послушна и фина околу вториот роденден, така да сакам да кажам најверојатно ова ќе помине ама спремај се за полошо. Од мое искуство