Ние за еден месец ќе правиме две години и баш чудно ми е што матичната го остави на Д3 со омега на бејбитол. И мислам дека тоа е малце, а она ми вика дека е доволно. А претходно пиеше Д3 и Д3 со омега. Малце ми е чудно зашто го прекина.
Баш убаво што не потсетиии @Freckles. Еве не и нас, една недела веќе одбиени од цице и да ви кажам позитивни промени видов од одма и многу се радувам, иако со тешко срце ја одбив ама мораше, забушаваше со јадење кога сме дома и со мене и крвната слика и ослабна веќе и пресеков. Сега е како дупната кога ја земаме од градинка, мислам и нас ќе не изеде, друго позитивно па тоа знаело да се гушка така слатко ( претходно цицето гушка и беше) и со татко и уште повеќе се гушка, спиењето да не го заборавам и тоа има мнооогу разлика исто, иако два дена имаше плачки сега веќе може да се каже дека спие. Вакцините сите по пропис, само мрп ја каснеме ама ќе ја ставиме кај и да е, да се потстопли уште малку. Зборењето е таман нема некој кој знае колкав фонд, ама тие што ги има сега ги врзува. Многу се интересни сега срцки се
Како се одбивте? Сакам и јас, ама не знам како. Со какво млеко продолжувате после одбивање и по колку давате?
Дојди да се гушнеме, никогаш не било моево нешто по јадењето ама веќе 10 дене со сила бутам цврста храна, само на млеко да ае било плаче за млеко се корне....излудев
Исто и јас, моето така се превртува кога има некој проблем или не е какано дента или ќе се разболи и си знам за ден два ако не е со какање проблемот, ете тт и мрсули
И моето е 20 месеци и исто беше до скоро ја мислев дека веќе нервно ќе попуштам, жива ненаспана а работа те чека, башка после работа и дома истото
Јас не сум во августовската група, ние сме јулска но ве знам сите и драго ми беше пак да ве прочитам друштво. Ние сме на адаптирано млеко, нејадач....само грицкање на разноразни глупости ама одни не му дади во воздух ќе те крене и од градинка кога го земаме ако нема од солените стапчиња со зачин вреска до дома цела населба не слуша. Со вакцините сме точни оавен МРП ама таа малку покасно, во моментов сме со варичела и господ го видов првите 5 дена со неапиење и чешање. Инаку збориме доста за возраста, повторува се што ќе чуе како некое старо-мало. Срцки се најубави ако маста ни ја вадат!
Пошто е педијатар, прашај си ортопед најдобро. Јас не давам само летно време кога се минимум 1 саат на сонце. Џабе е лето ако не ги фатило сонце.
@Rtulka со помин нека се, ај објасни дека не смее да се чешка. Души мали. Стварно убави времиња, да си се дружиме и за следни дечиња. Јас испрашав ко полицаец, а не дадов одговор хахаха Моето уште цица, ама си сака и да јаде. Кој како седне да јаде он одма њам њам и се мести до масата. Сакам да го дојам до 2 години, а после да прекинам зашто морам на операција, која не е итна, ама не е за одложување многу . Што совет би ми дале? Да го дојам и да се одбие додека сум таму тие неколку ноќи? Со вакцини мрп нема примено, а превенар и дтп ревакцината не ја ставаат без мрп. Не ми се боцка сеуште, зашто послабо зборува. Мал фонд на зборови има, а далеку е од сврзување два збора. Дa се јави и @TheGoldenPeach
Немаше кај нас намалување подои зошто беше невозможно, се беше обесена на цицка и наеднаш пресеков. Првиот пат ставив сенф и кога виде не ни проба само ме гледаше со тажна фаца и со прстето на кај цицето као да се тргни цел ден шетав со сенф гола после вечерта план ми беше ако се запне да ставам пак сенф, и баш таа вечер крена темп и не беше во елемент заспана беше па полесно поминавме со водичка замена, е втората ден со зелката се лажевме, ќе и ја покажев и викав ја боли мама цицето и ќе виде нема брадавица и така цел ден по незнам колку пати проверуваше. Е втората ноќ беше оф леле мајко, ама помина и не и давам млеко замена навечер со вода ако стане и давам, зошто преку ден си јаде млечни производи, а и крвта слаба и е па не ми се дава млеко и супер сме вака. Бараше и наредните денови ама со зелката се вадев и еве сега денес е 9 ден и може да се каже дека веќе не проверува. За заспивање и презаспивање се плашев ама заспивањето го решивме со гушкање и шумишот и пуштам класична музика, а презаспивање ако стане водичка и пак гушкање. Абе гушкалче знајш какво ми стана детево
Мене толку ми е стресно ова одбивањево. И јас сакам вп скоро време да ја одбијам. Ама се плашам како ќе ја заспивам таа и општо многу тешка е за заспивање и мпраж упорно да и давам да цица и накрај ќе се успие инаку многу отпор дава. Е сега без цицање како ли ќе биде. Друго прашање, од млечни производи се чеша и излага како лишаи, не знам баш дали уште за атопичен станува збор. Ама од чешање рани се прави. Кога ќе ја одбијам како ќе биде? Тетрапак не може да пие и општо кравји производи, значи ни млечни нема да внесува. И купувам кашкавал, сирење козјо ама не сака тоа, не јаде .А јогурт, павлака не сум видела козји.
Аии што убаво присетување, добровечер на цела екипа. Со јадење не можам ептен да се пофалам, јаде доста работи ама количински не е некој јадач. 19 месеци и уште нема 10 кила, стандард за ова си се жалам, кај е @JuLleE да ме теши? Инаку уште цица, од 6 месеци остана само на лева града па брадавицава лева комотно може два метри екстензии да достигне. И моите планови се до две год да цица ама како ве читам дека дупло јадат по прекин на доење ме подзамисливте? За одење оди, трча од 13 ипол месеци, а за зборување е дрдорка невидена, ко старо збори. Од годинката почна со повторување на зборови, а сега веќе кажува реченици и до 5 збора, сите песнички знае да ги пее што и ги пеам јас и брои до десет. Ама затоа и кавги водиме, ој па опрај се. Вакцини уште дитепер и мрп ама периодов е со вирус некој, здравје да оздрави па да боцкаме. Следни мешковци планирате? Ние не баш, мм ко шо вели епа неам 4 раце, ќе почека. И то.
Јас добив идеја од мајка ми со маргарин и кафе, таа така не' одбивала. Најмногу ме плаши тоа заспивање и призаспивање што секогаш е со цицка. Не сакам и јас многу на млеко да ја навикнувам откако ќе се одбие, си јаде и мојата други млечни производи. И преку ден не и даваш млеко? А твоето млеко како намали? Имаше ли со тоа проблеми?
Ние со доење престанавме на 17 месеци. Лесно за среќа некако природно дојде Со јадење супер јаде се, само не знам кога треба да почне сам со лажичка/виљушка да јаде? И како да го научам? Вакцини примени сите освен МРП ама за кратко и таа ќе ја ставиме. Со зборување добар е знае да каже што сака ама не спојува две зборчиња освен ,,ајде дај" ова го кажува додека јаде за да му даваме следен залак.. ама пробува многу нови зборчиња да кажува. А навистина август тој период колку голема дружина сме биле
Мојава нема МРП примено, ама со дитепер ја боцнав сега пред две недели. Во април планирам превенарот, па здравје мај и МРП. Зошто кај вас неможе така? Мене ми викаа тука со сите 3 да ја боцнеле одеднаш, они да си завршат работа, ама јас не дозволив
Не и давам млеко и преку ден, единствено во некоа каша и тоа без лактоза ние и со интолеранцијата имаме проблем. A моето млеко полека се одмолзував кратев јас подои колку да си ги олеснам градите не скрос до крај, еве сега уште имам тешкички се ама не продуцира веќе изглеа толку не ми се стврднуваат така и грутки не ми се прават. Ќе видм до кофа вака па ке тркнам да ме зирнат, сакав природно страв имав од тие апчињата.
И мене ми викаа така ама и јас ги замолив МРП да ја одложиме, среќа не ми правеа проблем инаку ќе требаше да се карам и да си излезам Многу бе така 3 вакцини оддеднаш особено па со МРП не ми се ставаше..