Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Мене ми даде докторката да потпишам дека не сакам три наеднаш, напиша мајката одбива :D за нареден пат да размислам ми рече.
    Очекуваат морбили да почнат да се шират и кај нас веројатно затоа..
     
    На jelo и V.N. им се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.589
    Допаѓања:
    8.606
    Пол:
    Женски
    Читајќи по коментариве само јас ли ја имам ставено мрп? :) од таа екипа
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    4.940
    Пол:
    Женски
    Моето нема ништо примено освен 2 дози рота, цело време или е анемичен или настинат, во вторник сакав да го носам на вакцина пак ми рекоа да почекам, еве го сега нос му тече и кашла.
     
  4. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    Искрено не би ти препорачала да го одбиеш додека си во болница. Се стврднуваат гради, болат, па одмолзување, може температура да имаш, грутки. Поради тие причини можеби е подобро пред да идеш на операција да го одбиеш. Можеби лесно ќе поминеш со градите, ама не е за ризикување, сепак правиш оперативен зафат.
     
    На Freckles. и V.N. им се допаѓа ова.
  5. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    3.998
    Се извинувам што ќе се вмешам во муабетот, а ако ги ставиш сите три наеднаш, докторката ќе потпише дека превзема одговорност ако нешто се случи после примена на сите вакцини заедно? Сигурно не! Паметни се прават (facepalm)
     
    На H.VAGA, Rtulka, Coco31 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    2.157
    Пол:
    Женски
    На тема одбивање, на 16 месеци ја завршивме доенечката приказна.

    Можеби уште малце ќе продолжев, ама цел месец висеше на града пола ноќ без да призаспие, што не било случај ни кога беше новороденче. Ајде јас што бев гроги секое утро, ама и тој ненеспан и решив да пресечам. Се погоди баш тогаш да треба да одам на пат 5 дена и ја искористив приликата.

    Од 11 месеци до годинка цицаше три пати дневно - сабајле, кога ќе се вратев од работа и пред спиење. После го скратив подојот после работа, еден месец теравме така па го скратив утринскиот подој и остана само тој пред спиење (некогаш цицаше и ноќе кога ќе се подразбудеше ама кратко, колку да призаспие).

    Првата ноќ кога бев отсутна, си легнале со татко му на спална и заспал без проблем. И спиел цела ноќ без да се разбуди. Следните денови исто. Кога се вратив воопшто не побара да цица. Кога му дојде време за спиење отидовме во спална, се навали на мене да се погушка и за кратко си заспа. Тоа мислам дека беше прв пат да се гушка така со мене.

    Тие неколку денови додека бев отсутна се измолзував за да немам мака со градите таму и затоа што не знаев како ќе реагира малиот кога ќе се вратам. Мислев дека ако плаче да цица дека нема да можам јас да издржам да не добие, затоа што си набив грижа на совест дека го оставив 5 дена. Ама ме пречека насмеано бебенце и си реков тоа е тоа, доста е.

    Во однос на исхраната, мојот си е гурман секако, ама дека не пие млеко пред спиење (т.е воопшто не пие млеко никакво, не го сака) сега сабајле станува гладен па одма бара да јаде.

    Откако официјално решив да го одбијам, првата вечер ептен ми се стврднаа градите, па сабајле одмолзив малце рачно, колку да ми олесни. Цел ден чувствував како жештина некоја, па се напив парацетамол. Вечерта не можев да спијам од што ме болеа градите и ми беа многу тврди, па решив да одмолзам пак малце ама со пумпа. Е тука направив грешка, затоа што така пак почнаа да се полнат и ми се направија грутки сабајлето. Ставав ладни облоги и масирав да се разбијат грутките. И веќе решив да не одмолзувам. 4тиот дена престана да ме болат градите, а следниот ден почнаа да омекнуваат по малце. После 8 дена веќе скроз омекнаа и така заврши приказната :)
     
    Последна измена: 29 март 2024
    На Lina-Detelina, Rtulka, Secret-Angel7 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.224
    Допаѓања:
    111.467
    Пол:
    Женски
    Како успевате да намалувате подои не знам. Абе бара, иде и ми вика Мемеее, дај меме и раката ми ја зима ми ја става на гради. Ако му е достапно и сам си зима, вади цицка. На ум сум сега за Велигден да го одбивам.
     
  8. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Јас за одбивање само се предомислувам, јадеше многу убаво зеленчук, месо, сѐ ама откако почна да јаде во градинка дома забушава и почна да плука парчиња. Ќе го џвака и ќе плукне. А во градинка ми викаат дека убаво јадел. Ако е фаза ова ќе почекам, ако си јаде убаво нека цица додека се одбие сам ама ако не јаде убаво ќе мора да прекинеме.
     
  9. TheGoldenPeach

    TheGoldenPeach Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2015
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    3.797
    Пол:
    Женски
    Дали дечињата ви спијат веќе на перниче? Мојата уште спие на рамно и мислев така да си тера дур не побара ама деновиве е настината, кашла и поубаво спиеше синоќа ко и ставив под главче. На мисла сум да купам, какви перничиња им земате?
     
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.761
    Допаѓања:
    38.717
    Пол:
    Женски
    Никако. Две полни има.
    Не знаеш каков љубител на цице е. Не сакам насилно да му ја скратам таа убавина. Да има лош спомен(иако не памтат нели)
    Пробав да намалам подои и тоа се намачкав со кармин- безуспешно, чипс Такис:x- продолжи да цица иако ну лутеше и лимон- му беше слатко :)
    Ќе почекам, бар да му објаснам со малку разбирање дека нема да може повеќе да цица.

    Туку, има некој вирус само со тт?
    Ништо друго не се жали. Само тт 38.2,3
    Ама цел ден така стои, веќе го турка, морав да дадам сируп.
     
  11. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    15.869
    Пол:
    Женски
    Мојата има бебешко перниче, речиси рамно е, ама се и е некако бутнато на страна а не под глава :)
     
    На TheGoldenPeach му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    2.628
    Пол:
    Женски
    Никако неможеше кај нас тоа и пресеков наеднаш. Како растеше така се повеќе беше обесена дење-ноќе, на изволте си ми беа надвор, сама си ја дигаше блузата. :x
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.720
    Допаѓања:
    7.714
    Пол:
    Женски
    Инает е или да барам совет од лекар?
    Значи знае ако и се соблече чорапче, да седне и да проба да го облечи, сортер и коцки реди, си зема храна на парчиња дадена сама, разбира команди од типот дај ова, она. Кај е куче, маче, мама, тата и слично.
    Веќе кажува 10тина зборчиња и слично.
    Е проблемот е што пола од времето на име не се врти. Тек ако "ја карам" па воопшто, ни име, ни ништо.
    14++ месеци. Крајно име да менуваме ако не друго :)
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  14. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    15.869
    Пол:
    Женски
    Исто!
    Ако најдеш чаре кажувај. Ама јас мислам дека е инает
     
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.720
    Допаѓања:
    7.714
    Пол:
    Женски
    Кај мојава искрено мислам дека е тоа што ретко по име и се обраќаме, се некои надимци, кој како ќе стаса.

    Не дека не си правам филмови дека има некој недостаток ама кога знае ако зачека далечинско од ТВ да дојде, да ми го подаде и да каже Кап Кап, за песни/цртани да пуштам на Тв, не па дека и е тешко да запамети како се вика.
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  16. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    6.012
    Чаре е да не викате по нив нон стоп :D
    Посебно не кога седите до нив или кога се занесени во нешто. Викајте ги само кога навистина имате нешто да им дадете или кажете. Не водат инает него ве игнорираат зашто кога пречесто ги викате и без причина мислат дека е небитно да се свртат.
     
    На H.VAGA, Rtulka, Mother of 2boys и 4 други им се допаѓа ова.
  17. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.190
    Пол:
    Женски
    Како се изнасмеав за такис, тие ни јас не можам да ги јадам :D силно дете е тоа
     
    На Freckles. и LaDyDoLl им се допаѓа ова.
  18. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.388
    Допаѓања:
    15.869
    Пол:
    Женски
    Хахах и ние исто секако ја викаме, а по име најретко. Секако знае како се вика ама тешко и е да го каже името, а она ако не се чуствува сигурна не го ни изустува зборот. Па ние демек да и олесниме на сите цуце, муце, буце, маче, куче...уште скратеница од името демек сама да си кажувала (facepalm) инаку кога ќе ја викнеш за надвор од прва слуша ;)
     
    На Freckles., Miss_S и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  19. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    2.164
    Пол:
    Женски
    Мајки, 15месеци прави бебуш утре, абер нема од проодување. Никакви дубаци, џампери не користи, си лази, се исправа на мебел, си оди со една количка од соба во соба исправен ама никако не се пушта. Мислите дека доцни или уште има фора за да прооди без да одам панично на ортопед?
     
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.275
    Допаѓања:
    50.879
    Пол:
    Женски
    Ќе се пушти наеднаш ќе видиш.
    Ќерка ми некаде на 17 месеци прооди и тоа наеднаш, а не се научи да лази никако.
     
    На Secret-Angel7 и Rtulka им се допаѓа ова.