17 месеци е уште не е преоден. Оди по мебел од 11 месеци, си се крева сам без да се држи никаде, вози мотор низ цел стан сам и си се качува и станува од него без да се држи, се качува на едно негово столче до горе и се симнува, дава 2-3 чекори од место до место, стои сам во место и до 1 минута. Ова сето го прави со месеци ама ете не се пушта. Почнав да се нервирам и јас веќе ама не форсирам ништо. Криво ми е што го гледам колку е спретен и телото му е оддамна спремно ама ете изгледа мозокот не му е
Јас така сум проодела после 15 месеци.. а не сум лазела. Штом така со количка си ја бутка сигурно блиску е, јас би почекала уште неколку недели па ортопед
Немаш простор за грижи. Ортопедите сметаат до 1,5 нормална возраст за проодување, со толеранција до 2години. Првото дете не лазеше и заоде одеднаш на 15 месеци и тоа стабилно од прв ден. Второво лази, струја е, се исправа, оди по мебел, се пентари, ама од одење абер нема. И самиот ортопед ми кажа на последната контрола дека најверојатно подоцна ќе прооди зошто има многу еластични лигаменти.
Проодени ги сметате кога комплетно сами се движат? Пример, ќерка веќе некое време каде што има можност се држи, каде што нема за што да се фати си оди сама. Некои 10-15 чекори ги прави. Ама сеуште не е ослободена за скроз сама. Или да стане од земја и да тргне.
Ко стана од земја сама да оди ја рачунав за проодена. Околу месец од првите самостојни чекори. Ама си давав колачиња уште првиот пат ко отиде од мене до мм ко шатка
Од кога почнавте со една дремка дневно и колку трае кај вашите малечки? Ние вчера и денес ја закаснивме по еден час ипол подоцна, па денес уште со саатов сменет секако, и сега сеуште спие, за втора не би имало време. Инаку спиеше еднаш од 13ч до околу 14ч +- некоја минутка и еднаш од 17ч до околу 18ч. Вчера спиеше еднаш час и половина. Ноќе спие 12ч. Доволно е вака? На 5ти полни 14м.
@shz @Anturium @LizzyGrant @Ano фала мајки, ми требаа вакви мислења да смирам душичка. Башка дополнителен притисок ми направија и бабите и дедовците со нивното "до година мора да прооди и во теретана тегови да крева". Ќе си оставам да му дојде само, по негово темпо!
Само што направи година има по една дремка. Освен кога оди на преспивање кај баби, таму го легнуваат 2 пати (мал бил за со една дремка). Инаку сега е 15м. Станува 6-7, спие од 12ч до 2 (+-). Легнува 8ипол.
На 19 месеци ги фаќа некое лудило? Последниве денови е мнооогу немирен, ништо не му се погодува, само ,,команда" по дома, ако не му исполниме некое барање одма бес покажува со мавање глава од земја... прават вашите вака? Дали полека ме подготвува за terrible two? Не беше до толку немирен. И ако има некоја совет како да го одвикнам од цуцла би ми бил добредојден, ја сакаше само за заспивање ама последниве денови и денски ја бара Дали можеби 5ки ќе му излегуваат што е ваков или рано е? Останатите запчиња сите ги има.
Ние на 2 години ја дадовме на мачето. Тоа ми е совет од другарка. Плачеше 2-3 дена, одеше кај мачето, ја бараше ама ја заборави набрзина. Сеа ко ќе види цуцла вика "не сум бебе"
Само што ставив маргарин и кафе на цицето и и покажав дека е "какано" (не сакаше ни да се прибере), ми се јавија за Превенар за утре. Се измив и наредно кога побара и дадов да цица, бар и вакцинава да ја поминиме со цице, полесно. Мислите дека наредно пак ќе ми успее триков или ќе знае дека пак може да се измие? И реакции после превенаров кои сте ги имале?
Леле драгааа како ме врати назад две години, која екипа беше тоа Мојата е многу смешна. Трча,оди,збори,пее. Мирно и мило е веќе бебе/дете )) пребрзо ми проаѓа времето, ама сега ми е ептен интересна. Е сега слабо коса и расте а пукната е за Епче ( репче) па нешто импровизирам со тие неколку што ги има на глава Оди во градинка, многу е среќна таму и се дружи со децата и е гооолема лапачка. Носот и е во континуитет затнат од градинка, ама се држиме некако и ретко отсуствува. Поздрав до сите јули/ август банда 2022
А на 20 месеци има некој скок или нешто слично што го пореметува спиењето? Многу тешко се заспиваме во последно а ништо не сум сменила.
Убава банда си бевме, а сега ни се децава без команда Што попрво дома коа ќе стигне човек. Моето не цица, се одби само таму 7 8 месец, јаде, оди, не збори. Вришти... Се мази ептен е маза. Јадеше се супер, ама откако го откри чоколадниот вкус пребира ептен. Вакцини примени со ред освен за сипаници.
Здраво, некој совет за полесно заспивање, секој ден мака мачиме да заспиеме пред 23ч абе душа ни вади нејќе да спие. Дневно има една дремка од 12-14ч (2часа) ама навечер се мачиме со заспивање. 22-23-24ч некогаш не фаќа.
Моето има една дремка исто 1-2 ч ама го носам на спиење секоја вечер околу 8.30 ако не фати покасно потешко заспива веќе зашто е преморен.Многу е касно 22.00 ч за нив, пробај порано да го заспиваш околу 20.00ч
заборавив да напишам има 18 месеци и е многу темпераментен. се е пробано нејќе да заспие последниве две недели пред 22:30 абе живци искинавме, не знам каде грешиме
Синоќа ставив прв пат едно ама тенко колку еден прст и меко нормално. Пред тоа настинат го ставав на перницата за доење. Ама си сака да си спие на порамно. Не да е цицољуб... Мада добри сме, никнаа и доле четворките и намали. Дење само, ноќе си спиеше, ама си дојдев ли од работа се на мене обесен. Ако се замараш за ова за ќотек си. Ај остај детето, исто е и моево, кога не му е по ќеф не се врти. Кога му е по ќеф се врти и ми се кара зошто му го реметиме редот. До годинаипол толерираат. Моето од 10м се движи по мебел, ама прооде на 13, кога се пушти асално скроз тогаш го рачунав за одење. Од пред годинката сменивме на 1 спиење, ама спие кога е дома по 2 до 3 часа кукурек. Сега во градинка знае да му е малку спиењето па дремнува некогаш попладне, ама ретко. Понеделникот дека се му е пореметено уште отспа кратко од 19.30 до кај 20.30, поседе пола саат и заспа кукурек во 21 до сабајле. Вообичаено во 20.30 заспива и спие цела ноќ со едно будење за цице. Мајка изгледа пак фати мастит, сега и официјално се одбиваме, не бива, нон стоп на цицка не бива веќе. Ќе пробам сама без драстични методи, само со сенф, ако не бива за Велигден здравје ќе го оставам на баба да се одбиеме. Знае и сега ако побара а не сакам да дадам да му понудам водичка и се смирува некогаш, некогаш не. Ќе нудам вода, па ќе видиме.