Ние повторно со антибиотик. А пред една недела го заврши. Во сабота попладне од нихде никаде температура ми качи 39, и почна да поткашлува. Неделата цел ден кашла поинтензивно и со тем. која се симнува со сируп и пак вовнува после 4, 5 часа. Бевме во Козле вечерта, покачени леукоцити и гран. и црп 50.. Ни дадоа само амоксиклав. Еве овое денови има тем цело време 37.4-37.8, ама кашлањево место да поминува станува полошо, плус и со мрсоли. Ќе го носам кај матичната вечер, пошто не поминува кашлањево, туку поинтензивно е. Апетит нула, само на смоки живее. Сакам да давам електролити оти ј течности слабо пие па од кои сте позадоволни. Изгледа ќе паузираме од градинка некое време. За еден месец два антибиотика пие.
и моето е 19 м, цело време е турбо активно, нема газ да седне, ама навечер во исто време го носам на спиење, гасам се, и заспива.Го носам во скроз темна соба, без лампа, тв или било што друго да му одвлече внимание.Да не спиете со светло или тв?
Знаеш дека штом се вратите во градинка исто ќе биде, така? Јас би давала нешто да го зајакнам и штом оздраве враќам. Малово е поиздржливо од брат му, за 2м само 3 дена има отсуствувано, ама си давам витамин ц, молерс, д вит и пиковит пошто не јадеше па нека попие уште малку пиковит да не ми прекине сега со јадење таман се разјаде.
Д3, молерс давам цело време. Пред градинка еден месец почна да пие well baby сируп, по препорака на матичната. Наутро сркогаш имаше оброк житарица со овошје, ужинки овошје, шмукалки, смути...цело време гледам здраво да се храни ама ете..
Препарат за имунитет се пие долгорочно, минимум 3м. И ние сме исто, здрава храна, овошје јаде многу и тоа често, едина разлика е што ете пие Пиковит брат му што не пиеше, брат му Дефендил почна дури после 2г.
Дај кажете како да и дадам витамини никој не сака да ги пие ни д3 ништо. Веќе 2-3 дена ништо не и давам не сака уста да отвори.
И кај мене имаше период кога не сакаше д3 па почнав со финти Во чашка му ставав ептен малку сокче или водичка значи една готка буквално и му капнував д3. Обожава сок (ама не му даваме многу, само помешан со вода ) па затоа ова кај нас успеваше.
јас со доручекот му ги давам на лажичка капнувам д3 капки и прашокот со пробиотик му го ставам во кашата исто одозгора не го размешувам многу за со сигурнсот да го изеде.
имавме рутина да заспиваме во дневна со угасено светло и на тв пуштено јутуб успивни песни и шише со млеко во рака, после тоа заспивавме во спална гушнати исто со млеко во рака... сега не сака ни таму ни таму
тоа му одвлекува внимание, пробај скроз тишина и скроз темна соба, без млеко, нека вечера или нека го испие млекото па однеси го на спиење,нема што да прави во темница ке заспие.
Арно ќе беше да беше само д3 и другите витамини не сака да ги пие ни за железото. Све пробав ќе упали неколку пати после иста песна пак. Сите ли витамини може да ги пробам со вода? Што знае дека витамини и давам не сака со мене ни вода да пие.
https://kegishoes.com/производ/bebe...J6G9235PBSBmELe8XyFssyFkXnvf9CgQO7rUbJrKNq57Q Дали овие се добри за проодување?
Не било мастит жени, блистер било. Го дупнав, го исчистив, исцица и сега се дише. Се смири болката. Ама ќе мора да ставаме крај на доењето, иако не сум спремна некако бе... Не дека ме допираат муабетите, али премногу почнаа коментари како Доста му е, одвикнување го, голем е...
Кај мене па обратно, јас сакам да го одбијам зошто ми е веќе преку глава, помини замини а ме види седната одма ми се качува во скут и се мести за цицање. Ноќите ни се благо речено хорор тоа станување по милион пати, у најдобар случај 3 пати станува за цицање.. ама па бејби некако не се дава бе, пробав две три вечери да не му дадам абе вришти заоѓа.. со бато беше топ, решив дека е крај и вечерта не му дадов ама он немаше гајле бе, проба неколку пати ама сфати дека не попуштам и си легна на брашното па ќе ме гушнеше и ќе заспиеше.. а со ова што ќе правам не знам.. кажувајте идеи
Има ли крај на лудилото да се плаче за се? Плаче ако не му се даде нешто. Плаче ако му земам нешто. Плаче кога влегуваме дома. Плаче кога менам памперс. Плаче кога неможе да направи нешто, а решен е да направи. Детето буквално плаче и се треска од земја за се. 18++ е.
И кај нас е исто. Стискам заби и се трудам да имам најголемо трпение ама мислам се во мене врие. Ваков стана од кога тргна во градинка и од кога се разболе еден милион пати овој месец. Да не има некоја промена па доживува стрес? Се надевам дека е период