Јас мислам дека им е период и не е поврзано со градинката, еве моево оди од октомври во градинка ама сега периодов е ваква иста како што пишувате, исто е 17+++. Поготово кога не е наспана убаво, ни дома ни надвор не и се погодува ништо. Пример сака по скали цел ден да ја држиме да се качува симнува и ако ја тргнеш одма драма, пресоблекување само со плачење, итн...
Гледам дека сите поминуваме низ исти работи..јас искрено почнав да се загрижувам, секакви мисли ми поминаа низ глава. Значи многу е напорен и ништо не му е погодено. Сега па како е болен, сака да се држи ама да висиш, оти ако седнеш и тоа е драма, викање, лутење. Кај нас стана таков откако тргна во градинка мислам...таму е многу мирен, ама после дома маста ни ја вади.
Може така се поклопил периодот ама ете кај нас со тргнувањето во градинка се смени тој малку, и после рота кога фати не е истото дете сега. Кога е болен е стандарт лигав и во раци само од секогаш, смс ете сега здрав е и се едно нешто е со плачки, вришти на цел глас за се и некогаш не можам нештото да го завршам и по цел саат. Пример за да сменам памперс треба едно сто пати да го земам, смирам или заиграм, а некогаш беше 2 мин работа ова Велат мирно бебе лудо тодлерче, кај нас изгледа ова ќе излезе вистина. Страв ме фаќа. Ако уште сега има 30 тантруми на ден што ќе се прави понатаму не знам
Мајки ајде една утеха, бидејќи незнам совет дали ќе помогне . Госпоѓицава е скоро година, храна јаде со молење, стигнавме до 1 доење пред спиење а таа од течност пие до 200 мл вода. Сок не сака ,млеко никако. И првата ми е таква се е со сила, максимално 1 200 мл а 4 год е . Се нервирам , деца пијат и над 2 л течност.
За одредена килажа потребно е одреден внес на вода дневно, кај возрасен човек од 80 кг треба внесот да е два литри дневно, не кај дете од 15 кг. Децата дневно максимум 800-1000 мл вода треба да пијат, доволно е. И 500мл вода е доволно. Секако дека е добро да се внесуваат течности, ама и да се претерува не е добро.
Малава ни 200мл не пие , околу 10 кг е . Се е со молење , и со јадење и пиење. Истоо се како со првото. Хаос .
Малово има скоро па 17 месеци. До пред некое време си спиеше убаво и престана да пие млеко преку ноќ. Што му стана не знам, се буди по два пати со викање и бара млеко обавезно, до што може да е, од каде ваква промена или период е? Ама некако периодот подолго му трае. Се нервирам веќе, жива ненаспана сум.
И мене, додуша за големото, ама ќе искористамс итуација да прашам која беше докторката орл карши Јосип Броз средното, колку чини преглед и дали лесно се закажува.
И јас барав ОРЛ, матичната ми ги препорача Македонка и Александар од Систина. Докторката карши Јосип Броз е Мирка Шалиќ - ординација Интегрин 2, јас кога барав пред 2 недели ми кажаа дека пополнети се термините за 2 месеци однапред. Моментално сум на листа на чекање кај неа, ако се ослободи термин да ми се јави. И нагласив дека сакам приватно да си платам, ми кажа ама сепак нема термини. Инаку ми кажа на 5ти април се отвараат нови термини на мој термин, денес проверив баш, до крај на Мај се беше закажано.
Од утрово немам дадено да цица. Не планирам ни вечерва. Цицаше од една града, од другата се одби сама. Градата ми е полна млеко, грутки и цврста. На допир ме боли. Ставив зелка. Дали требаше да земам апчиња? Што ако развијам мастит, дали да и дадам за да се испразни? Или ќе се среди и вака?
Мајки, Од понеделник сабајле сме со тт која иде до 39. Нема мрсули ,не кашла ,денес крвна слика сите вредности во нормала. Од што може да е? Ми рекоа ако продолжи тт брисеви да правиме. Цела е омалаксана и нека да јаде.
Освен брис,jас би проверила и крвна слика и урина, можно да е уринарна инфекција штом не манифестира симптоми на настинка
Крвната ја проверивме добра е. Ке видам утре имало некој брз тест за стрептокока во Биотек а ке видам и за урина. Има некој искуство со брзиот тест за стрептокока ?
Леле ти љубоморам. Мојов би цицал нон стоп. Синоќа викам ај не му давам, кој бе, плачеше 3 саати. Сабајлево стаив сенф, си го излижа и си продолжи да си цица. Ќе пукнам, како ќе го одбијам ова дете не знам.
Испразнувај ја колку да ти олесни не до крај и масирај ги грутките под топол туш. Вака правев и за две недели ми се регулираа градите без апчиња. Зелка ден ноќ носев и обв тесен прслук
Мајки хелп. Крвна слика повторена ,се е во ред. Брз тест за стрептокока од грло негативен. Тт продолжува упорно трет ден до 39. Омалаксана е ,неќе да јаде. Само пие сокови Грлце е црвено малку. Ни рекоа да почекаме резултати од брис во нос до петок. Реално ме фака страв дека само лежи и тт има цело време. Да инсистирам на антибиотик ? Не сум паметна.
Почекај, може е некој потежок вирус. Инсистирај на течности, не форсирај храна, за храна ќе пробуваш после сируп кога ќе почне да паѓа температурата. Купи и различни сокчиња, оние на Јана со цуце, со цевче, нешто може ќе испие. Пробај со квики, соленки, крекери, нешто што ќе ја ожедне. Мојот бил и по 10 дена со температура од аденовирус, без антибиотик сме поминувале освен ако не закачи нешто бактериско. Идете на контроли, па по потреба ќе се вклучи антибиотик. И провери урина.