Хмм, па не знам, јас му лепам таква и одиме кај докторката, таму ја вадам и директно во лабораторија. Пола саат од прилика стои. Може дека девојче, па се разлева или не знам уствари што било неуспешно.
Се разлева да, кај машки е полесно. Нејсе....тт може да држи и долго а? А може да е вирус па да е уредна кс?
Пробај убаво да ја залепиш, земи повеќе ќесички. Доколку со една не ти успее да ставиш друга. Од прва може не, ама се фаќа, само упорност треба. И од чашките за мокрача помалите, како ќе ја фатиш право истурија. Знам еднаш кога и проверував на мојата носев чашка од дома што сум и фатила и плус во болницата кога стигнавме имаше уште малце во ќесето што и беше кладено. И тоа ми го зедоа. Валда може и од две ќесенца да собереш да ставиш во иста чашка. Пр. Во размер од пола саат. Сепак за ова прашај во лабараторија.
Бејби лов се помали од памперс. На памперс гаќичките 6ка пишува 15+ кг ама јас му ставам од кога имаше мислам 12кг, сега е 14кг. Пелените 6ка се 13-18кг. Според килажата мислам ќе знаеш најдобро. Туку мене ми текна сега дали има некаде 7ца гаќички пошо пред 2 години сигурно нема да се одвикне. И друго, сабајле малиот го фатив пред да падне главечки од креветчето. Може му е време за детско креветче, мислам тоа и онака беше во план ама сега ќе морам да убрзам. Сакам да им правам ниски креветчиња, гледав неколку фирми што прават по мерка ама ако нарачувала некоја дајте ми препорака. И колку е паметно 4 годишно дете да спие на двоспратно креветче? Не знам со креветите како да ги организирам, две детски се ама со простор за еден кревет, па си мислев во една детска двоспратно, во друга единечен.
Мајки добар ден, Ве молам предлог за добар логопод за дете 2,5 години, ако прашањето не е за тука Ве молам посочете за каде е. благодарам.
Внуките почнаа да спијаат на двоспратно креветче кога поголемата беше 4 ипол а малата 3 и некој месец. Секако малата спиеше на долниот спрат бидеќи и многу преташе, ама имаат и горе и долу заштитна ограда. Мислам дека нема да има нешто сепак на 4 години веќе разбира.
Он разбира и сам изрази желба ама многу немирно спие, седнува во кревет и збори ноќе, па му паѓа главата…страв ми е во дрвото да не се разбие. Заштитна ограда има на ова едното креветче, ќе земеме уште една. Се надевам нема да падне
Ангел пробај со фластери на гради, кај нас само тоа упали. Ни сенф, ни кармин , ништо не му сметаше. Ама со фластер му реков боли цице, плачеше кратко ама се смири. Исто цицалче страствено е и моето. Не се одбивме скроз , ама намаливме подои, само за заспивање цица сега
Што ми љубомориш. Ноќеска до 2 плачеше со липање без престан, никако не заспиваше, помодре и дадов да цица пак. Еве денес пак не бара толку упорно, ќе кажам "каке", и толку се трга. Ама ноќе што ќе правиме, не знам. Ај мајкиве што доеле само ноќе нека кажат после колку време се одбивте и тие ноќни подои ? Не сака млеко во шише никако. Само вода пие цел ден. Прашував за Бромергон, ги нема. Инаку тие биле дозволени при доење, а воедно ја намслуваат лактацијата. Очајна сум, можеби не требаше да давам ноќва, ама више паника ме фати од плачење без престан.
Одма пресеков цицаше дење ноќе, една вечер имаше е такви плачки после наредните денови ќе заплаче вода и давав и така ни остана само со вода. Мора упорност, јас баш кога ја одбив ми крена темп вечерта, грло имаше ама не продужив бев решена зошто душата ем шо ки ја јадеше зомби бев на раб, а друго крвта и ослабна од нејадење. Сега и спиење се подобри и јадење.
Колку време цица само за заспивање? Моево не може да најде начин да заспие без цицка навечер. Еве како иде време за спиење само ме влече. Цел ден не бараше. Немам срце да ја оставам толку долго да плаче. Ако почне како синоќа со липање ќе и дадам пак. Ама како ќе го прекиниме и вечерново не знам.
Цуцла дали користи и дали пие вода од шише? Ако сакаш нагло одбивање тогаш мораш да ги издржиш тие ноќи со плачки и неспиење. Ако сакаш помалку стресно тогаш пробај прво додека е сонлива да и подметнеш шише вода (немој сокови, млеко, чај) и дај цуцла доколку користи. Ако не пали ни тоа пробај во раце да ја занишкаш ако сака, крајно дај цицка кратко и одма цуцла. Постепено ќе одвикнуваш цицка, па шише, па цуцла.
Не држи цуцла лажачка. Вода пиеше синоќа ама сепак бараше да цица. Млеко не сака воопшто, ни дење ни синоќа. Не знам и јас како да правам. Ептен ми е стресно.
Баш е стресно. Јас кратев ноќни подои ама моево секако во раце сакаше да презаспива и имаше цуцла, па некако преживеав. На крај се откажав пошо почна многу да се разболува и мајчино млеко единствено прифаќаше од течности и после два месеци сам се одби, преку ноќ.
Не. Си викам така да не и нанесам дополнителен стрес. А инаку во моментов еве се обидува да ја заспие, и таа кај него сакаше. Се чувствувам ко да не ме сака веќе.
Еден месец е само за заспивање, и јас незнам како да го одбијам скроз. Не прифати млеко никакво, не пие од флаша ништо, цуцла несака и во раце несака да заспива. Кај нас па проблем е и што ептен слабо јаде. Јас планирав до 18 месеци да го дојам.сега е 16++, имам фора уште малку да смислам како да го одбијам. Многу ми е стресно