Мое мислење, не значи дека сум во право нели, ние ги асоцираме на цицање. -Еве ја мама, аха значи еве цице. Не добива, се нервира и плаче. Пишував скоро, морав да идам на пат па тогаш го одбив малиот. Првата вечер маж ми вика виде нема цице, се врткаше низ спална и на крај си заспа. Инаку откако го одбив почна да се гушка со мене
Го читав твоето искуство и претходно. Баш убаво, не сте се намачиле воопшто. Блазесити, мојата не сака да ме гушка, бега кај татко и.
Исто и мојот така правеше, само со татко му се гушкаше. Ама сега ќе си игра на пример и ќе му текне ќе дојде да ме гушне
Ни цуцла ни млеко не ти треба. Само сила и трпение да ги издржиш плачките. Јас мака имав со првото, ептен плачеше, три четири вечери со ред, после виде не виде, престана да бара. Морав да го одбијам, живи ненаспани бевме по цела вечер.
И јас не знам како. Пробав и со зборување декс ме боли и сл. И не и е гајле. Почна и преку ден многу да бара. Вчера пробав да не и дадам викам ајде со шише да ја залажам го фрли шишето и вриштеше додека не доби тоа што наумила.
Ние се одбивме од цице пред еден месец. Беше трагично и трауматично буквално само 2 дена, ама издржав зашто знаев дека е кратка криза. Третиот ден почна да заспива со галење и гушкање, а сега само се држиме за раче. Ми беше емотивно и преубав период на цицање амааа од оваа пероектива ја се препородив сега. Почна многу многу да гњави и навечер да бара ко новороденче. Сега си спие ко топче без да мрдне цела вечер
А ноќи колку беа трагични и трауматични? Кај нас веќе 2. Оваа ноќ не дадов воопшто, во раце сакаше презаспивање. Првата дадов, градата ми беше топки до грло многу ми беше тешко не можев да издржам и многу плачеше. Офф душа ме боли. Плачка сум и јас по природа. Двете си плачиме.
Баш плачеше, дури и ме тепаше хаха после сама си викаше нема тите, нема тите ( ова најжално ми беше) ама те сфаќам, и јас бев емотивно скршена тие денови. Ама она е дете што јаде, пие се. Мене ко цуцла ме користеше. Инаку со градите се мачев една недела, дур ми се средат.
Мајки дали на вашите малечки стомачињата им се подуенки? На мојата и е такво, а нема запек нормално си кака по два три пати во ден од малечка. Видов на нет и се извадив од памет сега ме јаде црвот, а еднаш го прашав матичниот ми вика посебно на девојчињата така им се прави
На 16 месеци. Сега си се гушкаме (или до мене или со татко му), ќе се повртка низ спална, па се префрла во креветче и си заспива. Цуцла никогаш немаме користено, млеко не пие никакво.
И мојата почна сама да вика каке, блјак. Ама пак ноќе во сонот си бара. Тоа е тешкото. Дали ќе почне да спие или вака ќе биде не знам. Ама ако продолжи не би имала сила без спиење.
Подобро и што немаш прочитано и не читај одма на најлошото секогаш се се поврзува (а нема врска) и знам дека е така и пак паничам Ахххх
И мојот дечко е со мешенце хахаах јас се зезам му викам шоферче со мешенце а и си јаде машала на сите друштво прави на маса
Да известам дека и кафе не помогна, си го излижа и си продолжи да цица, дури ме подзабриша малце му дојде изгледа горчливко малце ама не затрза. Денес ќе набавам грозозо и крајна граница ми е слатко чили кое пак малку налутнува ама не многу. Ако не помогне и тоа тогаш се бегам на “принуден“ одмор некаде.
Јас горозозо земав на мојата за палецот што го цицаше. Си ја изеде цела тубичка поштено и уште си го цица палецот дај кажи какво е тоа чили, ја дури се мислам и да не ја штедам да и ставам нешто луто луто.