Кај мене малиот исто става прсти во уста, шмука, ако дознаете нешто ефикасно да го одвикнам од таа навика, споделете
Ги цица од навика или како орална фаза некоја му е? Ако ги цица тргај му ич не го оставај. Земи го грозозо може дека е помал ќе има повеќе ефект. Мојата од бебе почна да го цица палецот ама ај тогаш некако така наивно беше, па после со палец заспиваше што нас ни беше олеснителна околност и си викамве цело време бебе е убаво и е остави ја. Сега... сега само се караме по дома. Жал ми е и нејзе и е мачно ама морам, и палецот знае да и се вцрви и надвор кога сме нечисти раце од навика ги става во уста, затоа реков луто луто. Нон стоп и се збори и се објаснува и со награди и казни почнавме заради тој палец ама уште и стои навиката.
Љуто љуто баш љуто ми е грев, не знам, не можам. Слатко чили на подравка, зачин е, така барај го, љуто е ама не толку многу. Сега ми текна дека сол не сум пробала, ќе пробам и тоа, не знам, немам веќе памет. А ме болат многу брадавиците, не знам што да направам. Мене ме болат бидејќи цица и прави акробации, се тегне, не седи мирен.
Мајки што да правам со малото 20месеци е ама почна мноогу да ми прибира со јадење ..Се си беше супер и давав разновидно од манџички чуда се гледав да е домашно, тазе..сега се сведовме на две-три јадења (што реално се далеку од здрави) компири пржени и кроасани само јаде..многу се нервирам
Ако не е толку луто и тоа ќе го изеде, буковец умерено лут пробала и не се жалеше, не знам што ќе правам... Ова грозозо кога го пробав ми идеше јазикот да си го извадам, а маж ми дека грицка нокти прво он си го изеде, после него и она го дојаде, ќе почнам на леб да им го мачкам.
Искрено може и некоја орална фаза да му е, можеби и 5ки оти вади па така да прави.. ама ќе го следам ако продолжи секако ќе земам нешто. Инаку 19м е.
Мојата е 14 месеци, не цица веќе 3 месеци и навечер ми е хорор. Претходно беше скокот, па реков до тоа е, ама ова веќе не се издржува. Едвај ја заспивам навечер, пие млеко и заспива, ама после саат се буди со вриштење и некогаш се подсмирува со водичка, ама некогаш толку вришти, на 5-10 минути станува и се тркала во креветчето во обид да презаспие. Единствено се смирува кога ќе ја земеме со нас во кревет, што воопшто не сакав да го правам. Има ли надеж дека нешто ќе се смени, очајна сум за сон. Преку ден е исто кенкање, мрчење, во раце сака, а почна сама да оди.
а зошто се мачкаш? Не му давај едноставно, ќе биде тешко не дека нема, ама ќе пројде. На страствени цицалчиња ништо не им е гадно
Исто беше и кај нас и траеше многу долго. Почна околу првиот роденден и се до полни 16 месеци имаше вакви пречести реакции навечер. Јас препишав на регресијата во 12ти месец што е, траеше 4 месеци. Тогаш најчесто спиеше на спална со нас, малку подобро беше одколку во креветче. Се будеше пак често ама побрзо се смируваше. Се навикна да, ама кога почна да спие убаво го одвикнав за 2 вечери. Сега си спие во креветче, 18++ сме и пу пу нема проблем веќе, се буди 1-2 пати за млеко само.
Денес четврт ден како што не дојам. Градата полна и цврста, болна на допир, со грутки. Масирам под туш, ставам зелка. Друго што би можела да правам? Терапија не зедов, не се консултирав со Др. И друго, од утрово почна да ме чеша околу аеролата. Сте го искусиле ова, нормално е или да барам Др?
Денес една жена ми го бакна детето на образ, а подоцна забележив дека има херпес на уста. Може да има нешто кај малиот или паничам само?
Здраво мајки,не знам дали прашањево ми е за тука,сакам да ве прашам дали некој продава малтофер капки? Од жена што порачував веќе немала подолго време.
нормално е. Само следи ситуација, али за ден два веќе треба да ти омекнат. како вака без осет се луѓево.... Не би требало ништо да му е.
Вчера мајка ми го бакна со херпес, а одпосле забележав дека има. Некни беше кај неа 2-3 саати, веројатно тогаш избивал и ја прашав дали пазела рече не. Пукнав Постојано пратам дали ќе има нешто досега е океј. И јас сум во паники само го прегледувам, се надевам ништо нема да е. Ама пак не сфаќам како немат осет. Претходно со херпес или болна не зимав туѓо бебе во раце, ете не сфаќам како не размислуваат на последиците
Јас со една доев неколку месеци, само таа ми е за средување. Од другата сама се одби кога имаше 3 или 4 месеци. И таа ми беше исто вака, се среди сама дури и без облоги. Ама не се сеќавам за колку време, веќе има една година од тогаш. Вака ќе виде болна на допир? А полека омекнува, цврста е кон средината, ама болна на допир. Сега едната ми е како баскет, а другата како пинг понг топче.
Чај од жалфија знам дека пиев кога го одбивав второто, демек го намалува млекото, пиев по 2-3 чаши дневно ма да јас немав многу голема мака, ни облоги ни одмолзување ми требаше А сега се спремам психички за третово, вакво цицалче сум немала до сега.. имав 2-3 обиди навечер и инат да не му давам ама рикање до заоѓање и попуштав. Се приклучувам на клубот "не знам како ќе се одбиеме"
Јас имав таков обид со такво рикање до заоѓање и липање, првата вечер попуштив и дадов, ама не и втората. Срцево ми викаше пак да дадам а разумот не, ако сакам да ја одбијам. Само храброст и издржливост!