Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    2.476
    Мајки што можам да направам од вечер за доручек утредента? Да стои во фрижидер од житарки, утрото само овошје да се додаде? И како? Овес? Гриз?
     
  2. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.056
    Допаѓања:
    4.916
    Се што ти паѓа на памет, само јајца не сум дала, не ми се погодило. Ако јаде каши (мојата не ги сакаше) може овесна со чиа млеко или вода зависи што ставаш може и варени спелта, просо, палента. Свари, стави во тегла нека се подолади и во фрижидер, сабајле стави му овошје, семе, некој путер и сл, или ако го вариш со овошје и така стави го во тегла. Overnight oats има еден куп рецепти, пребарај скоро се е соодветно за дете. Ако не е по каши, палачинки, вафли, тостчиња, мафини, некогаш ги јаде за вечера, ако остане ги добива и за доручек. Ако направам поголема количина палачинки, вафли, мафини, крофни, ги замрзнувам, супер се и после одмрзнување.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    2.164
    Пол:
    Женски
    Да се приклучам во темата на одбивање од млеко...ама мојот е на ад и САМ СЕ ОДБИВА веќе недела дена. 15 месеци е, две млека пиеше по 180мл. Едно за заспивање, едно накај 5ч па презаспиваше. Е, сега веќе недела дена ни едното ни другото го сака. Се бори, го турка, плаче да му го тргнам. Пробав и јогуртче да му подметнам за да има нешто...ама и тоа не сака. Дали да контактирам педијатар за ова (бидејќи советот од неа е да пие ад до 2 години) или е сосем ок да не форсирам веќе нудење? Тоа е тоа...заврши млеко фазата. Кажете ми дека не сум единствена со вакво бебе :)
     
  4. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Мојата на 12 месеци го правеше ова и добив предлог да сменам млеко (тетрапак, домашно, ад со какао, овес, гриз). Сменив во кравјо домашно и уште првата вечер го испи цело и еве скоро три месеци тераме така и ние на заспивање и накај 5-6 сабајле уште едно. Сега е 14 месеци.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    2.941
    Пол:
    Женски
    Поголемиот сам се одби од ад на 16м. Бев пресреќна, си јадеше се млечно, немаше потреба од ад. Не си единствена, доста му е.


    Туку ја со мојот цицољуб не знам што да правам, изгледа само јас останав јунак (или будала) што уште го дојам и не помислувам да го одбијам. Сè е уште цела вечер ме цица, преку ден е еднаш, за викенд може и два пати, ама ноќите се вечност со него. Ги чекам 5-ките и да кажам крај и јас. Имам многу притисок да го одбијам, не дека ќе ги послушам, ама нервоза ми ствараат неповикани коментари околу моите гради.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    1.351
    Пол:
    Женски
    Ве читам за доењето, знам дека ви е тешко станувањето навечер, ама и ако не е тоа бебе ќе стане за друго. Дали од болка од запчињата, дали се разболела, дали научило нешто ново па сака да го повтори и во сон, или едноставно сака да провери дали има некој до него.
    Да ве утешам, период е ќе помине. И за сите што сакате да престанете со доењето, правете го тоа постепено, ќе биде полесно за вас и за бебе. Околу две години веќе би требало да им излезат сите запчиња, и многу нови работи им се веќе научени,, така да ќе почнат да спијат помирно и помалку да цицаат.
    Можеби дека јас се навикнав со двете деца да ги дојам, и не станував за шише навечер, па доењето ми е полесна опција.
    Поддршка за сите :hug::hug::hug:
    Јас се навикнав дека за мајките нема одмор, ќе си се напијам кога ќе умрам :rofl:
     
    На Kolache na mama, LiquidLuna и 1209 им се допаѓа ова.
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.238
    Допаѓања:
    111.537
    Пол:
    Женски
    Пробав и тоа, плачеше како да го тепам, како да го стискам, како да го боли нешто. И мава, удира се пред него, главата си ја мава, многу беше жално. Не можам да го гледам тоа. Саботата цел ден не цицаше и реков готово, тоа е тоа, не давам веќе, ама вечерта толку викаше жално што комшии се јавуваа да прашаат што е работата, да не треба помош. Моли, мамиииии, мамичееее... Попуштив зошто не можев да слушам повеќе и почнав и јас да плачам по него.
     
    На Mari-Li, Erika.greeneyes и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.039
    Допаѓања:
    45.975
    Пол:
    Женски
    Мајка ми вчера за род му донесе на моето кола што се бутка таква голема да седе во неа, мислев дека многу ќе и де радува дека многу сака коли ама он се убива од плачење. Како да го навикнам дека е интересно да се вози? Мислевме тоа ќе е спас оти не сака количка, кенгур ни трицикл и раце ни откина веќе, ама ете не сака ни тоа.
    Друго многу сака во земја надвор да си игра, некоја сејф варијанта да му направам дома да се брца како во песок?
     
  9. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.308
    Допаѓања:
    11.715
    Пол:
    Женски
    Кога е океј да почнам да му ставам малку сол во јадењето? 12ипол м е.
    Ништо не јаде па велам да не е оти е блантаво, шознам. Не знам веќе што да правам на темата.



    @1209 по инста ми излегуваше како diy идеја, мелени бисквити, плазма.
    Ама тоа беше мислам how to make edible sand. Лично нонсенс ми беше, оти утре на вистински песок ќе седне па ќе мисли и тој е за јадење.
    А околу колата, внук ми за прв роденден доби таква, најпрвин се плашеше. Е дури после година дена почна да ја користи.
    За секоја играчка си има возраст, ако не сега, за 5 месеци ќе седне можеби, друго јаче ќе ја гледа.
     
    На LiquidLuna и 1209 им се допаѓа ова.
  10. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    1.192
    Пол:
    Женски
    Ако проодува баш нормално е да не сака во количка/кенгур, откако почна да оди син ми седи 10-15 мин во количката ако мора да отидеме до негде. Ако ептен морав негде со количка носев Лино смоки по некоја. Сака да си вежба одење најверојатно. Во земја го оставам надвор во двор кај моите кај што знам дека е чисто, за во парк сега секако фаќа сѐ само му ги бришам рачињата со влажни и го гледам цело време за да не стави нешто во уста.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.200
    Допаѓања:
    2.263
    Пол:
    Женски
    Момс какви купки/шампончиња за капење користите? Јас користам за моето синче маслена купка на Биодерма (додека беше ептен мал имаше атопичен дерматит) ама сакам да сменам нешто друго па ако може да ми предложите некоја?
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.238
    Допаѓања:
    111.537
    Пол:
    Женски
    Малото не ми сакаше во зимска количка ич, ни во летната бидејќи беше ко зимска, таква длабока, му купија летна ама ептен е убава, отворена, да може да седи и да гледа убаво од неа, иди извади го сега. Седи гајле нема.
    Мустела обична. Летоска купив едно шише од 750мл и уште имам.
     
    На 1209 и jelo им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.039
    Допаѓања:
    45.975
    Пол:
    Женски
    Да вчера го ставивме во таква од една другарка и многу уживаше во неа, па свекорите рекоа од нив сакале да му купиме таква за роденден, јас прво се мислев искрено за таква оти мислев нема и во неа да седи, а ми требаше лесна за во Лондон, ама вчера видов дека сака да седи па ќе му земеме, да не знаеш што макра беше таа отворената?

    Ако мислиш дека солта ќе помогне да ти кажам дека не направи разлика кај моево:envy: Почнав да ставам пред две недели некаде по малце, полесно е дека му давам тоа што готвам и за нас, плус и за нас помалку сол оти стварно јас претерував со неа и вака барем ќе проба од јадењето за разлика од предходно ама пак тоа ќе биде две три залчиња и толку.
    А цица многу, исто како додека беше мал, апсолутно ништо се нема сменето и се мислам дека тоа е кочницата во јадењето во нашиот случај или заби. Цел месец е веќе со рацете во уста и си ги гребе жлебините, лигави многу како пред другите заби да му излезат и плаче ноќеска исто како пред другите. Првите излегуваа 2м, очекувам дека и овие така ќе бидат оти еве веќе 1.5 е иста песна.
    Золва ми вели да не се сеќирам дека не е слаб и дека изгледа супер, и ќерка и апсолутно ништо не сакала да јаде до година и 2,3м па сега да видиш какво детенце е што се јаде и количински солидно, па малце ми влеа надеж.
    Јас сакам да го одбивам полека, ама и неќам. Многу сум надве искрено, од една страна ми е мака веќе оти ем ме гриза, тегле, партал сум, ем ми брца во блуза и ме срами|( ем не сум наспиена по цела ноќ, ама од друга страна ова му е единствена исхрана и страв ми е да не заебам ако му ја прекинам.
    Ќе му дадам фора уште некој месец.

    А за песокот не мислев сејф у смисла да става у уста, не сакам да става него нешто што ќе може да го игра дома и да е ситно за во случај да стави во уста да не го мислам. Вака у двор дека сме со 3 кучиња кои мочаат во дворот не ми е сигурно. Оно имаат они дел каде што одат во вц и таму не го пуштаме ама од кај ги знам дека нема да и текне да отидат на друго место и да го мислам.
     
    На mal.ecka и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.238
    Допаѓања:
    111.537
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Оваа е нашата, со една рака ја отварам затварам, лесна за спуштање за спиење, уште полесна за управување.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lina-Detelina

    Lina-Detelina Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2020
    Пораки:
    1.294
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Што ако голтна памук? Можно е да се случи ова, ги начекала во спална чепкалките за уши. Кога ја видов на едното му фалеше памучето од едната страна, а и како да ми се подзадави.
    Само со нешто што не треба да се играло, цела соба е поплавена со играчки, таа игра со глупости.
    Можно е да јави некоја реакција на ова или ќе го покака?
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.238
    Допаѓања:
    111.537
    Пол:
    Женски
    Ништо не е, ќе го искака.
     
    На Lina-Detelina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    35.419
    Пол:
    Женски
    Моето беше на комбинирано доење и АД. Од цицка сам се одби на 10 месеци, а АД не сакаше после година дена (до тогаш во сон му подметнував кога ќе се разбуди едно шише за да не биде бебе до година дена без никакво прилагодено млеко).
    Педијатарот ми рече дека самото дете си кажало што си сака и тоа е тоа. Се додека јаде се не е проблем, барем мене така ми рекоа. Сепак за да внесува барем малку млеко прилагодена за возраста јадеше за ужинка бебешки пудинзи (со АД млеко)
    Е после неколку месеци му текна да се буди ноќе за млеко и му давав обично млеко зашто ми рекоа дека и така е ОК (пиеше околу 100 милилитри и презаспиваше). И по неколку месеци пак си прекина да бара млеко.

    Инаку млечни производи јадеше, а осоено сакаше јогурт уз доручек и вечера (мислам дека дури и заради јогуртот и вкусот на јогуртот се одби од цицање и од АД). Некаде на 5 години смени и повеќе почна да преферира млеко. Сега на 8 години си има јадења со кои пие јогурт и јадења со кои пие млеко.
     
    На Secret-Angel7 и 1209 им се допаѓа ова.
  18. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    2.628
    Пол:
    Женски
    Која марка е и од каде?
    Барам и јас летна сега
     
  19. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    Ваква имаме и ние од Енцименци лани ја зедовме, беше на попуст и евтино ја зедовме. Ама ептен ни се погоди. Лесна е за управување, лесно се собора и ракува. Лани максимално ја искористивме.
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.589
    Допаѓања:
    8.607
    Пол:
    Женски
    Добро само мојава не сака ништо. Ниту количка нити трицикал ништоо, ништоо.
    Ако земеме со нас она ги турка наместо да се вози во нив.
    Нон стоп излагаме без ништо сака да трча не сака за раче, па бара и во рака. Кпга оди сама струја е не се допазува и се од доле сака да земе ако види хартија од смоки или што и да е.
    Секое шетање не измалтретирува максимално.
     
    На 1209 и Jana7 им се допаѓа ова.