Ова може и за од @MilaSs12 муабетов да се надоврзам.. Ако нешто ме научи проблемот со рамото е дека навиките на детето се менуваат за неколку дена, верувајте. Ќерка ми беше прво дете и навикната во раце нон стоп. Се додека не ми забрани доктор да дигам и не почнав доследно да и кажувам НЕ кога ќе побараше да ја дигнам таа обесуваше за во раце. Кога и кажав дека мама ја боли рамото и не може да ја дига, почна да оди повеќе сама, почна да седнува во количка, да влегува во кадата со покачување на столче (само со придржување од мене) и сама да се труди... Буквално за три дена престана да вика дигни ме, дигни ме ... Веројатно треба да му се направи некој филм и во случајов..ако не сака во новата количка и бара во раце. Ако сака па да бутка нека бутка хахаха
Имам другарка што двете деца ги возеше до преку 3 години во количка. Имам другарка што детето го форсираше откако прооде да оди повеќе за да не користат количка. Првава беше помлада мајка па се акаше секаде со децата, имаше реална потреба да и се во количка. Јас покасно станав мајка, и кога ќе и речев абе не сака во количка, кај ќе одам нема да спие. Она ми викаше ќе си се научи бе. И за воља на вистината се научи. Шетаме по цели денови, сега е 2 години, носам и кацига и баланс и количка, прво вози, па трча, и кога ќе се измори си седнува во количка, некогаш и дремнува, ама важно не ме кочи да морам да ја носам во раце или да палам кола или да се врткам близу дома. Ако сакаш независност во тој поглед, купи си количка и ќе се научи пак да се вози.
Од раѓање јас го ставав во количка и нема сакам нејќам, овој плачко се роди, знаеше и да плаче, ќе го земам ќе го смирам пак ќе го вратам, не попуштив. Бабите полесно им е во раце и само во раце, не знам само како им е полесно ама ај, абе ме умре еден период, ме умре, не сака и крај, бутка натоварена количка и дете во раце, ама пресекол, нема. Мајка ми ќе ми речеше Е како немаш душа да го слушаш да плаче, нели ти е мака? Да бе викам, мене не ми е, тебе ти е, ти повеке го сакаш моето дете од мене. Многу сум се карала со неа за тоа. Или сестра ми, ќе го земе детето во раце и го носи, после не сака епа не сака, карај се, викај, урлај ама не попуштив. Со големиот ваква мака немав, сама си го чував и затоа мирна глава, ама за малово сто баби килааво дете. Додуша и различни карактери се. Сепак количка си е количка и нема мрдање, врзан, спастрен и си ужива, и јас и он.
Исто мајка ми, ќе го однесам на гости и се и е во раце, дете ќе заплаче она одма оди бабе ќе те носам, го разгалува максимално, разбирам прво внуче и е ама мене на глава ќе ми се качува еден ден. И мене мајка ми ме нервира со тоа” јас немам душа да го слушам да плаче”, демек нејзе пожал и од мене, женава е страшен паничар и има нелечена анксиозност, од неа растев така под стрес, ја сакам највеќе, најдобра мајка ми е, ама не планирам и детето мое да ги има истите трауми. Не му дава да лазе ќе голтнел влакно од кучето, не дава да оди се за рака го држе ќе се удрил, не сака во количка кога шетаат оти она нестабилна била не можела да ја команда количката, а во раце може да команда да не се сопне некаде очи да извада. Ама што да правам енос да ја мењам не бива. Јас не можам да го оставам да плаче оти плаче хистерично и нафрла како алергија кога плаче така. И брат ми има ист проблем од саклет, нервоза и потење се нафрла целиот и го чеша, и да сакам да го оставам да се исплаче не бива, a кога го земам да го смирам и сакам да го вратам назад не сака де тегле стои на низе абе борби. Ама мора да се навикне пак, апсолутно во Лондон не планирам во раце да го носам, тука паркот и градот ни е до газ, во центар живееме ама таму нема да е така, летната колика мора да ја навикне.
Мојот се вози во количка од раѓање без проблем. Ама на околу 11 месеци наеднаш почна да не сака да се вози. Абе плачеше само што ќе ја видеше, а не па да седне. Протестот траеше околу 2 месеци, па му клика нешто во глава и сам почна да ја бара и пак почна да се вози. 17 месеци има сега. Јас му викам ајде надвор одиме, тој трча количката да ја донесе и сам пробува да се качи. Инаку количката не ја сменив, истата е. Штом досега се возел, мислам дека му е период одбивањево и дека пак ќе почне да сака да вози.
Мајки здраво. Сега во вторник треба да примиме дтп вакцина, ама во среда на 17ти малиот беше во контакт со дете кое вчера добило сипаница. Малку сум исплашена, па да прашам дали може и он да добие сипаница, после колку време да очекувам. Вакцината секако ќе ја одложам.
Некоја да сподели искуство со кашите на Белина? Не давам готови каши, ама ќе имам едем период сега кога ќе морам. Какп ви се чинат? Вредат за тие пари?
Кај нас се покажа пропадната инвестиција. Не и се свиѓаат на ќерче ич, а стварно не се лоши. Не се бљантави, баш се вкусни... Ама на @Anika55 малото и ги јаде, ја имам читано.
Да, син ми ги јаде ама и он не е пребирлив. Јас не сум ги пробала, ама многу убаво мирисаат. Баш на манџа, на готвено.
Епа @Secret-Angel7 ако не е пребирливо, зимај. Или земи 2-3, да проба. Ќерка ми е удав, од пиле млеко да и земеш маана ќе најде. Повеќе мислам дека не и се свиѓаат како изгледаат.
Јас порачав минатата недела неколку, ама до сега само една отворив. Мојов не е јадач и не му се свиѓаше, ја пробав и јас ми беше некако презачинета, беше нешто со палента и домати. Периодов и другиве ќе ги пробаме па ќе видиме...
Утрово херпес ми излезе, од кај му текна не знам ни јас. Гледам колку можам да се тргам од бебка моја, иако периодов сака да ми виси во раце по цел ден, бакнување нема во никој случај периодов. Што да направам друго да ја заштитам? Ептен ми е шубе да не ја префати. Ставив се што ми текна.. лук, паста, Ацикловир. Може да поминам само јас, а да не ја префати и нејзе?
Лина, не знам за префаќање. Меѓутоа пред години, и пред ќерка ова, знаев да ставам и вакви слични лепенки https://24apteka.mk/product/dermaplast-flaster-za-herpes/ Може на тој начин ќе биде позаштитена од допир со раната.
Имав огромен јас пред некое време. Ставав од лепенките и не ја бацував. Инаку ја држев во раце, ја успивав, се стандард си правев со неа освен бацување. И ок беше за среќа
И јас имам Го држам постојано на другата страна и внимавам кога ќе дојде да ме бакне се вртам веднаш на таа страна каде што немам. Се надевам нема ништо да биде
И јас се надевам дека нема ништо да биде. Уфф каде се најде сега, боли, чеша, пецка и згора на се да се пазиш цело време.
Може ли да споделите која ви е најкористена играчка што детето самостојно повеќе од 10 минути му држи внимание? Сликовници, коцки музички инструменти боенки, магнети некако се поминавме брзо и кратко се раигрувааА воедно и идеја за подарок за 2годишно дете барам па може ќе помогнете
Мене па за прв пат не ме боли. Првите два дена ме пецкаше малку, сега не го чувствувам воопшто. Ставам една маст специјална за херпеси, па изгледа помага. Вака страв ми е да не заборавам дека имам и да го бацам син ми