Со камчиња најмногу си игра. Ги реди вовче, ги дели помали поголеми, па ги става во кутии, па ги истура итн. И по цел саат знае да се заигра вака. Исто и со песок многу си игра, ама тоа кај баба му во двор. Ако не става во уста, пробајте.
Во овој скок скроз му се изремети редот на спиење, заспива во 8, па се буди за брзо и не презаспива до 11-12, и секако дека се буди сабајле дури во 10:00, 10:30. Не ми се свиѓа ич ова оти и ред за јадење е испореметен. Како да го сменам ова, како да фати ред за порано успивање? Исто кажете ми како да успеам да спремам ручек кога детето спие само врз мене периодов и 2-3 саата сум врзана цело пладне. Некако не можам да се организирам, се осеќам како тотален фајл околу организација со детево.
Детето не цица веќе 5 дена, денес цел ден бара незнам зошто предходните денови добро поминавме денес бара цел ден нели треба до сега да има заборавено или грешам ве молам кој има поминато низ ова нека сподели искуство
Денес ден 15ти, уште бараат. Најчесто брзо ќе се откажат ама знаат и да поплачат о да направат драма. Ама не давам и тоа е.
И текнуваше и после две недели, ама не беше страшно, одма се убедуваше кај нас. Сега веќе месец и нешто како е одбиена, знае да ми брцне рака кај цице и да легне врз и како да се гушка и на крај ќе рече чаоо
Душа и моето сега така заспива со раката во цице и кај нас не е многу страшно се разбираме ама ми е жал дека бара а ја не му давам ама тоа е ќе издржиме. Добро е како ми кажуваа другарки за два дена се одби после не побара, се баш се почудив зашто моето бара уште ама добро не сме сами
Две недели како што не цица мојата. Синоќа нешто ми се подзапна да бара, се подрасплака и кога виде не давам, се откажа.
Мајки ве молам помош..дали се работи за тантруми ?! Неколку дена по ред е тотално агресивна на моменти кои и траат и до час и пол. Пишти вришти ,ме мава,неќе ништо . 16 месеци сме. Избезумени сме со маж ми.
Надвор повеќе шетање обавезно, иста возраст е син ми и почна да скубе, да штипе ако се налути. А мислев дека помина таа фаза. Дали погрешно правиме не знам. Да не ѝ расте запче?
Мами како сте? Дали некоја ќе ме утеши дека има некој луд период на 20 месеци? Детево е станат лошко ептен. И друга работа, цело време е по мене кога ќе стане од спиење плаче по мене, јас заминувам на работа а после мм го носи во градинка. Додека да излезат од дома плаче по мене. Дали е во прашање separation anxiety или му се лути на мм дека го носи во градинка а јас го земам? И уште нешто.. кога излегуваат 5ки запчиња и дали прво горе или долу?
Иста возраст е и багабонтот мој. Од мај го враќам во градинка (не идеше 2 месеци затоа што доби братче)...избезумена сум да не ги тепа децата. Ако нешто не е по негово-не плеска по лице и мене и маж ми. Вчера дури го доев бебето, го мавна по глава со сета сила. И знае дека не смее така, ќе удри и прави НЕ со прстето. Не знам што да правам, ниту од каде го научи ова. Нешто што најмногу не сакам кај деца тоа е да се агресивни. Сега мојот е таков од нигде никаде. Се молам да е фаза или реакција поради бебето
Не се секирај во градинка е друга приказна, дома на нас се истураат. Во градинка е бубалче моево и нема никаков проблем ама дома.. и јас се надевам да помине оваа фаза, највеќе ми е ? од каде кога никој не го штипе или тепа ама ај
Здраво мајки детето ми е 14 месеци скоро една недела го заспивам во 22ч скоро пола саат спија станува со вриштење и седи до еден ипол два меѓу време си игра кашичка си јади потоа едвај заспиваме со борење . Дали на некоја мајка и се има вака случено? Ќе ве молам за совет
4 месеци го живеевме ова. Пренапорно е, трауми имам од тој период. Ама сепак, какво е тоа кашичка давање на полноќ? Период е, а од тебе зависи дали ќе премине во навика. Никако јадење, или дозволување на премногу играчки. Останете во соба со изгасено светло или на минимум ставено. Тргнете ги сите играчки од негова околина и постојано зборувај дека е време за спиење или и ти мижи демек спиеш. Разбирам дека многу е напорно. Сад плачеше, сад со играше со се што не беше играчка. Цував и вриштев во себе од нерва и умор ама ете помина. Пази да не му направиш таков биоритам, тешко дека ќе помине во тој случај. Најдобронамерен совет ова
Грешиш што го кога ќе стане му даваш сигнал дека денот продолжува, го третираш тоа како дремка. Имаше и големото мое неколку вакви ноќи, ама нема мрдање од пижами и кревет. Тоа е тоа. И малово имаше една таква ноќ ама излезе дека му се какало, се искака и ко ништо да не било, си заспа пак. Нема јадење, нема играчки, нема тв, нема ништо, ноќта продолжува, за брзо ќе се врати во нормала.
Кашичка на полноќ? Па детето мисли дека е дремка, а не ноќно спиење. Ќерка ми имаше и уште има вакви експерименти ама нема станување. Евентуално млеко и тоа ептен ако бара, или вода ако е жедна. Друго, ене и ја куклата нека гушка, шо знае нека праи. Не и обрнувам внимание, се вртам и си спијам
Исто би додала ако има две дремки треба да премине на една, штом си седи будно може не е доволно уморно. И најубаво е да станува отприлика во исто време и да легнува.
Здраво, кога преминаа беблињата ваши од две на една дремка? Мали е 16м и уште си има 2, ама некако спиење е хаос па да не му е време за една само
Уште пред да наполни 12м, на 16м е доцна за 2 дремки. Сега од оваа гледна точка големото со 2 дремки до 17м похаос му беше спиењето од на малово со 1 пред 12м.