Абе у поглед на заспивање и времето е топ ама спиењето му е хаотично.. ама да од роџење е хаотично ама ај си викам да не е тоа Станува 6:30-7 а си легнува навечер 9.. има една дремка (последниве 2-3дена му е кратка околу 40-60мин) околу 10 и после спие уште саат два околу 14.. ама се буди по 100 пати за цицање и одма продолжува
Само што направи 16 месеци му ја скратив втората. Поместив првата во 12 наместо во 11 како претходно, и ноќно во 8. Првите денови малку беше кенкав околу 6, ама за 3-4 дена се навикна. Скрати ја веќе слободно, сигурно е спремно
Како сте со циклусот после одбивање од доење? Јас си добивав редовно и точно додека доев. Сега откако ја одбив ми доцни 2 дена.
Од околу роденденот е на 1на дремка. Има денови каде што се случува да спие 2 пати ама така и се поместува ноќното заспивање околу 23:00-00:00 што е прекасно и за мене и за неа. Така да се држиме на една дремка до максимум можно.
Ако ме држи добро сеќавање на 18 веќе беше на 1 дремка. На 16 мислам дека убаво си имаше 2 дремки, накај 17 почна да се буни и веќе на 18 ја скрати скроз. Таман си е, им треба повеќе сон тогаш. Мојата сега е скоро 2г и 5м и има една дремка сеуште од 1 до 2 часа, а навечер спие 10-11 часа. Имаше и помала и сега некои фази кај што не сака да спие, па да помислам ќе крати, ама проаѓаат фала богу и пак спие како по книга.
Мојов е 16 месеци и сега транзитираме накај една. Се случува некогаш да не може да издржи па да дремне два пати и тогаш се пореметува се, ама уште се навикнува да спие во градинка и мн малку спие таму... Деновиве не му давам дома да заспие и едвај издржува до 8 и кома е.
Не ми е јасно како да се справам со ова, знам дека децата сакаат да фатат се’ и нормално е, пробав да изолирам од дома се што не смее да се фати за да не викам упорно не, не, ама има работи кои не можам да ги тргнам, а не треба да ги фаќа и не знам како да му кажам, кога не разбира сеуште дека не треба. Пример кај свекрвата постојано брка во саксиите со земја и расфрла насекаде, цело време, не е возможно да ги тргнеме сите цвеќиња, а и не треба нивни се, си ги чуваат, му обезбедувам игра во земјата ви дворот ама интересно му е и го прави и дома. Кај нас единствено што прави, а не смее, го влечи телевизорот, неаме опција да го ставиме на држачи(ѕидот нема да ги издражи) а не можам физички постојано да го пратам, една секунда е доволна да го тресне. Пробав на смирен начин, на не толку смирен, на тргање од таму и повторување, давање алтернатив за игра, пробав се што мислев дека ќе функционира, ама прв пат мајка и веќе неам идеја како да постапам. Сега кога планира да го прави тоа, повторува не не и се кара со прстето(патем многу е смешен кога го прави ова) и гледа во мене и директ го прави тоа додека повторува не, не. Јасно му е дека ќе му се карам, не знае уште не што значи, ја знае и мојата реакција ама тврдоглав е у пм. Чаре?
Мора да ти биде пред очи цело време, ако одиш во спална и он со тебе ако одиш во кујна и он со тебе. Чаши секогаш ставај ги на средина на масата/шанк да не може да докачи. За телевизорот и цвеќињата јас би продолжила да кажувам не, ама секогаш гледам доследна да бидам и да не попуштам зашто ако еднаш му дадеш во саксиите да брца наредниот пат не сфаќа зошто му браниш, нормално. Ќе му здосади со тек на време тоа. Овој период 90% од времето одиш по него и пазиш да не се повреди. Едноставно не може сѐ да се тргне, плус ние во стан сме и немаме многу простор. Ќе научат. А и ако не почнало да се качува, тоа е следна вештина. Среќно син ми првиот пат кога се качи на спална се фрлав како голман да го спасам зашто не очекував и ме изненади. И не знам зошто мислиш дека не разбираат 'не'. Разбираат команди на оваа возраст ама не може секогаш да не послушаат нели, си имаат свои планови и идеи.
Нема чаре. Го тргаш секогаш кога ќе тргне да прави беља и му даваш нешто да се занимава и тоа е. Од мое искуство колку поише се караш поише од инает ќе ти иде
И мојов обожава да брца во црепови и саксии. Јас кога напуштам просторија и не го држам во видик или го оставам во транспортно креветче или во ваква ограда. Не е ниту минута сам да го оставам.
Уште од мал ги обожава саксиите и уште си викам не и не ги тргам. Нема многу што да се направи тука освен внимавање постојано и да ги тргаме од тоа место. Мојот на не уште побетер станува, ме гледа и едно 100 пати ќе го направи тоа што не смее. Секаде е со мене за да ми е на видик. Тоа е, таков е овој период
@1209 Ние за телевизорот над комодата ја качивме клуба масата и над масата го ставивме телевизорот. Високо стои и не може да го дофати уште. Е, сега, не дека не се случи накај 3 години да фрли со телефон накај телевизорот и ни го скрши екранот, го уништи и го фрливме, но не можеше да го допре и да му падне да се повреди. Милион пати е кажувано не, џабе е тоа. Ако нешто има намера, само одвлекување внимание со нешто друго. Па ќе заборави на телевизорот, ќе му текне на нешто друго, па пак понатаму ќе му се наврати на телевизорот и така во круг со пена на уста и одвлекување внимание додека не потпорасне и не прекине да ги прави тие работи. Ќе му помине, ќе прекине да го прави тоа. Дотогаш само зборење дека бебе се гали, се гушка, бебето дека многу го сака и сл. И мојот ја мавна еднаш, еднаш ја касна, а никогаш никој него не го удрил, ниту па го каснал на пример. Потоа полека почна да ја пази, да си игра со нејзе, да се мази, да ја гали, бацува, да ѝ збори колку ја сака и колку е слатка. Ама мојот е и поголем, 3 години имаше кога се роди бебето. Обиди се да поминуваш и некое време насамо со него, да правиш само со него работи, кога доиш гледај да си сама со бебето некако, а кога ќе пресоблекуваш, бањаш, вклучувај го и него да ти носи работи, да го мачкате со крем бебето итн итн.
Јас правев бариери кои не може да ги помести. Пример масата пред комодата да не ја чачка комодата и работите на нејзе. Оваква оградица за играње пред телевизорот имав и ако е ван ограда ја лепев до тв и нема пристап до него, ако е во ограда тогаш ја лепев накај креветот. Мојата е 2г и 4м и уште е се кренато горе кај што не може да дофати. "Не" кај нас не помага. Среќа па некои работи не и се веќе интересни како цвеќињата, појачалото, телевизорот. Ама книги, украси немам на дофат. За по гости ќе го пазиш.
Знам дека е напорен период ама освен да заградиш, нема друго чаре. Јас клуб-масата ја ставав на тоа место, превртував фотељи, транспортно итн. Не разбираат од не, а сакаат на истражуваат на таа возраст.