Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.309
    Допаѓања:
    11.722
    Пол:
    Женски
    Лесни чекорчиња детенце мило. :inlove:

    Преубави се мајка, алал да ти е.
     
    На Anturium и Anika55 им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.539
    Пол:
    Женски
    Кај мене само игнор и правење пречки. Кутијата со играчки пред тв, он таму, ја на друго место нешто лупам и доаѓа. Не правам галама од тоа оти уште толку праи. Ставав затварачи на фиоките, џабе, ги откорна, го оставив со тоа што доле оставив лесни работи, се помалку го интересираат. Кога вади работи од фиока јас без муабет ги враќам назад и толку. Цвеќето од бебе го ставав да го гледа и да му збориме, нано цвеќе, мирисни, ааа убаво мириса, нано, па не фаќа засега. Инаку тешко мене, како ќе скријам 200 саксии.

    Ние после 4 дена од антибиотикот го прибравме Вирантото пак. Не знам што ќе се прави. Додуша и јас сум затната, така да ништо чудно од мене да му е. Утре и задутре во градинка и од среда на одмор 10 дена, со мене дома. Белки ќе ојачаме да се вратиме во градинка здрави. Е сеа ќе плачеме ама тоа е. Љуби га мајка како што е лепенка за мене, уште толку ќе се залепи али јбг.

    Туку вашиве весељаци ли се ко моево, едно станување песнички на тв бара, раце у вис и игра.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.041
    Допаѓања:
    45.980
    Пол:
    Женски
    @AngelOfArh да, исто, дури и некој да тропа во ритам на музика он ќе игра, до толку сака музика што тортата за роденден му беше животни како свират и клавир:D.
    Најдовме решение ние, свекрвата ги изнесе сите цвеќиња во двор и сегс брка од нив, фрла насекаде ама на никој не му смета:D
    Пред тв ставив клуб масата и решен проблем.
    Ама ме изненади пред малку, се качил на една кутија и оп на масата срце ми застана кога го видов дека седи горе и раце шлака. Ох јака ми душа сеа кога маж ќе оди во странство(facepalm)
     
    На Mother of 2boys му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.539
    Пол:
    Женски
    Ќе ти биде ко мене дома кај паднало таму останало и ќе заборавиш на форум, тоа е. Еве дремка сеа, собрав играчки и си ги собрав сите можни вангли од кај играчките па после јово наново. И тоа мам мам мам, абе у уши ми ѕвони, нема друг, само мам постои.
     
    На Mother of 2boys и 1209 им се допаѓа ова.
  5. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.732
    Допаѓања:
    7.737
    Пол:
    Женски
    Уште се мислам јас зошто воопшто купувам играчки. Ќерка игра со кутиите од сладолед, со шишиња за вода.
    Во кујна ако сум сама со неа и нели треба да зготвам и вангла сум дала и силиконски лажици за мешање. :D

    А за хаосот да не расправам од кај се појавува, битно нема крај.

    Туку кога се интересираат да седат и на маса да играат, цртаат пример? Уште мала масичка детска за неа со столче немаме низ соба, ама да земам сега, не ми личи како да е многу заинтересирана за да седи и игра.
     
  6. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    9.314
    Пол:
    Женски
    Мајки ајде совет .
    Дали да се земе летна количка ? До колку години се користи ? Година и пол сме....
    И каде има до кај 3000 денари ?
     
  7. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.732
    Допаѓања:
    7.737
    Пол:
    Женски
    До кај 3000 ако има во Пики и некои модели на Чиполино, во Алф Кидс или Андреј Компани. Бар што ми излегле реклами. Генерално поевтините се до 15кг тежина на дете. За години зависи од детето. Мене ме убедуваа дека после година не сакаат во количка. Ќерка ми еден период баш после роденденот, не сакаше, сега повторно си се вози.

    Е сега дали ќе сака да се вози, не знам. Ако користи зимска количка, веројатно и во летна би се возело.
     
    На Misskirova му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.158
    Пол:
    Женски
    Мојот масичка и столче доби за роденден, ама пред еден месец му ги монтирав и се погодија, сака да си седи. Има едно како работилница импровизирана и ја става на масичката и си заштрафува, поправа демек коли, камиони и сл. А "црта" на под седнат, на маса не.
     
  9. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.732
    Допаѓања:
    7.737
    Пол:
    Женски
    Колку месеци е? Кај мене 15++. Нема сеуште некој интерес да бои/црта пример.
    Имаме и пиши бриши табли, и со вода и со маркери што се бришат.
    И каква масичка е подобра? Пластична, дрвена? До столче заедно што е? Со посебно?
    Еден куп прашања на темава.
     
  10. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.158
    Пол:
    Женски
    17ипол е мојот. Од 14 месеци почна да се интересира да "црта" (читај шкрта). Обични фломастери му имам земено и А4 листови. Си ги става на под и шкрта, зема еден фломастер, па друг, па трет. На крај и самиот почнува да се бои:)
    Масичка и столче јас имам комплет, пластични се. Јас да купував сигурно дрвени ќе земев, ама и овие се погодија, квалитетни се и најбитно малиот ги сака.
     
    Последна измена: 28 април 2024
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.539
    Пол:
    Женски
    Е моево игра играчки, особено коцки реди топ, става, престава, брат му толку не ги изигра играчките како он. За столче и масичка да пишува ти е рано, после 2 години евентуално, ама можеш да земеш за да си игра други игри на него, пример да префрла од едно во друго, да реди дрвени пазли... Оно шкрта, како добро ја има средено гарнитурата, пикасо не му е рамен, па дури и смисла имаат цртежите, ама не би цртал ако му речам еве цртај. А сака и убаво држи пенкало, молив, ама рано е.
    Толку ефтина а добра количка летна, нема, ако сме искрени, нашата е некаде 6000ден и вреди секој денар за парите. Имаш до кај 4000ден слични на оние генче бебе, чарли и слични. Моево помалку се возеше во количката стара одколку во ова, не му беше ич комотна. Ова се спушта за спиење, има топ стреа убаво што покрива, цврста е, лесно се вози и не кочи. Имам голем багажник и собира доста. Ако не ми е количката не знам што би правела. Брат му од годинаипол беше пешки, овој е тврдоглав ко мазга, шанса нема пешки, до градинка ќе оди цел саат а реално со количка за 10мин сум натаму и наваму.
     
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.732
    Допаѓања:
    7.737
    Пол:
    Женски
    @Mandela , не сум собрала јас храброст за класични фломастери да дадам.
    Што вика Ангел, мислам Пикасо после нема да е рамен на делата.

    Инаку се заигрува, со коцки, со овие како прстени за редење, со дрвено виножито, таков тип. Ама пак и дел во денот кутивчињата се интересни, да отвора, затвора, да "крие" предмети во нив.
     
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    6.852
    Пол:
    Женски
    Како циганче е, на се игра. Секое сабајле стандарт си денска на звукот од цедалката за постокал. Некни играше на бучењето од сушара :lol:
    Фала ти мила, преголема среќа било ова. Денес полна куќа, правевме ручек за блиски, летам :inlove::inlove::inlove:
     
    На Mother of 2boys и DaisyDoo им се допаѓа ова.
  14. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.158
    Пол:
    Женски
    Јас прво се опростив од белите ѕидови и му ги дадов фломастерите. Ама дечкото ме изненади, освен подлогата малце што ја има ишкртано, друго ништо .
    Да не го урочам само сега :D
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.539
    Пол:
    Женски
    Следен пат коа ќе се пофалам да ме поздравите, си стана синоќа господинот во 10ипол и не заспа до 4 скоро. Ми се спие ми се плаче. Ова му е трет пат, ама не мрднавме од спална, нема никаде одење, се тркалаше, се прпелкаше, заспа во 4 со сила ама заспа.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    2.164
    Пол:
    Женски
    ‍‍ само што дојдов да го пишувам ова. 16 месеци е мојот, спие уредно цела ноќ, се буди еднаш за млекце 5-6 па презаспува до 7-8. На една дремка е од 12месеци, спие 2 часа дневно. 8ипол со целосна рутина го легнувам. Е, ама вчера не сакаше да заспие, плачеше, стануваше ми покажуваше накај вратата да излезе, едвај со тешки маки заспа околу 9, за во 10 ипол ДА СТАНЕ СО ПЛАЧКИ СО ВРИШТЕЊЕ И ДА СЕДИ БУДЕН ДО 12 ИПОЛ. Сето ова немаше да го доживеам драматично ако бев сама со него...ама маж ми работи само трета смена, а сум со новороденче од скоро 2 месеци дома...па не треба да објаснувам кој стрес го изедов.
    Не е во скок, заврши 9ти, не му растат заби, не е прооден...од што се случува ова и дали е нешто што ќе се повторува, да се спремам психички??
     
    На 1209 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  17. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.309
    Допаѓања:
    11.722
    Пол:
    Женски
    Го гледам кога се труди да заспие се движи низ креветот и легнува на перница. Како да сака главата да му е на височко.
    Не е рано да му ставам перничка, или?
    За ден-два 13 месеци ќе полни.
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.539
    Пол:
    Женски
    Eве и колешките ми кажуваат, исто кркале и они синоќа. Некое помрачење вика еднава да не имало. Шала на страна да се не понови ова :@ Сакаше да пуштиме Кап кап и покажува накај врата и вика кап кап и игра со рачето нагоре, ко некоја трбушна плесачица.
     
  19. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    2.164
    Пол:
    Женски
    Се што има научено правеше кога беше буден. Ама така како вознемирен беше мојот, некако неубаво
     
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.539
    Пол:
    Женски
    Исто, па и повеќе, абе коа рече збори Мама казе аде Мако нани нани, Мако кап кап ига, Мако њам њам чече, Мако бам бам бапм(бато)... Дојде татко му и се возбуди, Татее Мако нани не не...
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.