Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.369
    Допаѓања:
    2.159
    Пол:
    Женски
    Два пати имам патувано сама со малиот, не ми побарале ништо. Секако и според законот, ако детето патува само со еден родител, не треба од другиот ништо, освен ако има издадено забрана од МВР.
     
    На Fudbalgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.589
    Допаѓања:
    8.607
    Пол:
    Женски
    Не знаев во која тема да го поставам прашањето.
    Во последно време има сипаници кај ќере во групата. Со едното девојче уште неколку дена и ќе бидат 21 ден од контакт, а со најновиот случај мислам дека 6 дена како се осипало девојчето ама да речеме ако девојчето се осипало во петокот мојава последно во понеделник била во контакт со неа. Знам ќе треба да чекам 21 ден да помине. Ама треба да примиме дтпр ревакцина, што ако ја вакцинирам а и излезат сипаници нешто може да се искомплицира?
    Сега ќерка ми деновиве не беше во градинка ама од четврток пак ќе оди и може и друго дете да се осипа не може да знаеме, пошто тие сите се во контакт едни со други.
    На мисла сум дали да ја одложам малку вакцината, не знам што да правам.
     
  3. Jana7

    Jana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    177
    Детуле 18 месеци е премногу поврзано за мене, право лепенче ми е кога сум дома, оди во градинка без проблем и седи со други ама штом ме види никој друг не ја интересира. Тоа и не ми пречи толку, ама ноќе сеуште не ја преспива ноќта и кога се буди само со мене се смирува, ни со мм не сака. Сеуште цица само навечер, се мислам дали ако целосно да одбијам ќе почне да спие или ќе биде бетер бидејќи не знам како би презаспивала тогаш. Некоја со слично искуство? :)
     
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.163
    Допаѓања:
    40.525
    Пол:
    Женски
    Мислам дека џабе ќе одложуваш. Ако вртат сипаниците во градинката ќе ги има уште и во наредниот период. Плус од личен пример, големиот мој не фати од никого кога беше најголемото жариште ги фати после 3 месеци кога веќе скоро сите прележаа и тоа немам појма од кого и од каде. А па имаше девојче во негова група што не ги фати ниту во градинка од никого ниту од братчето дома. Ако толку ти е шубе почекај до 14 ден од последниот познат контакт па ако е добра носи ја.
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    6.852
    Пол:
    Женски
    Мојот ниту цица ниту беше лепенка за мене пред да тргне во градинка. Преку ноќ се смени и навечер се буди само да провери дали сум тука, ако не сум има драма. Така да одбивањето не знам колку ти е гаранција, пробај одбиј ама не си давај многу надеж дека ќе смени тогаш. Зашто мојот сега е ист како ти што пиша, со сите седи додека не ме види. Е кога ќе ме види е само мама, ни кај татко му нејќе тогаш. Е кога не сум дома е друга прича, воопшто не ме ни бара тогаш и мирен е со било кој
     
    На Erika.greeneyes, Jana7 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.540
    Пол:
    Женски
    Од моето искуство, нели малку поголем е батково па пројдовме ова, растат забите или нешто ново ќе искача. Но исто вака се однесуваше и кога го болеа уши и грло имаше воспалено, како да му горчеше се. Тогаш почнав да нудам течности, сокови цедени, па се лажеше и плус и каснуваше нешто. Околу 2 недели траеше ова, се измешано, заби, грло, уши, па и вирус на крај. Ако од пад на трева нешто се десило ние досега требаше да сме не знам кај, сто пати е паднат на глава и тоа многу лошо паѓа, ко од слободен пад, абе од нозе сопствени се сопнува. Ако има нешто со нервите ќе има и други симптоми, ќе биде многу раздразлива, ќе плаче без причина, ќе повраќа, ќе се сопнува или паѓа без причина...
    Леле како не е ништо страшно еег, сте правеле? Прилично е трауматично, и за бебе и да родител. Прво треба цела ноќ да го држиш будно, да го заспиеш некаде каде што не е дома, да се крстиш да не стане среде снимање и да исчупа тоа каблите и да ја извади капата. Прилично е стресно и за мене искрено страшно, испив 2 лексилиума внука ми кога ја снимавме, сум плачела ко мало дете кога ја видов со тоа капата и каблите, а седењето цела ноќ без сон и држењето будно дете што сака да спие... Никад више и никого.
     
    На Anturium, 1209 и gothchick им се допаѓа ова.
  7. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.309
    Допаѓања:
    11.722
    Пол:
    Женски
    Мајки, каква паста за заби користите?
    Ваква четка му зедов уште кога излезе првото запче, но сеуште не сум купила некоја паста соодветна за возраста.
    13 месеци има, дајте предлог каква смее, каква не смее.
     
  8. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.840
    Не, не размислувам на снимање, мислев онака само на мислење да одам да ја видат дур го прави тоа. Ама читав дека може да е тремор некој, имавме таква ситуација со маскота крокодил и се си мислам тоа е, кога се наоѓа во некоја за неа неповолна за неа ситуација го прави тоа. Дали страв, паника, не е гладна, не и се допаѓа нешто без разлика храна текстил, играчка. Мм ја проближува кон човекот облечен во костим она како на струја почна така да се тресе, ја оддалечи и прекина. После проба пак и пак истото.
    А за јадењето, некако ми влече дека пребира…сок цеден може да пие по литро, или купечки сеедно, благо, бисквити, шмукалчиња еден тон, смутиња, па и смоки може. Кога ќе дојде време доручек/ручек не сака. Вчера и направив ориз со месо и павлака абе изеде повеќе од мене, три пати доставав во тањирчето (ориз+павлака) и е омилено нешто. За празников во неделата цел ден само на месо беше, тоа сакаше друго одбива. Така да 99% сум сигурна дека почна да пребира кога станува збор за храна, макар и гладна седела.
    Сега нема благо, сокови и сл, да се одвикне колку толку од тој вкус. Не дека претерувавме со благо, ама сок премногу пиеше.
     
  9. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.413
    Допаѓања:
    77.866
    Пол:
    Женски
    По закон треба да се има полномошно и имаат право да ти го побараат. До сега преку 20 лета имам со малата направено и ми се случи сега во ноември да ми побараат полномошно и да не сакаат да ме пуштат. Морав извод да покажам на венчани и такви работи.
     
    На 1209 и Anika55 им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.239
    Допаѓања:
    111.540
    Пол:
    Женски
    Земав напредок со паста нук и уште таа ја користам. Кога ќе ја завршам исто ко бато Елмекс од 0 ќе земам.
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    4.187
    Допаѓања:
    70.822
    Пол:
    Женски
    Јас курапрокс без флуор имам, друга не сум пробала, доста долго трае. Ја обожава, плаче за уште :D

    Screenshot_20240509_143817_Google.jpg
     
    На DaisyDoo му/ѝ се допаѓа ова.
  12. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    4.940
    Пол:
    Женски
    Како да го научам да спие во креветче, има 20 месеци, веке не цица ама уште се буди ноке и плаче за цицање, не прифака ни вода, ни нишкање, се лути плаче, ако му зборам уште повеке се нервира, ако пробам да го нишкам нејке, се тегне, мава, скубе, ако го оставам плаче прета по некое време доаѓа до мене ке се гушне и презаспива. Веке вчера поретко беше будењето , само еднаш се разбуди и брзо заспа.Следна фаза ми е да го префрлам во креветче, почнав денски да го ставам,оди по него, скока, му викам легни да спиеш се игра легнува мижи демек спиел па станува и се смее, после скока од креветчето на спална. И мн тешко ми запсива и денски и навечер без цицање, еве 10 дена поминаа уште немаме некој ред.
     
  13. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.713
    Допаѓања:
    6.014
    Повеќе од месец дена помина, уште им текнува да побараат да цицаат. Ама почнаа да преспиваат и се будат ама ептен на кратко. Уште спијат со мене. Мислам дека не треба да му приредуваш уште еден стрес толку брзо после одбивањето, дај му време да се навикне па после пробувај да го преместиш во креветче.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Fudbalgirl

    Fudbalgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2014
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    232
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.042
    Допаѓања:
    45.981
    Пол:
    Женски
    Ај да прашам и тука за совет.
    За две недели брат ми прави свадба, на отворено е ама пак има музика нели, слушалки мојов не сака да носи, ставам ги фрла, како да го заштитам, како да се организирам околу свадбата? Имате ли искуства, секако дека на брат свадба цел ден ќе сум вклучена, денески нема да го носам ќе седи со свекрвата оти е жешко и нема потреба, вечерта и они се на свадба. ќе земеме соба таму, ама он само со мене спие и не сака со друг, а и да заспие морам до него да лежам оти има лесен сон и станува 20 пати. Стварно не знам како ќе постапам, уште сега сум мнгоу анксиозна и не можам да се радувам на свадбата на брат ми, која ја чекав толку многу, не можам да се опуштамоти не знам како да се организирам. Совети?
     
  16. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    4.916
    Купи слушалки и учи го да ги носи од сега, со залажување додека ги ставите, после ќе ги заборави. И не седете до звучникот. Ако е баш на отворено нека ја тргнат вашата маса на страна, тоа не е опасна галама, вака може и во количка да спие. Или вечерта ќе го заспиеш во соба и некој друг ќе го чува, ќе биде уморен сигурно, може и поцврсто ќе спие, ако стане ќе те викнат ќе го презаспиеш. Па и да се ресетира и да не презаспие, ќе заспие вечерта дома. Не знам кога легнува, ако му пролонгираш сон саат-два не е страшно, само немој премногу. За 6 месеци ќе си речеш требаше да сум поопуштена. Не се стресирај, уживај си во свадбата, само добро организирај се, ништо нема да му биде на детето.
     
    На LiquidLuna, Mother of 2boys и 1209 им се допаѓа ова.
  17. Thinkerbell.

    Thinkerbell. Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    1.375
    Допаѓања:
    3.215
    Пол:
    Женски
    За слушалки те сфаќам зошто мојава вади и капи и стегачи и венчиња и се. Ти ставај го упорно, може ќе се подзаборави па ќе ги носи. Имаш 2 недели секој ден да пробуваш. Ако спие во количка може и тоа да биде опција, со слушалките, башка на отворено сте. Знам дека нема да си опуштена и не е исто со дете, ама ќе се снајдете. Супер совети ти даде и членката погоре. И да се разбуди ќе презаспие покасно. Еден ден не мења рутина (ова ти го кажува човек опседнат со рутина на бебе :) ) . Ќе биде се добро.
     
    На LiquidLuna, 1209 и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  18. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    6.852
    Пол:
    Женски
    Лани бевме на сестра ми на свадба со 8 месечно бебе. Преку ден не беше, само вечерта. Пола ноќ ја поминав успивајќи го и иако беше во друга соба и немаше галама заспа едвај за да стане за пола саат. Ај пак на ново, и беше неуспешно. На крај си го зедов на орото, и после вечерата свеќи го зеде дома. Од мене совет не се малтретирај како мене да мора да спие по секоја цена. Ако заспие супер ако не уживајте си во свадбата заедно па организирај некој да го носи дома порано. Е тоа што не спие без тебе е проблем, може да пробаш ти да го заспиеш па да се вратиш на свадбата и да се надеваш дека нема да биде узбуна ако се разбуди
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.451
    Допаѓања:
    5.223
    Пол:
    Женски
    Јас бев кај сестра ми на свадба со бебе/дете од 1 год и 4 месеци...денски го носев малку по невестата па отидов го заспав во друг стан и таму ја помина првата дремка ама не се разбуди...па дома на втора дремка и на крај во хотел...во хотелот поседа саат и пол на свадбата и имавме резервирано соба отидов таму го заспав и спиеше дури не се вративме вечерта во 2 а цело време го гледавме на камера...кој беше слободен си ја подававме камерата секако собата беше на 100 метри од салата...убаво поминавме ама мачно искрено, цело време го мислев ама немаше на кој да го оставам сите што можеа да ми го чуваат беа присутни на свадбата...да имав на кого да го оставев деф тоа ќе го направев или ќе го земев саат два на свадба и после дома...имаше и 1 год детенце на истава свадба го легнаа во количка подалеку од музика и си спиеше цела вечер...убави совети ти дале членките, јас до ден денешен го држам на распоред а има 3 год, нема мрдање од ноќно спиење едино за роденденот го оставив 1 саат покасно да седи, ама тебе би ти дала совет не се замарај, за една вечер ништо не ќе му е, ако нејќе да спие земи си го на оро и уживај, ништо нема да се поремети за еден ден а ти убаво ќе си поминеш и ќе си среќна
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    1.192
    Пол:
    Женски
    Ќе биде супер. И јас мислев дека му требам јас да заспие ама една ноќ така се гушнаа со татко му и му реков добра ноќ те сакам и ми мафна, искочив и си заспа. Пробај варијанта друг да го заспие за дремка или ноќе. За слушалки исто како капа, ти ја ставаш тој ја вади и после некое време ќе прифати
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.