Како да ја научам на стегач, венче, шнола. Со све коса ги вади. Не се неопходни знам, ама па мерак ми е некад да и ставам. Како е кај другите девојчиња? 21 месец има.
14 скоро има. Ко помала све си носеше и не вадеше сега ако ја залажам ќе заборави дека има нешто, ама после некое време ги докачува и вади. Јас од практични причини сакам да и фатам коса, зошто има коса стварно. Посебно летово не знам како ќе биде со топлото.
Јас врзувам ластичиња до кај ќе стасам. Има густа коса, но не доволно долга за комплетно да ја собереме, така да оваа ни е опција за да не и смета ни во лицето, ни да и е жешко.
Здраво мајки тие што имаат ваков топломер,дали сте задоволни? Имам дигитални за под пазува на микролајф и чико,ваков безконтактен прв пат користам плачки е за мерење тт под пазуви затоа и го земав највеќе.
Ист ваков имам, задоволна сум. Два дигитални имам, двата не се точни. Од таа причина најмалку им верувам на дигиталните. Имам и еден со галиум (како живин, само наместо жива има галиум). Тој ми е најсигурен, ама ретко го користам, бесконтактниов врши работа. https://www.zegin.com.mk/mk/geratherm-eko-toplomer
Јас имам ваков микролајф за во уво и мислам дека е добар. Не ми се гледа дали е за на чело овој или е како мојот за уво.
Го користам 4 години и задоволна сум, ама кога има покачена температура, не се потпирам само на овој.
Мислам дека од Еурофарм го имам земено, не се сеќавам точно, околу 2500 денари беше пред скоро две години. Мери и температура во просторија, на вода за бањање и млекце за пиење, ама овие функции јас ги немам користено
Од марката сум задоволна. Јас имам два за во уво, еден бесконтактен и уште два за под мишка од кој едниот е дигитален. Бесконтактниот го имам скроз тргнато затоа што не ми се допаѓа само се нервирам (нешто јапонска марка е и скапо е купен). Со тие за во уво паралелно мерам и скоро исто покажуваат, а ако ептен иде нагоре температура земам и под мишка мерам за најсигурно.
И јас сум од марката задоволна,затоа и земав на Микролајф. И овој како дигиталниот од истата марка добар се покажа.
Точен е. Јас овој го користам и го имам споредувано со тој со жива, исто покажува. Само кога мериш да не мрда многу детето, тогаш не покажува точно до крај.
Сефте во темава Мајки кои доите, како ви изгледа денот со подои/ужинки? Дали подојот заменува ужинка или треба да нудам после главен оброк, а ужинките да се цврста храна? Скоро наполна годинка, и мислам дека му фали повеќе цврста храна во текот на денот, бидејќи кога јаде главен оброк, тоа е количински прилично голем оброк. Само не знам како да испланирам. И некои идеи за ужинка, а да не се овошје? Може лупам сеа, ама салата со зеленчук пример може да се рачуна ко ужинка? И дали е ок да се дава ко ужина?
После годинка веќе воведов 2 цврсти ужинки. Најчесто првата млечна и покалорична, втората полесна. Цицање по желба и за задоволување на жед. А веќе после 14м го ограничив само за заспивање и будење наутро.
Јас накај 21 месец почнав да и давам, околу пола мала лажичка, не го мешав со вода. Го давам и за имунитет ама и за да ги пие витамините насабајле Земам пола лажиче маџун, капнувам витамините, го пие и после пие вода ако сака. После почна и чаеви да пие со маџун, па сега накај 2ипол години се собира да испие 1 цела мала лажичка некои денови. Ама од 21 месец без прекин го пие секое сабајле барем по пола. Е јас не сум прашала колку количински смее да им даваме и дали да го давам без прекин. Ако сакаш да ми кажеш дали од доктор и какви препораки ти дал во однос на маџунот. Инаку имам и мед и маџун домашни ми ги носат, ама на мед сум алергична па не го конзумираме по дома многу многу, а маџун јас заради железото сум користела порано.