Фала. Вчера бевме на прегледот за една годинка, и ме искараа дека сеуште сум нудела подој како замена за оброк/ужинка. Па си викам да не правам нешо грешно.
Од 8ипол месеци се до годинка додека воведам комплет ужинки првата ужинка беше млечна цврста, јогурт со лепче, бисквити со млеко (ад), гриз со млеко, јогурт и овес... Следната ужинка беше цице. После годинка веќе скроз сменивме нели на 2 цврсти ужинки.
@AngelOfArh , како ви изгледа едно дневно мени отприлика? И од кога веќе почнувате да давате иста храна на дете, како и домашниот ручек пример? Немам дадено еурокрем, избегавам чоколадо во целост, салами, маргарин, паштети и такви работи. Ама од нашиот ручек знае да касне. И да има друго спремно за неа, веќе препознава и бара т.е сигнализира дека сака и од нашето. Не којзнае колку ама 4-5 залаци, колку да не е без ич. Инаку мене ретко ама ми се случува некогаш ужина да заменам со Ад млеко. Ако ептен немам идеја што да јаде или сме некаде на пат, па почисто/побрзо ми е Ад, да дадам.
Ако не јадеме брза храна, пица, бургер или нешто нарачано не знам, нешто што не јаде он, му правам посебно, иначе јаде веќе од нашето. За 2 недели полни годинаипол. Млеко после година не е ужина, течности се, не е храна. Смуди, кесичка таква со смуди купечка, има повеќе калории и влакна од млеко. Сеа не е дека е страшно некад да дадеш млеко место храна, не даваш секој ден така? Инаку последниов месец почнав почесто да давам наша храна, да речеме повеќе после 16м. Исто и со големото постапував.
Епа затоа се мислам, еве пример доручекот е секогаш житарка + овошје, и за ужина сеа пак да му дадам житарка, а за ручек/вечера компир или ориз пример, некако многу житарки во еден ден ми доаѓаат А алергичен е на млечни производи, едно време му давав од веганските ама па во нив има се и сешто и некако ги избегавам во последно, и освен овошје/зеленчук, не останува нешо друго за ужина.
Полека ќе транзитираш од житарка со овошје кон покалоричен појадок, ќе видиш, големи се веќе за таков појадок. Житарка со јатки и млеко пример, па додаток малку овошје, ама не главна состојка овошјето. Малку повеќе калории ќе требаат. Јас давам најчесто мусли од ДМ од кутија, бебешки, со малку банана, путер од јатки и млеко. За ручек ако дадам пак житарка тогаш полесна вечера, пример супа, пире само, јогурт со лепче...
Кај мене ако се случи на попладне инцидентно да испие млеко, за 1-1,5 час јаде нешто плус. Млеко само како ужина и да е повеќе часови без јадење, не. За појадок ако давам житарки со овошје, процентот на житарка е поголем, на пример кога почна со оброк 1:3, па 1:2 , сега веќе е повеќе житарка, малку овошје. Овошје јаде во текот на денот или како шмукалче или свежо во парчиња. Млеко е обавезно пред спиење, многу ретко наутро и тоа само 100мл утринското, ако пример се разбуди многу рано, па додека стасаме до градинка поминува повеќе од час. Ако јас ја разбудам после 7:00 наутро, прв оброк и е во градинка. Кај нас воспитувачките викаат да ги носиме гладни, за таму да јаделе. Инаку бар мојава оброк без леб/скроб речиси и не ја заситува. Не е дебело дете ама си јаде количински.
Веќе 2-3 месеци има таков појадок, секогаш има во житарките путер од јаткасти. Можам наместо со вода да мешам АД, на тоа мислеше?
Добродојдов тука Имам 2 прашања за исхрана како мајка на 1+ по ново 1.Смеам ли веќе сол и колку? 2.Што сега не смее да јаде? (Некако уште сум навикната да пазам на храна па уште не ми оди природно да се опуштам и да јаде она што ние јадеме.)
Втора вечер како плаче пред спиење како да го коле некој, од 08.30 го качив до сњжега се одра од плачење, во раце нејке, удира мава, хистерично плаче, се врти по кревет, станува се фрла, нема што не пробав, му зборував му пеев пробав музика, бели звуци, телефон, песбички приспивни на јутуб, тв, на момент ке прекине и пак продолжува и тоа хистерично вреска, предходно беше весел, си вечераше, се качивме на спиење и хорор. Вчера денски не спиел, 3 пати го будел големиот и беше преморен, врескаше од 9 до 12 ама денес си спиел на пладне 2 часа, не прифаќа ништо ни вода ни чај ни млеко, ни нишкање, абе незнам што не прибав, на крај затемнив црна темница скроз и седнав со него во една столица за клацкање и некако престана да плаче и заспа. Мн се вознемирив, тахикардија имам, незнам што му е, не цица веќе 2 недели а уште бара и спиењето му се поремети скроз.
Мојава уште цица па вака прави кога треба да ја заспивам за ноќно успивање. Затоа и се плашам да ја одбијам. Од старт е тешка за заспивање и прозори на будност следам и дремка има се потаман ама многуууу тешко заспива. Не знам кај грешам. Ете и ја шетам секој ден воздух да ја фати. Екрани не гледа. Кога ќе дојде време за заспивање е ми се плаче. Баш со марина еднаш од Ремедика зборував дека е многу тешка за спиење. И ми рече чим си пробала се едноставно такво си е детето, не е до тебе. Ама пак тешко ми е и се осеќам ко нешто погрешно да правам. Имам другарка ни прозорци ни ништо не следи не се замара и девојчето нејзино многу подобро спие од мојата и побрзо заспива.
Заби му излегоа 3ки и 4ки сите имаат врвчиња веќе, излегуваа сите во исто време и горе и доле дали сеуште го болат додека раснат. Оваа е 3 недела како не цица, првите 2 дена беа плачки после не правеше проблем, ке си легнеме ке се гушне во мене и заспиваше, предходно заапиваше цицајки без проблем, ама овие два дена е лудило, ај во понеделникот беше преморен ама вчера незнам што му беше. Дали е престимулиран, со големото се турбо, цела ден глупости прават, се качуваат секаде, го следи го копира, плус почнаа да се тепаат, големиот го нервира и малово оди нервозно и се тепа, удира, гребе, штипе, скубе. Гледаат пикабу, и тоа не цел ден ама пуштен е тв постојано. Големото ми е пак под казна без гледање тел, интернет нитендо, све му укинав и сега лудило, намерно го закача малово, го потикнува на глупости, го живцира. Страшни се
Oд забите е верувај, значи додека избијат тројките до крај, бидејќи се подебели од врвчето, ги боли. Иста мака имаме и ние. 1.Сол смееш по малку, на врв на ноже. 2. Смее да јаде се веќе, јас му дадов и јагоди и мед веќе и нема појавено никаква алергија. Планирам и печурки викендов да дадам, само тоа остана. Јаде исто што и ние најчесто.
Дечки, детево мое по цеела ноќ ја преспива на стомак. Така заспива и така спие до сабајле, освен главата што ја врти десно, лево. Ова откако се одби од цицање, инаку спиеше на страна(односно на цицка). Ме нервира и почнува да ме загрижува. Ја ставам на страна и или се буди и плаче или пак си легнува на стомак. Има и друго дете што спие вака? Може нешто да и наштети?
Малиот спие на стомак. Пред да бидам доилка спиев и јас. Ако за нешто се радувам кога ќе го одбијам од доење е тоа дека пак ќе спијам на стомак. Само така и ќе се наспијам. Ништо не му е детето, без грижи.
Јас едвај чекав раната од царски да помине и одма на стомак легнував. Со второво имав мака од спиналката и едвај се исправав ама спиев на стомак одма. Само така сум наспана.