Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    1.840
    Малата ми е 15 месеци и оваа година до сега еднаш употребивме количка и тоа летна, класичната уште лани зимоска ја тргнавме. А трицикл во маало секојдневно возиме, кога можев ја зимав и од градинка со него. Да се склопуваше сигурно и во кола ќе го носевме ама кога има што да прави, кај да чепка или деца, мора да е пуштена нема шанси во нешто да седи. Ако се вози зошто воопшто се мислиш, одмор и раат за тебе е. А ако не се вози, дистракции некои до посакуваното место и после пуштање.
    Ние сега добивме и тротинет оној со седиште, ама никако да го вози, само го бутка како проодувалка, а првиот ден седна и возеше од прва бевме мераци и среќни сите, ама за кратко:rofl:

    За кремче ќе видиме, чим таква е работата ќе го пробам на Мустела ако не ја бива ќе се вратиме на веќе познатото, па мама ќе се шлапа на меше:lol:
     
  2. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.303
    Допаѓања:
    4.957
    Пол:
    Женски
    Житарките (посебно тие со глутен) и млечните производи спречувале апсорпција на железо. Мене ми рече да ги исфрлиме еден период сите житарки и се млечно ама јас скроз искрено не се придржувам, некако без житарка се ми се чини гладно бебе, и Онака беше слаб сега ептен е на диета. Давам по малку па ке видиме.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Дали е можно дете од 1 год и 3 месеци да има температура 39 веќе 4 дена и таман ќе спадне одма пак се качува… гледам одеднаш извадила 5 ки заби и цело време се гриза, ма да кхс покажа и вирус а знае и пролив да има малку. Да не има некој таков вирус?
     
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.338
    Допаѓања:
    51.232
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми за скоро еден месец ќе полни 2год од вчера почнавме со количка да се возиме.
    Онака не можам да ја шетам не е мирна ич, штом виде некое дете се тегле по него.
    Во комшии имаме игралиште и таму ако ја однесам враќање назад нема, како деца да не е видела.
    Не ми се оди надвор ради тоа, гледам други како се шетаат убаво ние така нема шанси, не знам само кај нас ли е така.

    @Shekjerna Да има таков вирус.
     
  5. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.257
    Допаѓања:
    7.614
    Пол:
    Женски
    Фала ти. И пишав емаил на докторката за термин да ми даде. Лесно ли се добива термин кај неа или се чека по многу? Само 2 недели ќе сме во мк во јуни, се надевам ќе добиеме за тој период.
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.394
    Допаѓања:
    47.634
    Пол:
    Женски
    Детево како и да го облечам/соблечам ноќно време ми е ладен на вратот. Пробав си различни комбинации за спиење, различна тт на соба, вреќа/без вреќа, покриен со ќебе, со тетра и секогаш е исто, ладен ептен на врат и грб.
    Некогаш и нозете се ладни некогаш претопли. Он не изгледа како да му е ладно ама нели ладен врат и грб велат ладно им е.
    Имате идеја од зошто вака? Што да превземам?
     
  7. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    2.482
    Кога престанува фазата пикање се во уста? 20м е
     
  8. LiquidLuna

    LiquidLuna Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    7.326
    Допаѓања:
    40.623
    Пол:
    Женски
    До 3 години имаат такви фази, колку што знам. Ќерка од бебе нишо не ставаше, еве ја после вториот роденден се сака да вкуси (facepalm)
    А таман мислев сме имале среќа да не прави такви работи :D
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.970
    Допаѓања:
    12.144
    Пол:
    Женски
    Ние сме 3 и 4 месеци,уште ставаме,не знам го кога ќе е вака,не знам.:@
     
    На Mother of 2boys и velesanka им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.749
    Пол:
    Женски
    Можно е и да се поти па да се лади. Бебе што му е ладно спие на стомак со раце под стомак, престуткан и прокиснува во пелена. Ако не прави ништо од ова не му е ладно. Така да види да не се поти и да се лади потоа. Облакај го тенко без вреќа, покриј го со тенко ќебе и види дали ќе има ефект. Јас вака се спасив, инаку се беше ладен, ама една вечер не спиев, го гледам цел испотен, после 2 саата како падна тт се олади и сфатив дека уствари од тоа е ладен.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    4.550
    Пол:
    Женски
    Колку мл давате сируп блок макс за 20 месечно дете ?
     
  12. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.819
    Допаѓања:
    7.019
    Пол:
    Женски
    5ml
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.413
    Допаѓања:
    3.261
    Пол:
    Женски
    Без количка излегуваме само за на гости или во игротека^_^
    Не можам да замислам што би се случило без неа, поточно еднаш искусив:whew:
    Толку брзо трча, што мислам дека ќе го изгубам од видик за 2 секунди ако не сум рамно со него во трчање. Верувајте стрела е, сите се чудат како е волку брз. Секаде каде има клупа се качува и трча исправен низ неа, трча во спротивен правец од нашето движење, па може да начека вода и доколку не се пикне буквално цел, почнува со трескање од земја.
    Не знам, мислам дека само ние го имаме овој проблем, никогаш не знае да трча тука пред мене, или кога ќе му речам “ајде одиме напред” да тргне. Се понаша како испуштен од синџир:sweat: Хиперактивност на максимум…
    Баш во петокот ме фати жал да го извадам од количка да се раздвижи, кога он најде клупа и почна да прави акробации горе долу, нормално кога го викнав да одиме понатаму исто како на копче он да сум стиснала, па се пушти тантрумот на најјако.

    Во јули ќе правиме 2 години и како што тргнало ќе си седи во количка до 5 години:lol:
     
    На Freckles. и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  14. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.664
    Допаѓања:
    2.482
    Сака да се вози? Мојот се исправа, плаче, тегне…
     
  15. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.413
    Допаѓања:
    3.261
    Пол:
    Женски
    Фала богу барем за тоа немаме проблем:rofl::rofl: Ама да се вози, не смееме семафор на црвено да фатиме:smirk:
     
    На Freckles., Mother of 2boys и velesanka им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.394
    Допаѓања:
    47.634
    Пол:
    Женски
    Моето вака правеше до скоро ама последната недела две пак смени и почна да сака да се вози, барем кога ќе се измори од одење, секако сега одењето е главно.

    Давате вит. Д летно време?
    Јас се мислам да прекинам 14м е, давам омега и мислам само со тоа да продолжам.
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.377
    Допаѓања:
    206.325
    Пол:
    Женски
    Само на море кога сме не давам. Моиве се 13 и 7 години, уште им давам витамин Д. Не секој ден, ама давам.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам, кои ги давате?
    Барам ама некако за ноуве и не можам да им погодам баш.. капки не сакаат, молерс исто.. ми треба нешто како бонбони да се ама вкусни за да пројдат… има такви? :D
     
  19. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    13.505
    Пол:
    Женски
    Молерс има рибички со вкус над 3год, а Д3 давам Вигантол на лепче, смоки, бисквита.
     
    На NNK19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.377
    Допаѓања:
    206.325
    Пол:
    Женски
    Капки на Now, 1000 единици во една капка што имаат. Немаат никаков вкус, а е маслен раствор. И јас и мм ги пиеме истите.
     
    На Mother of 2boys и NNK19 им се допаѓа ова.