Хахахах не е само твојот. Мојата е исто доста брза. И јас секој ден ја вадам надвор. Мојата не седи во количка, така да... нема одмор. Трчам цело време со неа. Напред назад. Мора пазење иначе ќе ми побегне. Многу криво ми е што не седи во количка или трицикал, да се прошетаме на раат. Мозокот малце да ми биде поопуштен. Не ми е проблем трчањето пошто имам кондиција слаба сум страв ми е да не ми побегне па да претрча преку улица кај колите. ..
Ќерка полека ама сигурно ја учи моќта на плачењето. Не сум во можност само јас да ја чувам цело време, плус кај мене многу не и "дејствува" плачењето без причина ама кај сите останати кои ја чуваат без проблем со нејзини неполни 17 месеци манипулира. Пример е надвор, ако пробаат да ја внесат дома, почнува плачење и нормално останува уште некое време надвор. И ред други такви примери. Генерално знам кај е проблемот ама не можам да дадам отказ и само јас да ја воспитувам. Во градинка уште бетер, плаче ако не и дадат играчка што си ја замислила, ако ги внесуваат внатре од двор, ако не јаде во првата група итн итн. Во моите очи е разгалено дете што под итно мора да се стави под контрола, во очите на бабите и дедовците си е злато најголемо, ангелче. Е сега како да се вратиме под контрола, гледам секој слободен момент да е со мене и јас да водам сметка за нејзините потреби и однесување. Wonder weeks вика дека е во скок и ќе биде следните неколку недели. Ако препишам на скокот се, за неколку недели може и во бетер ситуација да се најдеме. За казни ми е рано некако, а не знам и дали би сфатила дека е казнета и зошто.
Мајки дали дете кога има вирус ви даваат антибиотик? Бидејќи докториве викаат само кога има бактерија се дава, на вирус не помагало
Зависи за каков вирус се работи. За ринити или народски кажано настинки давам Виранто, за стомачни пробиотик и електролит, за некои ништо не давам, пример сега, не давам ништо зошто поткашлува и нос му е со секрет но не е алармантно, само чистам нос со раствор и прскам Септаназал.
Здраво, колку денови ви траеше откажување од цуцла? Моево дете последните 6 месеци ја користеше само за спиење и решив веќе да ја баталиме. Еве денес 4ти ден, прв пат ја побара едвај се смири. Инаку има 23 месеци и мислам дека доста беше цуцли .
3-4 дена вриштеше хистерично, после тоа само си ја спомнуваше и ќе и кажев дека мачето ја изело и одеше се караше со мачето ( ама тоа веќе не беше мој проблем ) После 1 недела скроз ја заборави. Баш после вториот род
Моево не збори уште убаво, само отвара уста и покажува со прст а јас се правам будала дека не го разбирам што сака
Мајки какво кравјо млеко давате во мк тие што сте? Тука пие козјо ама и кравјо му имам давано си го пие без проблем. Си одиме за 2 недели па да знам што да зимам
За тетрапак млеко? Мојата не пие како пијалок, ама во бисквити и слично ставам алпско или битолско тоа со витамини божем што е. Јогрут и кисело млеко, кравјо од бучен козјак, козјо од кораб трница.
A што ќе му е млеко да пие? Батали, не е корисно. Ако јаде, млечни и други продукти, што ќе му е млеко. Извини не е тоа прашањето, ама дека кажуваше често се разболува, пробај, ништо не губиш, јас приметив разлика.
Има ли некоја мајка што користела бронховаксом во комбинација со изопринозин за бустање имунитет? Малиот тргна на градинка пред два месеци, три пати се разболе три пати спушти на гради и пиеше антибиотици. Слаб е на килажа и со разболувањава уште толку не јаде и ослабнува многу, не можеме да го пркнеме. Матичната препорачува да пробаме со оваа комбинација па сакам да слушнам искуства доколу сте пробале.
Ние само изопринозин сме користеле и имаше ефект. Ни препишаа 3 пати по 10 дена да пие па 20 дена пауза.
Дали може подетално да ми кажеш што значи 3 пати по 10 дена па 20 пауза, дали тоа се три месеци вкупни од кои 10 дена пие 20 пауза па после пак 10 и пак 20 пуза или?