Синко е 1 година и 9 месеци, или 21 месец. Ја прашав матичната вели да давам ама од есен, да залади малце. Според неа на лето не било добро препарати за имунитет да се користат. Порачав јас Колострум, тука сеа го нема, ќе ми донесат и ќе почне да пие.
Син ми од синоќа е полн шлајм. Цела ноќ се мачеше, не знаев како да му поногнам. Се давеше, плачеше како да го боли нешто (можеби грлото). Телото му беше ладно а тој се потеше. Го пресоблекував цела ноќ. Само цицањето помагаше да се смири и заспие. Откако се раздени помирно спиеше, сега е подобар, ама е полн со мрсули. Вадам со пумпица и тапкам по грб колку можам, ама кога ќе кивне најмногу излегуваат. Засега нема температура, па не планирам на дежурен да го носам ако е вака подобар. Здравје утре на матичен. Во меѓувреме што можам да му дадам? И дали да го инхалирам пред спиење за полесно да спие? Ве молам за совет мајки.
Ако имаш инхалатор,обавезно инхалирај го.Нас два пати тој не спаси од антибиотик кога беа преполни со шлајм. Бистри течности за да го разводенат и полесно да го исфрли.
Имам инхалатор, иако не ми е употребен досега. Од течности пие по малку вода и цица. Нешто чај дали да му понудам и каков? Фала многу мајка
Можеш и чај доколку ти пие.И капки од диво оригано за во нос.Делуваат антибактериски ,мн се ефикасни.
Здраво мајки, Ме немаше некое време никако не можев да најдам време да пишувам а ве пратив редовно. И ние исто така еве една недела бевме со антибиотик со амоксиклав зашто имавмо ангина на грлото и пролив повраќање и температура 39,8 најмногу.КАтастрофа цело лето ми помина со вакви вируси нон стоп со лекарства, и јас исто сум многу настината изгледа се заразив од малиот. тој сега подобро е ама почна пред два дена да кашла исто така со шлајм и очите му се поцрвени не знам од што би било се прашувам? Поздрав
Ајде и ние да се пријавиме. Два дена со температура 38-39. Бевме на лекар ни рекоа настинка. Да очекуваме температура од 48-72 часа. Нема наод на плуќа ама крвната слика лоша. Железото испод нормала. Пред два месеци супер беше, ама веќе кажав и во друга тема дека јадењето ни се сведе на леб, сирење, кисело млеко и палента па ете го исходот изгледа. Совети за железото се добредојдени.
Се што содржи железо:зелен листест зеленчук,просо,жолчка,кајсија,овес,телешко,какао,цвекло нуди почесто без да го комбинираш во исто време со млечен производ. Обавезно витамин ц. Ако не оди на природна база тогаш земи сируп со железо.
Јас знам дека во момент кога детето е болно може и вредностите на железото да не се точни. Убаво е да се храни ако сака да јаде се што има железо, но повторете крвна слина. Флорадикс киндервитал го препорачувам од сируп или малтофер капки ама од бугарија ако има кој да ви донесе.
@joy1 и @leona83 фала за советите. Проблемот е што син ми одбива сируп, никако не можев да му дадам далерон. Лом направивме се околу нас. Едноставно не сака да голтне. Еден тон начини пробав. Хорор. Ќе морам да комбинирам само со храната. И тука ми е тешко оти овошје не сака, само зеленчукот ми е опција. Ноќеска не успеав со сирупот и морав чепче да му ставам. И јас помислив дека вредностите можеби се неточни заради болеста, ама стварно последниве два месеци исхраната ни е катастрофа.
@zuto mila ist slucaj i kaj nas e cel mesec ne jade nisto samo po dve lazici kiselo mleko po pola banana i frutolino mnogu malku okulo 70 ml so voda. utre treba da napravime krvna slika i za zelezoto da proverime. za ocite ni dade deksametazon neomicin kapki rece deka e infekcija na ocite nema baza na alergija. za bris rece deka vekje primil amoksiklav ne e validen posle nekoe vreme da napravime brisevi. uste edno prasanje majki jas bev vo bolnica primiv injekcija linkocin i ketonal katastrofalno grloti mi e i kaslam mnogu, morase mnogu loso sum so injekcija trebase. doktorot mi rece 5 casa da ne dojam ama maliot od sabajle ne cicase zasto cel den bev na rabota se plasam da ne minse pojavi nekoj mastit pa da napravam drua belja. sto me sovetuvate majki? vi blagodaram mnogu vasite soveti sekogas se dobrodojdeni
И јас цело вρеме внимавам со исхρаната за синκо(ние отсеκогаш сме со хгб на гρаница) но фоρсиρам цвеκло(мн го саκа),месо,јајце,пρосо,бρоκула. Само едно ме чуди,во ρазговоρ со пρијателκиве,една вели,κога и е тешκо неа денес,не пρави јадење за ниκој,цеел ден му дава млеκо на детето и тоа κρавјо(пие од 6мес.уште). Нон стоп се пρашувам κаκо тие деца имаат уρедна κρвна слиκа. Се е индивидуално паκ ќе ρечам.
И за чудење како крвната слика е ок а не јадат ништо. Ама еве на пример син ми после 18 нема ставено овошје во уста, зеленчук во вид на салата никако а крвната слика од секогаш му била ок ( не одлична ама на средина од рефер.вредности). Пробај со маџун, некако во сокче. Просото има доста железо а и амарантот највеќе.
Пробај со шприц да аплицираш.Јас сум мн строга кога е во прашање давање лек.Големата ја легнував ,ке и затнев нос и со шприц во уста.Подобро да плаче 5 мин отколку да се влоши состојбата па инекции,инфузи.И антибиотик нема да дејствува добро ако не се пие прописно на 8 или 12 часа. @slimy детето ти е често болно.Даваш ли нешто за имунитет?
@joy1 davam samo kapki so vitamin c pred dve nedeli prestanav dotogas piese i legofer za anemija. Drugo od lekarstva ne davam, ne znam sto bi mi pomagal za imunitet.eve deneska kje odam kaj maticnata na sin mi kje gi zemam posle i rezultatite od krvnata slika pa kje vidime sto kje mi preporaca. Sekoj vas sovet mnogu mi znaci i vaseto iskustvo so vasite decinja zatoa sekogas vi se obrakjam ovde za sovet vas majki, imajte ubav den
Ми спомна и мене докторката за киндер имуно ама рече прво да давам мулти саностол му купив зашто нема апетит овој месец ич.Резултатие беа добри само лимфоцити моноцити леукоцити малку покачени рече дека од што беше болен и што вади заби.крвната слика е малку подобрено од минатиот пат.Овој месец вадил две четворки и затоа е надвор од контрола немаме ред за ништо ниту за јадење ниту за спиење. Каков маџун е подобар за имунитет мајки, од што, ќе ве замолам да ми кажете и од кај купувате вие? Поздрав
и кај мене не сакаше да пие сируп ама затоа јас се послужив со финта...го ставам количеството сируп што треба да го пие во мала чашка за ракија, земам и јас една-мојава полна со вода и му викам ајде живели и пиеме заедномисија успешна! пробај па пиши