Фала ти, нашава докторка препорачува 10 бронховаксом 10 изопринозин па 10 пауза и најверојатно така ќе пробаме па ќе видиме дали ќе има ефект.
Знам пробав минатиот месец да го оставам само на едно шише пред спиење ама не бива, вришти додека не му дадам млеко. Еднаш станува веќе ама не сака ни вода ни чај ни сок. 6 дена издржав се измачивме и јас и бебе и мм, само полошо стануваше и му го расипав сонот ептен. Решив да давам додека бара, секако кај и да е нема да бара веќе. 180 пие пред спиење и 150 во текот на ноќта. Други млечни оброци сведов на минимум поради низок хемоглобин. Е супер одма ќе кажам да проверат дали ги има во мојот град. Ако не алпско или битолско, гледам најмногу за тие сте пишувале. Фала ви мајки на сите
Ако има Тинекс маркет би требало да ги има секако. Олимпус најголем избор на производи барем во мојов град има во Тинекс
Aма ти се мачиш и со низок хемоглобин, размисли за млекото, знам дека е тешко, со судни маки го одбив од цицање, претешко ми беше, ама хемоглобинот нема да го качиш со млекото. Не е многу, ама и толку знае да смета. Се гушеше моето во секрет, како го прекинавме млекото престанаа и шлајмовите. Најдобронамерен совет од мене. Јас пак ќе частам, што пие кафана, за 2ипол месеци имаме качено 750гр и конечно ја прејде 9ката и има 9ипол кила. Не знам што да мислам за ова, али радосна сум дефинитивно. Цицањето го лажеше со сигурност, ама и на мајка ми туткањето со храна ни беше голем проблем, сега конечно јаде 3 нормални асални оброци и плус ужинки и плус тук и таму грицнува овошјенце.
мене на хематологија ми рекоа скроз да трганм млечно од исхрана и житарки, искрено не ги послушав целосно, јаде по 1 оброк млечен обично со јогурт ама не е којзнае колкава количина, исто и житарките, некакоо ми се чини дека е гладен ако не му ставам житарка или бисквита со овошјето.и ние од 10.5 кг неможеме да мрднеме никако , а висок е доста, слабичко е ептен,
Mислам дека јогуртот не е проблем. Зар ти уште даваш овошје за појадок? Одамна не давам овошје само, давам житарка главно како оброк со млеко или јогурт и плус овошје дури некогаш не ставам овошје. И тоа ретко, претежно јаде лепче со намаз или јајце варено со кашкавал и лепче, печено нешто како проја, тесто некое...
Оф знам ангел, знам. Ама ми е страв од неспиени ноќи Сега немам сила за тоа додека работам, и така едвај го будам за градинк, ептен ми е стресно сабајле, а не пак да не спиеме со вечери. Во август остануваме дома двајцата па ќе посветам цел месец на одвикнување од млеко. Очекувајте ме тука да кукам како сум зомби покрај мојот “млеко зависник” И мојот е слаб, едвај 10кг беше на последното мерење. 9 беше со месеци па таман ќе накачи симнуваше пак по секое разболување. И вака ситен е на изглед, низок, ич не ми личи на 19 месечно дете
Од сабајле јаде прво овошје, периодов јаготки, цреши најмногу бидејки имаме домашни, со банана обавезно во секоја комбинација, плус ставам ореви или лешници и иако не ставам вода ич ми фали густина да е како каша па додавам или бисквити или оние инстант шитарки од хип, мешани или овесни. Потоа јаде пак обично нешто со јогурт, јајце, јогурт, корнфлекс, па ручек сеуште му правиме посебно месо со зеленчук на переа, па со нашиот ручек јаде салата обично и пробува од нашиот ручек ама тоа не го сметам како оброк, и вечерата ми е обично проблем, кога шетаме му давам од оние за шмукање големите од нутрино јуниор што се по 180 г ама јаде и бисквити со млеко, чоколино, ванилино, ми фали тука алтернатива.МАчкано лебче јаде ретко, повеќе му е како игра, сто саати го носи во раце, апнува па му паѓа, ако не е гладен му давам ама не го сметам за оброк, мафини палачинки не сака, пржено лебче не сака никако, јајце не сака никако, единствено последно маскирано со корнфлекс.плус јаде смоки покрај големово, нешто благо.Тоа што му се свиѓа го џвака и го јаде, вчера му дадов од оние чоколадца со мусли витанова јадеше поголемото и му дадов и него, мислев ке се дави ама не, си го изеде.а да му давам залачиња леб или кашата да не е мазна одма ја плукаЈаде се што ке види да јаде брат му, апнува и тост и пица ама само ако јаде големото, иначе ја плука.
Некои совет ќе ве молам некоја мајка да ми пише... Сакам да преминам на една дремка, мојот е веќе 14 месеци, гледам со две дремки како да не оди веќе, изгледа сака да премине на една, е сега муабетот ми е не знам како да правам, прво ручек па да го заспивам, или да спие па откако ќе стане да руча? Затоа што јас досега со две дремки ручек му давав после првата дремка. Ако може некоја да ми пише каков ред имате со една дремка на 14+ месеци, би била многу благодарна ако споделите. Позз
Ние тераме спрема принципот што го има во градинка. До 8:30 појадок, некоја ситна ужинка околу 10:00, ручек 11:30-12:00 и после тоа дремка најчесто од кај 12:30-14:30. Е сега се случува и на скоро 17 месеци може 5% од времето да е со втора дремка. Било да е настината и не спиела ноќе, се мачела со заби итн, ама без разлика на дремките, распоредот на оброците го задржуваме.
Исто мислев и јас . Станува накај 8ипол и првата дремка секогаш ја има од прилика кај 12ипол часот, па откако станува ручаме, ама спиеше најмногу до часипол, а сега со една дремка сигурно ќе спие по два часа. Но сепак мислам ќе одговара така.
Сабајле бев да ми земат крв и реков ај и на детево пошто одамна немам испитано, му излезе покачени лимфоцити и тромбоцити, не многу ама пак се над граница. Он вака ми е добар досега ниту еднаш не бил болен 14м е, па веројатно ако е неарен ќе приметев. Од што може да се покачени? Да го носам кај матичната или? И железото му е 9, а реф. вредност е над 11, хемоглобин исто низок, додуша ова очекував оти не е по јадење многу. Цица уште и не знам дали е време да го одбијам и дали ќе јаде вака повеќе. Сеуште скоро ништо не јаде, готвено скоро ич, суво нешто лепчиња, пецива, печено каснува, месо не сака во ниедна форма, исто и јајца освен пржени со леб. Овошје јаде и путери од јатки, зеленчук одвај, риба одвај. Леќа, грав со лажење. Генерално живци искинав.
Моето премина на една дремка, пред дремка има ужина, па после дремка ручек(околу 16ч) Мене ми одговара вака оти и ние тогаш ручаме па сите заедно. Спие од 1до 3:30-4. Предходно спиеше одвај саат, сега вака знае и по 3ч да отспие.
Тромбоцитите се качуваат и ако го стискале многу да му земат крв. За да се нормални треба да се остави раката да му виси и сама да паѓа крвта. Железото не е страшно, хгб колку е? Лимфоцити сами по себе ли се покачени, друго ништо?
Да само они се покачени, а да и малце го стискавме дека мрдаше многу. Хгб е 11, а реф. вредности се од 14 нагоре за машки.