Поздрав мајки. Детето ми има 18 месеци и пред три недели престана да се дои. Беше во болница поради вирус два дена и кога се врати не сакаше веќе да се дои. Го доев само пред спиење до тогаш. Проблем е што не сака ни други млечни производи, не сака јогурт, сирење и се што има калциум. Детето е многу мало и има потреба од калциум, иначе јаде отприлика се ама се што ќе пробам а да има доволно калциум одбива. Педијатарот рече да продолжам да нудам млечно ама јас ете не знам не се осудувам на своја рака да му дадам напитак со витамини во кои ќе има и калциум, или видов има и некои витамини како таблетки за лижење исто калциум. Што мислите за ова? Не знам ќе речете слушај педијатар, ама живеам во Германија и овде педијатрите се против се, било каков лек, било какви витамини и се тоа. Благодарам однапред за совети!
Пробај прво по малку, подметнато. На пример во макарони стави павлака, јогурт, кисело млеко... потоа млеко со корнфлекс и слично, лепче со путер, крем сир, ама по малку, повеќе леб помалку намаз, додека привикне, па зголемувај. Нуди Јогурт разреден во чашка, може поинтересно ќе му е и ќе пивне колку-толку и така секој ден...
Детето не е мало и млеко не му е потребно, а калциум нема само во млекото. Калциум има и во спанаќ и во салата и во јајце... гуглај кај се има калциум, ќе се изненадиш. Јогурт, пудинг, сирење, павлака, крем сир, не мора да пие млеко, прави смудиња млечни, млеко, банана, какао и бисквити пример, ќе одбереш бисквити без шеќер. Или овошни јогурти. Ако логиката е дека треба млеко за калциум, кравата дава млеко и калциум нели, а пасе само трева. Не ти требаат нит таблетки нит напитоци. И моето се одби сега, 17м е, па не давам млеко воопшто.
Пробај грчки јогурт да му ставиш во смути со банана, јаготки ако немаш пробано. Палачинки со урда исто.
Мојата кога не е во градинка, станува во 8,9 зависи. Одма имаме доручек потоа кај 12,13ч дремка. И после кога ќе стане ручек. А кога е во градинка таму јаде доручек ручек. Некогаш јаде убаво Некогаш послабо, дете. Во 12 ја земам. И дома ја заспивам. И кога ќе стане пак и давам ручек колку изеде толку.
Овошје, смути, краставичка со павлака, хумус со тортиља, мафин, нешто печено ако имам банана леб, палачинка…јас храна нудам постојано оти детево јаде многу малце и ја користам секоја шанса кога сака да касне нешто, а каснувањето е 2 залака. Од тука да се осврнам на проблемот…како да го натерам детево да јаде? Неделава на прсти можам да избројам колку пати јадеше нешто, каснува 2-3 лажици/залчиња и тоа е тоа, секој оброк изгледа вака, ставам, заинтересирано проба, се мршти и плука, фрла, гмече, плаче оти пробам да му дадам, го тргам од столче и фрлам храна. Ако се занимава нешто може ќе касне малце ама и тоа не пали често. Ова не е ден или два, ова трае веќе со месеци. Крвната слика му е ок и он напредува во висина, не и тежина, цело време е активен, моторички и умствено развојот е одличен, ама детево не јаде. Јас сум очајна, секој оброк ми е стресен и веќе немам живци, искрено некогаш ми се плаче оти осеќам како детево да е гладно, а јас не можам да му погодам храна. Јаде само кисело млеко или јогурт, овошје, леб, путер со леб, краставичка, смоки и смутиња и бисквит.Некогаш ќе касне каша од житарки, ќебапче(купечко) и тоа е тоа. Ќе полудам веќе, ниту ми се готви ниту ми се нуди храна, разочарана сум скроз.
И мојава е иста. И знам колку многу фрустира тоа Може и грешка ни е што постојано ги нудиме со нешто. Мојата има 10кг а за 2 месеци ќе прави 2 години. Претходно јадеше добро. Но, Во последно време слабо јадеше пошто почесто беше настината или сега брзо со стомачен повраќаше и до денес скоро ништо не јадеше. Денес добро јадеше после долго време. Кај нас проблемот е што само 5,6 јадења јаде. Тие уште се бебешки јадења да речам, како гриз и палента пример. За овошје немаме проблем си сака, краставица, домат и маслинка исто така, компир, морков. Лепче суво, бисквита. Ама од нашите јадења кога пробува само неколку залчиња и толку, или еден залак и плука. Така не е најадена. Па пак морам друго да и направам. А во градинка ми велат дека се јаде, дека не пребира и плус јаде репете Крвната слика и е добра, хемоглобинот и е добар. Разбира се, веќе и врзува реченици со 2,3 збора, не застанува по цел ден како струја е. Може и затоа не се дебели. Таа цел ден нешто става во уста, некогаш и грицки и благо иако гледам на минимум да биде тоа. Уз други деца знае да искористи. Јас само се прашувам кога ќе мрдне од вага и кога ќе почне да прифаќа и други јадења, се едно исто вртиме.
Јас имав иста мака, буквално, ем цел ден јаде ем не јаде ем е слаб. Мајка ми кај мене нуткаше храна. Си отиде мајка ми, редуциран на 3 главни оброци, 2 ужинки и ако сака овошје плус, нема проблем, ама сам да побара. Кога е во градинка е потешко бидејќи втората ужинка е оброк, ама таму реално малку јадат. За 4м има качено кило, а претходно качуваше за 2м по 200гр едвај. Не давај нон стоп храна, 3 главни оброци, 2 ужинки, јас дадов и пиковит реална да бидам, али еве не давам па уште си јаде.
Мојот е алергичен на кравји протеин, а пошо уште дои и јас не јадам млечно. И јас прашав дали треба суплементи, ми кажаа дека нема потреба,има доволно калциум во останатата храна.
Практични ли се вакви одела за на плажа за дете од година и пол? Или да и ставам блузички памучни да не е директно на сонце изложена?
мојот кога имаше 9месеци имаше слично вакво за на плажа, само првиот ден го облековме. Најчесто носеше памучна/ленена маичка/кошула
Лани и облекував кога беше во вода. Ама лани беше бебе па можев реално и без тоа да пројдам зашто не бевме во жешкото на сонце. Оваа година е близу 2 и има моторче во газето. Не седи 2 минути. И земав слично, па ќе видиме
Ау мајка многу те разбирам. па кога ќе ги видам на инста како “маф“ им ги прават палачинките или мафините, па коа ќе видам детенце како со ќеф бутка во устата да ручка си велам кај потфрлив јас. Ако ти е за утеха, имаме мааалку подобрување. Уште е многу слаб со јадење, ама беше само на јогурт и смоки, па и ова го сметам за успех. Јас од очај свински врат му дадов еднаш на една трпеза имаше иако ептен сум плашлива. Што да ти кажам пробај вака, пробај онака, сигурно мајка сѐ си пробала уште на кров не си се качила да го раниш, сѐ ти верувам ама тоа е.. наше е да не престанеме да нудиме. Моево, еве, го земам во раце, одиме не тераса да гледаме коли.. таму каснува 5 лажички додека му е нов видик и интересно, после го земам, одиме на друга тераса гледаме дрвја и цвеќиња, таму уште 5.. Мака е.. се раниме саатипол и повеќе. Поточно, се молиме. Еве сабајле, палачинки со банана, јајце и овес му направив. Зема залче, џвака, голта, посегнува по второ, петто и шестото почнува да го плука. И толку... И од тука натаму снемувам нерви и трпение и се откажувам. Ми минува нервозата, за саат време пак нудам, пак ќе касне 2-3 залчиња и цело време така се раниме. Само од тоа си стоиме... А не е дека не сум давала и витамин демек за апетит отварање. Ништо, фејл. @Erika.greeneyes eве мајка и ти да ме прочиташ ако ти нешто значи..
На последна контрола ортопед ми рече уште мај да давам д3 и до октомври пауза. Од октомври да почнам пак уште една година и толку. Дали ќе давате и летниот период д3 ? Давам и дополнително Бејбитол омега чисто без д3. Нив да ги продолжам? 16м полниме за некој ден.
Па и ние слично се раниме. Одамна не ја интересира хранилката, почна да станува од неа не беше сигурна веќе да седи во неа. Сега најчесто се рабиме со тоа што таа сама си зема две лажички една за мене една за неа, сама се рани и плус јас ја ранам. Таа убаво почнува мислиш се ќе изеде и нешто ако и одвлече внимание готово го заборава веќе јадењето. Мојава сега што беше настината не јаде. Претходно јадеше ама проблемот кај нас е што немаме мени само 5,6 јадења вртиме. А во градинка се јадела. Така велат.
Дефинитивно исти сме. На 14+ нема ниту 10 кг, слабо јаде и тоа што ќе го касне со саати и со сила да му даваш, плаче кога му давам исто како што кажа и исто ова трае со месеци. Не знам и јас што да правам
Дали давате на малите сируп против кашлање? Давам антибиотик но и многу кашла, па дали давате проспан или некој сличен