Јас од овие причини сеуште форсирам каши за главен оброк а залачиња и самостојно јадење нудам низ игра по цел ден или кога ние јадеме.Ако го оставам само така незнам што ке биде, млеко не пие, сок не пие, не цица, уште ако јаде по залаче две мислам дека ке се пореметам скроз.И вака 10.5 кг има а утре полни 21 месец.
Кажете некој diy игри со вода, синко обожава да си игра со вода, а времево е топло, таман на балкон може да си игра. Освен леген со вода и играчки јас немам никакви други идеи.
Нас ни даде матичната, проспан до сега нема ни подобрување ни полошо да е ама дефинитивно не знаат да кашлаат ама мм ме нападна да не сум била поголема докторка од докторките, па дадов
Отеков со каналов ама мене ми е закон Инаку балони со вода, боење со водени/темперни боици, последно најдов идеја и место бои да се користи пудинг од ванила со бои прехранбени обоен.
Јас му давам два сада со вода, бокалче, чаши, лажици, кутлачи. Претура од еден сад во друг, става вода во чашата со бокалчето, мие лажици, итн. Толку го има усовршено претурањево што јогурт сипа во чаша без капка да му прелие
За сирупи на природна база и на децава матичната не е. Ама последно му препиша ацц зошто две недели имаше секрет што не можеше да го искашла. Можеш да замрзнеш ситни играчиња па да ги спасува со полевање.
Ние сега е скоро 17 месеци, меѓутоа се занимаваме со сликовници. Најчесто со животни сака. Сортери, од најголемо до најмало да нареди. Исто што се како со форми ставање. Досега немаше некој интерес за цртање и боење. Сега знае да се заигра со пиши бриши табла, со темперни бои. Тоа под мој надзор и строго на балкон. Редење коцки, игра со топка. Игри со пластични кутии низ дома што наоѓа, шишиња. Шопинг количка вози низ дома или други помали количиња. Генерално нудам секакви играчки. Не делам на машки/женски, па што ќе ја заинтересира, тоа.
Скриј темперните, не и е сега време и ќе ги изгустира бргу. На тераса можеш да ставиш кинетички песок, играчки во чашки смрзнати со вода да ги топи дур да излезат, такви работи. Јас имам едно ќесе макарони во кутија ставено и со нив си игра, истура претера, неколку цефки во кутија од принглс му имам дупче направено да ги брца, во кутии од суви марамици да пика и да влече марамици... плус нели стандард играчките за таа возраст. Моето најмногу со коцки си игра, не застанува.
Ајде еден совет... Малово нејќе да заспие со мене, само со баба преку ден и татко му навечер. Кога ќе легне со мене, се бори, се мази, се гали, се прави само не се смирува да спие... Слично искуство некој?
Кутија за со цевки, стапчиња од сладолед направивме. Има интерес некоја минута за тоа. Марами во кутија од марамици не ја заинтересира никогаш, а пробано ни е. Кинетички песок е следно за проба. Да ја активираме во целост играта надвор. Во работни денови не дека има којзнае колку време после градинка ама сепак различни опции испробуваме. Макарони исто деновиве ќе испробаме. И вакво
Алал да ти е, јас толку време немам. Работа, дома, ручек, друго дете, алишта, тањири, едвај имам сила да извежбам и кома. Јас оставам играчки и си игра, толку, време повеќе немам.
До скоро син ми кога ќе му кажев дојди кај мама или дојди да смениме пелена доаѓаше и ми ги даваше влажните и пелена. Сега ме игнорира. Исто и дојди да се облечеме. Некогаш и кога го викам не одговара. Дали е ова како некоја регресија или нормално е?
Наредно е да ти ги фрла пелените низ цел стан и "нејќам бечааааам" ко да го колиш... Фаза, период, како и да го наречеш децава се стално во некој период. И тоа шо викаш а не одговара, мене ко ме игнорира ја прашувам добро, ме слушаш ли воопшто во моментов? И се врти "сушам де..." Ко демек ај не ме замарај, се нешто ме викаш, терај работа
Ова е имање тодлер. Ние ја надминавме фазата на игнорирање, сега сме во фаза не не не на секое викање или барање.
Имаат норма на викање "НЕ" и никој нема да ме убеди во спротивното. Значи пред да биде "ДА" , по автоматизам вика не. Ама да те утешам, ко да поднамалува малку. 2 и пол години е
Не да ме игнорира... 100 пати на ден имам желба за коса да ја истегнам до мене. Дојди да јадеш - доаѓа со трчање Ајде одиме надвор - со брзина на светлината е пред врата Дојди да вадиме памперс, не фаќај таму, тука, седни и слични команди е рамно на непостојам. Џабе си викам.
Кога е сама со мене колку толку слуша ме, ама кога е со бабите и дедовците или некој друг близок не ме рецка ни 2% можам до утре да си викам и зборувам. Се надевам кога ќе потпорасне нема сеуште така да биде.