Хахахаха сушам де И јас го прашав кај му се ушињата, тоа знае битно И јас ќе го игнорирам, ајде живели.
Таман пред некој ден си го пофалив детето дека ништо не става уста, пред два дена надвор гранка му се виде вкусна па тргна да ја јаде, па камен, па лист од дрво... Ме загрижи ова искрено пошо мислев дека таа фаза ја минуваат порано, ама ова тек почна. Олабавена бев на темата бааги, сега се плашам да земе нешто во рака. Зошто вака? Кога ќе помине, можам ли нешто да сторам? Обично му велам не тоа, валкано/какано, не се руча... Полни 14 месеци има, сѐ си мислам доцна е за оваа лекција. За внимание да не го прави? Или можда мојата реакција му е смешна иако се трудам да сум по рамнодушна и резервирана.
23 месеци имаат па песок од плажа јадеше пред некој ден Не случајно играчки со мали делови се обележани за 3+ години. Тоа е, ќе го пазиш ќе му збориш дека не се става у уста и ќе чекаш да порасне
Утеха, ќерка ми од 2 години и некој месец почна да вкусува работи што не се за вкусување. А јас мртва лабава си викав дека ја одмина таа фаза оти ни како бебе немаше желба за тоа. Епа имала. Одиш и брчиш "тоа не е храна, не е за јадење, тоа не се јаде" и се надеваш на најдоброто Јас некако почнав да ја навикнувам да дојде да ме праша пред да изеде нешто, и доаѓа со фискална хартија на пример и "мама, јаде?" И пола саат збориш зашо не се јадат фискалните, оти мама ги скенира
Значи сепарациска анксиозност онаа од 5 скок уште не дрма, али најјакото е сеа. Не смеам од вид да му се изгубам. И цел е на мајка му, ти не си ти кога си гладен, многу е нервозен. Значи у вц не смеам сама, мора со него или лупа на врата и урла, мамааааа..... лепенка моја, демек се одбивме нема да е толку залепен за мене, он бетер.
За во вц со мене е, инаку во креветче си играше ама почна да излегува од креветчето.. користам прилика да му кажувам за шоља и нокшир Денес ем работев и го чував зашто кашла уште и цел ден заедно, па кога дојде мажов ги оставив саат време сами и кога се вратив мамааа мама и ракоплеска. А јас уживам во аплауз
И јас кога ги одбив станаа лепенки невидени, се тепаа кој да седи до мене, да спие до мене, плачеа и од луѓе што претходно ги обожаваа. После месец дена олабавија, така да има надеж, држи се
Мајки дајте начин како детево да јаде повторно месо/риба? Периодов одбива се со месо, ни парчиња ни мелено, а го осети во уста престанува да јаде
Замаскирано со многу зеленчук, мелено во манџа или ќофтиња од зеленчук со помалку месо. И моиве сакаа месо и риба па почнаа да одбиваат и сега само вака проаѓа. Не јадат количински премногу ама често правам па внесуваат колку толку. Првпат пред некој ден јадеа лаврак без да им го "маскирам" после добри 10 месеци. Се надевам полека ќе почнат да прифаќаат.
Моето само купечки ќебап јаде од месо, друго апсолутно ништо, и не знам како да го маскирам ќе го сети. Не знам колку ќе трае ама многу се нервирам.
Не знам искрено каков совет да ти дадам, големиот како одјаде месо на 3г до 7ипол години не јадеше, сега јаде многу месо. Пробај како ќебапчиња и ќофтиња. Мислам дека е многу. Моето во градинка станува кај 2 и во 8 веќе спие, едвај гледа. Кога е дома спие до 3-4 некогаш и тогаш издржува до 9. Колку повеќе се будни толку пораздразнети се и потешко заспиваат и помалку спијат. Синоќа си легна во 8 и спиеше до сабајле до 7 топ не го разбуди.
Вигантол како се дозира за 23 мес дете? Како што разбрав од упатството на бугарски 2 капки ама не сум сигурна.
јас давам од 12 м по 3 капки вигантол, така ми кажа педијатар,сега има 21 месец уште таа доза ја тераме.
Дали ова будење рано во зори ќе престане некогаш? Дали е само фаза? Или можам некако да влијаам? Значи детево секој ден се буди се порано и порано, денес рушивме рекорд, стана во 5. А легнува секоја вечер исто, околу 20:30-21. Моментално е на две дремки, двете заедно се околу 3 часа. Дали мислите дека треба да намалам на една дремка? Иначе не се буди навечер, ја спие цела вечер, ама па и ова будењево во рани зори не бива... Иначе има 13 месеци.
Моето се буди секој ден во исто време, 6ипол, нема викенд не викенд. Ми се плаче некогаш. Пробав и со спиење со затемнето, исто е.