6 и пол е премија, дури и на 6 би се радувала. Ама последнава недела се буди цело време пред 6, еве денес во 5....
Тука негде се со возраст, мојата е 14 месеци. Исто, легнува околу 20:30, 21. Станува во 7,7ипол. Има две дремки од по час и 15, 20 минути. Втората некогаш знае и 45 мин да и е само. Јас на оваа возраст уште не би одела со една дремка, мислам рано е, а сум пробала, не и одговара. И она знае да стане некогаш рано. Најмногу и влијае ако е топло во соба или ако не е убаво затемнето. Во глобала бебињата имаат супер биоритам и природно им е да станат во зори. Нас не ни е. Затоа пробувај. Затемни со завеси спална да не влегува светло кога се разденува. Пробај некој ден и на една дремка да е да видиш како ќе реагира. Може така порано ќе заспива и подоцна ќе стане. Нема универзално правило нели, ама пробај.
Пробав неколку дена со една дремка, ама ептен се мачевме, едвај некако истуркавме до 19:30, и следниот ден пак исто. Значи нема врска кога ќе заспие, тој пак си станува рано. Ајде во 6-6 и пол не ми смета толку, ама 5 бре луѓе? Па има денови јас тргам за работа во 8 и пол, маж ми го спрема веќе за прва дремка. Кај нас моментално не се стемнува, ама спалната ни е затемната од сите страни, буквално целосен мрак е во собата, така да не мислам дека е од тоа.
Моето бебе направи 21 месец, до пред 2 месеци заспиваше најдоцна до 21.00 многу ретко 21.30, како го одбив од цицање почна да седи мн покасно, вчера до 23.00 неможев да го успијам, не сака да легне, станува, се игра, трча се смее, се закача со брат му па и тој не може да заспие од него абе како во штекер бркнато, вчера станал сабајле во 7.30 па спиел на пладне од 14.00 до 16.30 и вечерта абе абер нема да легне.Му дадов млеко демек во шишенце да пробам дали ке се смири да заспие, џабе.КЕ го качам горе на спрат во спална он станува се симнува доле по скали во дневна сам, пробав со скроз изгасени светла абе гајле нема си оди низ темница, ке се стутка па уште пострашно.Вчера нерви ме фатија.Големово како е родено најдоцна 21 или 21.30 спие без проблем, а на ова мало што му бидна незнам. До пред да се смени саатот си легнувавме во 20.00 ке цица малку и заспиваше одма до 20.30 веке спиеше и таман имав време и со поголемото да си легнам да му прочитам приказна да си поразговараме и да заспие, а сега последниве 2 месеци брканици секоја вечер, цел биоритам се измести.Он не сака да заспие, големово нејке да заспие исто без мене, ги носам заедно во спална и почнува бркање, малово полудува скока по спална, се пракачува во креветчето па скока таму, па пак назад, се закача се смее,абер нема од спиење, и по некое време тргнува доле сам,не слуша ништо што зборам, не ме ни регистрира.Пробав да го карам ич не му е гајле,незнам како да постапам, ваљда е некоја фаза се надевам брзо ке пројде.
И јас се плашев како ќе го заспивам малото дека научени на цицка. Јок, пиџами, на тоа за бели звуци пуштено некоја музика, тоа свири 15мин и дур заврши он е веќе зацврстен. Кај 3 станува се префрла кај на и спие гајле нема.
Некаде околу 10-11 месеци кога беше често се будеше во 5-5:30 наутро. За околу 2-3 недели и помина тоа. Сега веќе месеци уназад плус и со градинката се буди помеѓу 6:30-7:15. Исто и за викенд.
Абе не ми смета и за викенд, нека стане во 6, 6 и пол, се навикнав ајде, ама 5? Не можам ни да излезам, нишо не работи Да се надевам дека е период значи.
Може е фаза некоја. За 1 дремка јас планирам околу 16,17 месеци да пробам, сега рано е мислам. Единствено бар да пробате да смените ритам за заспивање. Да заспива порано за и вие порано да легнете, бар да имаш сила во 5 да станеш. Друг совет немам. Ама менуваат цело време. Може ќе се смени и ова.
Исто сме ама мојава е скоро 2 години. Некогаш и пред 5 станува, а легнува во 8 никогаш повеќе не можам да ја држам будна и се спие, сака да спие и плаче. Некогаш и околу 9 заспива и пак во 5 станува. Ама многу време е вака нејке да е фаза мислам.
Лесно е да се каже кога детето ти јаде и можам само да замислам колку е мачно да спремаш и нудиш и ништо да не е изедено. Па секирање дали е гладен итн итн. Ама, според мене грешка е константното нудење на храна. Знам дека го правиш од очај и желба бар нешто да касне, ама пробај со нова тактика. Моето дете стално да му даваш нешто стално ќе меле, ама имам поставено некој ред што го почитувам и супер ни оди. Пред станување цица, доручкува, цица, спие, руча, има ужинка, спие, вечера, цица, спие. Измеѓу генерално бабите имале обид да ми речат гладен е, ако некој нешто јаде, а он е уствари стрвен. Нормално му давам да проба, ама не го оставам да се најаде со ‘глупости’ зошто после главниот оброк може да оди во вода. Грицките се празни калории, ок се за ужина, ги давам и јас повремено. Ама пробај, можеби ќе упали ако не го нудиш цел ден. Исто и доењето можеби има влијание кај вас. Братучетка ми има девојче месец дена помало од нашите и не јадеше добро, откако и скрати дневни подои се разјаде. Знам секое дете е приказна за себе, ама ќе пробуваш.. нешто ќе упали.
Ви се убацувам ама да се надоврзам. И моето има две дремки, пробав да го префрлам на една, ама не е спремен и не форсирам. Има две од саат ипол, некогаш саат и 15-20, некогаш 45 мин е втората. Ноќе спие околу 10 часа, вкупно 13+/- во едно деноноќие. И јас мислев треба да има една веќе, ама кога гледам дека не е спремен нема да го терам со сила.
Моето уште има еден подој денски, тој меѓу доручек и ручек. Убаво си јаде и покрај цицањето и затоа уште му го немам тргнато, ама за недела две планирам. Иначе и он е како шпагета, едвај 9 кила има и тоа сега брзо мрдна вагата, иначе беше заглавен на 8.5кг.
Планираш скроз или само за денски? Сличен распоред имаме, само што јас го дојам и пред втората дремка, и мојот е со две засега иако некогаш пробав и со една, малку сме измешани со дремките, иначе и мојот јаде со сила , маки мачам, ќе пробам и јас да го дојам како тебе
Не планирам скроз. Сакам да останеме само на подоите сабајле и пред спиење. Тој преку ден прво ќе му го сменам со АД наместо ужина. Ќе патувам во Август без него и ќе мора да пие АД тогаш, а јас таму да одржувам лактација, со надеж дека кога ќе се вратам ќе сака пак да цица. Ако оди по планот сакам докај 2 години да го дојам.
Супер би било така и убаво ако прифаќа млеко, мојот освен мајчино досега одбива кога и да го понудам, и АД и кравјо.
Кравјо му немам дадено, ама пие билни млека во смутиња, а општо многу сака млечни производи. АД сум користела само во каши. Од шише знае да пие, ама не му е омилено. Пие со цевка, така да се надевам дека ако нејќе АД од шише, ќе сака бар со цевка.