Пробав со една дремка пошо не знам зошо би започнал да се буди се порано и порано...си мислев случајно да не му се многу две дремки, ама еве испадна дека не е ни тоа. Има вечери заспива во 10, се буди во 5 и пол. Имавме многу убав ритам, најкасно до 20 беше заспан, се будеше околу 7 изутрина, ама како почна да се пушта да оди, ем навечер се мачиме околу 40 мин додека заспие, па и уште се буди во рани зори. Може и тоа да е, не знам стварно.
Штом се мачи 40 мин да заспие не бил доволно буден и тешко му е да заспие, уште не е уморен. Кај нас така знаев дека е време да премине на 1 дремка, многу многу тешко се заспиваше за втората. А со една му беше тешко додека се навикне некоја недела, ама немаше смисла да се мачиме за успивање двајцата. Ако помине на 1 ќе мораш малку порано да го заспиваш на почеток додека се навикне.
Јас секако пробав и се откажав. Ја купив чашката со цевка од авент, пробував со стаклена цевка, никако не прифаќаше. Едвај пиеше вода. Негде пред да наполни годинка му ја извадив пак чашката и му понудив. Почна да пие како да се родил знаејќи. Чим се мачи да заспие или е преморен или е недоволно уморен, мора да е нешто од овие две. Иначе имавме и ние еден таков период сега скоро. 2 недели и повеќе се будеше во 5-6 спремен да го почне денот. Ама јас не го вадев од спална, беше буден може и по саат време, шеташе по спална, се фрлаше врз нас, се познава дека му се спие а не може да заспие. После саат време ќе се умори и го презаспивав докај 8 ипол-9. Вака следниот ден не ни беше нарушена рутината. Зошто ако го почнам денот во 5-6, не знам кај ќе ми е крајот. Иначе ова се случуваше пред официјално да прооди. Сега веќе да не се урочам, недела дена може не станува.
Мамички моето дете уште од раѓање на глава има некои како топчиња, како масно ткиво , матичната вели ако не ја боли и не расне дека не е ништо, ама не се повлекуваат веќе цела година. Дали има некој искуства со нешто слично, некаков совет како да постапам ?
Денес цел ден со маж ми дебатираме на темава. Поголемиот ми е 17 месеци (има братче 3м) и од збор до збор како да си го опишала неговото однесување. Дури и во градинка ми викаат "табиет дете имате, се сака по негово и прв да јаде" (а дома уста не отвара). Мојот воопшто не поминува време со баби и дедовци, затоа ќе ти го кажам истото што му го кажав на маж ми денес (он е на ист став со тебе дека е размазен). Не се размазени, во 10ти развоен скок се (секако нема се да препишуваме на скоковите). Но, исто така се ова што им се случува им се случува за прв пат во животот. Прв пат проодуваат, го осознаваат светот од друга перспектива, не знаат ништо за своите емоции, тестираат граници со тоа што сакаат да ги преминуваат истите. Она што ти го доживуваш како манипулација, за нив е само желба...да се биде подолго надвор затоа што им е убаво. Не знаат да зборат, затоа со плачки постигнуваат она што сакаат. Да почекаме да заврши скокот, па да видиме дали ќе продолжат со исто темпо за да преземеме било што како "мерка". Сега за сега диши длабоко и викај си дека е само фаза на учење. П.С. имаше некоја членка пишано поодамна, дека барала поп да пропрска со вода кога и било бебето во 10ти скок. Кога ми е тешко во денот со неговото однесување, само на тоа ми текнува и си се смеам!
@Secret-Angel7 , се пресмеав со попот. Точно е, секој ден учи се повеќе работи. Барем кај мене знае да покажи, но не и да каже со збор. Кажува зборчиња, но нема некој јасен или поврзан говор сеуште. Се надевам после скокот ќе почне повеќе да се разбира. Немам друго дете ама брзиот живот кој и ние и општо многу од младите го тераме сам по себе предизвикува стресови и ова плус. А препишувам и на скок и на хороскоп и на ѕвезди и месечини и се со ред, само да си ја објаснам промената во однесување. Постојаните критики од околината кон детето, пак и воопшто не се од помош. Не дека прави нешто не знам колку лошо или несоодветно за возраста. Што викаш, сака подолго надвор, или сака повеќе храна, сака одредена играчка, сето тоа ми е пренесено посебно од градинка како којзнае колку да е лошо. Ако си "вратам филм" баш ова однесување односно промените настанаа и од кога прооди. Веројатно повеќе работи на дофат, посамостојна е и слично. Ќе видиме за неколку недели после скокот како ќе биде. 10ти е последен мислам.
Почнувам психички да се спремам да ја одвикнам од цицање. Скоро сме 13 месеци. Планирам здравје до крај на летово да биде целосно откажана. Не знам дали сум спремна, не знам дали сакам ама мислам дека веќе е голема и понатака ќе биде се потешко и потешко за откажување зошто веќе сама бара, ме соблекува, ме влече, плаче ако не и дадам. Цицалче си беше од раѓање иако давав и АД и секој ден се плашев дека ќе прекине да цица, а сега се мислам како да ја откажам. Кој би бил најбезболен начин? Ја заспивам и презаспивам со цицање исто така... Уште сега ме фаќа страв.
Многу сакам да му правам развојни играчки, триста идеи имам најдено ама имам еден проблем. Сеуште става апсолутно сѐ во уста. Знам дека е нормална фаза и ќе потрае, растат заби, запознаваат структури итн, ама не знам дали има некое решение во поглед на handmade развојни активности. Скоро сите вклучуваат картони, селотејп, дрвени стапчиња итн. Сум пробала и сѐ се дегустира и само вадам од уста. Некни со братучетка му играше со пластелин и за секунда го пикна во уста. Има ли некое решение за ова? Он многу се заигрува со рандом предмети и со играчки, по цел ден е на земја и има самостојна игра и со нас игра. Ама осеќам грижа на совест што не можам да му понудам повеќе..
@Bella_Stella , јас со домашни играчки не сум ја оставила сама. Еве веќе скоро 17 месеци е и сеуште се случува да стави нешто во уста. Да пробаш со домашен пластелин, што може да се јаде пример. Јас од првите пробав демек со шпагети да ги става низ дупчиња. Ај што се искршија туку и одма во уста ставаше. Да претура леќа/грав во чашки. Првиот обид беше неуспешен, одма расфрли на земја. Сега немам пробано. Меѓутоа да речеме барем според моево дете до некоја возраст од 19-20 месеци ќе бара и моја вклученост
Овие игри строго под надзор, и да пикне нешто во уста го оставаш да осети дека не е за во уста па му го зимаш, не скокај одма. Он дека е забрането па, уште поинтересно ќе му биде. Значи скок е сепак, не сум проверила апп и сега проверив. Мама, мама, мама е нон стоп. Синоќа и лошо спиеше многу.
Нормално дека не е оставен сам. Кога го лапна пластелинот беше со тетка му(сестра ми) која што нема деца и малце си е спора во реакциите. Она не го ни примети дека има пластелин во уста туку маж ми од далеку. Дома кога играме со специфични работи апсолутно секогаш е под надзор. Само што си имам дете со рогови и не разбира од ‘не’, на каков и начин да му биде кажано. Пример оди до тв, го фаќа и го влече, јас викам не, ме гледа во очи се смее и продолжува. Мајка ми вика ти беше таква, не постоеше не за тебе. Е супер викам, ми се враќа значи.
И нашите со @AngelOfArh се со рокчиња Ќерка оди до Тв, подава рака и веднаш почнува Не не не и со едната рака покажува не како за карање, а со другата се држи за Тв
Многу зрело размислување, фала ти што вака го сумира. Кога прави работи што не смее, а не сака да ме послуша, секогаш се трудам да ја дефокусирам на нешто друго. Е треба нерви што не секогаш ги имаме, ама е одлична техника.
Од игри може на топлово бањање играчки во вода, ама да пак до него сум инаку ќе ја истури цела вода и game over. Друго што не може да голтне, пластични цевки (не знам од која година ми се нашле дома) и дупка на лименка од нес кафе и да ги става внатре. Надвор не става во уста а фаќа сѐ а дома може да стави во уста и го гледам цело време кога играме нешто такво. Денес најде старо парче од кифла, не знам кај го нашол кога синојка смукав и тргна во уста да го стави
И јас бев таа поп што ќе викаше, само за некој друг скок Се убаво имаш кажано. Светот е нов за нив, се' уште го запознаваат, учат да фунционираат во него, да комунициират. Менуваат многу, ама реално плачки ќе има и понатаму . Кај моето дете НЕ! нема никаква функција. Ама да му објасниш убаво зашто нештото не треба да го направи има. На пример, - Не да го фаќаш телевизорот!, е исто како ништо да не сум кажала. Ама, телевизорот не го фаќаме, само го гледаме, затоа што може да падне, ќе се скрши, ќе се повредиш, ќе те боли, - функционира. Сега дури и кога гостинчиња кога ни идат "им објаснува" да не го фаќаат телевизорот. Не сака да се облече? Нормално дека не сака, поубаво е гол. Го оставам 5-10 минути да потрча гол, па го облекувам. Зборам, доволно е шетање гол, сега треба да се облечеш затоа што ќе одиме надвор, да се шетаме, надвор гол не може да одиш, за надвор мора да имаме облека, мама е облечена, тато е облечен, ајде сега и ти. И ќе застане да го облечам. Пред некој ден со пижами го пуштив во градинка. Не сакаше да ги соблече, почна да плаче. Ама наместо да се нервирам, пробав да сфатам зашто. Нови му беа, со животни. Го прашувам дали пижамите сака да им ги покаже на другарчињата. -Да мама- ми вика и се насмевна. Во ред се разбравме, оди со пижами. Друга ситуација, сака да се качи на маса. Не му викам не. Го оставам да се качува. Мене нормално ми е да сака да се качува кај стигне, фаза е тоа, мора да се помине. Му објаснив само дека ако сака да се качи да ме викне да го гледам затоа што столицата може да се преврти (му покажав како се превртува), дека може да се лизне на масата и да падне и да ја удри главата, дека мама треба да биде тука за ако падне да го фатам. Сега сме во ситуација јас во кујна, тој се дере -мамааа гедддај-, трча да се качи на маса, па се дере -ја качииииив- и тука јас треба да му кажам браво. И мене маж ми ми викаше дека ме манипулирал, ама кога сумиравме дека мојот метод фунционира (засега де), а неговото карање никаде не води (освен што сите пукаме од нервоза), одлучи и тој да го примени. Да мали се, ама разбираат многу повеќе од што мислиме ние. И тие имаат желби и потреби, не може само ние да командуваме и да очекуваме да прават се' како ќе им кажеме ние.