Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    46.023
    Пол:
    Женски
    Јас како што читав они не разбираат не, туку ќе сфатат од емоција и приказ со раце што не треба да прават, вака кога ние велиме не и ги караме ним им е интересно дека предизвикуваат реакција и го прават истото упорно. Пример јас со рерната бев многу упорна со не, и секако не разбираше, после престанав да викам не и ќе допрам со прст и правам фаци и демек ме боли и секако дека престана да фаќа по некое време.
    Не е до роговите изгледа, така е кај сите.
    Исто како што кажа членката погоре, ако им се објасни што не треба да прават со некои такви изрази повеќе сфќаат отколку со не. Пример исто со скалите, му објаснувам дека ќе падне и дека треба да ме чека да не се качува сам и некни застанал и ме вика мама мама по сто пати и јас од тука од дневна се појавувам и го гледам стои и викам кажи сине и он подава раце и вели бам, одма сфатив дека сака да се качи и тргнав накај него и секако почна да е качува,
    За главата од маса исто разбира и кога треба да мине меѓу маса и кревет оди полека и се држи за глава.
    Разбираат повеќе работи ама не го разбираат и не како збор:D

    Ние деновиве главна занимација ни базенот во двор, ќефови.
     
    На Anturium, LiquidLuna, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    8.514
    Пол:
    Женски
    Ова ко моево. Оди кај што е забрането. Јас само го гледам, а тој се врти со прстот прави и зборува не не и почнува да си чачка. Нема не за него, па ти на глаа ако сакаш сврти се.
     
  3. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    26.280
    Пол:
    Женски
    Јас со првото немав ич проблем со ставање во уста, од 9-10 месеци и давав макарони, грав во пластично и да меша, уживаше. Боевме макарони, црташе сама на годината демек, а оваа веќе еднаш пишав дека на хирургија беше оти голтна пластика.. значи дирекно оди во уста, се јадело не се јадело, кине картони, листови човек ако не ја видиш ќе појаде све.
    Иначе да, НЕ е општо познато дека за нив е да и границите почнуваат да ги тестираат. Јас со Н бев "помека" и кажувам само Не и и објаснував, оти живците сега се истенчени, на ова му свикам Неее и остава, па со прстето прави не не ама ќе покуша уште еднаш, ако види иста реакција се повлекува. Мислам дека е карактерно тоа али ај.. туку мене страшно ми оди на живци трескањево од земја на прцале од година дена. Фрлањето наназад ( мислам ќе се искрши) легнувањето на земја и хистерично плачење водат до крајни граници. Кога големава што не даваше ништо сега и дава се само за да не ја слуша како се дере и зајдува..не знам како е кај вас ама ова го очекував на 17-18 месеци искрено. Денес имавме серија трескања се дур не заспа, и то ова се дешава последниве 3 дена. Уште сме со едно запче долу ние .
     
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    21.501
    Пол:
    Женски
    Се е за во уста кај нас. Буквално како правосмукалка е. Оди ја наоѓа најситната гатка што ти не ја гледаш со голо око и одма ја носи во уста. Уште не знам што му немаме извадено од уста. Само го гледаш како нешто џвака. :whew:
    И јас мислам дека карактерот игра голема улога. Иако се толку мали веќе им се познава. Можеби генерално повеќето деца не разбираат од ‘не’, ама има и такви што се повлекуваат кога ќе им се каже. Методите на @Mandela од погоре многу ми се допаднаа и ќе пробам да ги употребувам иако син ми е помал и сеуште немаме вербална комуникација.

    За трескањето не знам што да кажам. Кај нас сеуште го нема, ама има temper tantrums кога нема да му се дозволи нешто, и баш си е опишано дека тоа доаѓа со деветиот скок. Ако му земеш предмет што го докачил некако а не е соодветен за игра, а притоа не му најдеш доволно добра замена имаш драми и инстант плачки без солзи. А вака ич не е дете што плаче и ни е пресмешен. Тоа е тоа тестирање граници што многу често се толкува како манипулација.

    Иначе непишано правило е дека вторите деца се секогаш потемпераментни од првите, така да држете се со малата. :D
     
    На Secret-Angel7, LiquidLuna, Coco31 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.594
    Дали е скок ( не е по апликација ), или this is toddler life, ама што е ова врескање, плачење за се и сешто, ауу како луто пиперче е изминатава недела.
    Има моменти мислам дека си плаче само онака, без причина. Гледам да му одвлечам внимание со некоја глупост, ама не секогаш успева. А кога е ептен лут во нервозата си го тегне носот. :D
    А се лути за се, ако не му дадам да се напие од кафето, ако врне и не може да излеземе на тераса, ако не го оставам да го ваѓа валканиот прибор од машината за садови, итн.
    :worried:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. DaisyDoo

    DaisyDoo Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2021
    Пораки:
    2.310
    Допаѓања:
    11.726
    Пол:
    Женски
    Барем за јадење било нешто :D

    Моето салфетка има пробано. И во го*цето онојпат му видов такво како конфетка од една роденденска капа... долгнавесто тенко како за украсување елки оние шо ги мотаме.
    Си сака внимавање ама и десет пара очи да имаш...
     
    На LizzyGrant му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    26.280
    Пол:
    Женски
    мене темпераментото прво ми се падна и не верувам дека постои полошо уште од неа , второво ми е милина бебе бар беше до пред некој ден хахах не е плачлива, комуникативна е, снаодлива али почна да покажува рогови за да и се оди по газот, додека не дојде дада од градинка тишина е, а она влезе и почнува трескањето за она да има се.
    Кога би ви кажала дека старите на нашето ,, дај Боже да ти се падне Нина дете исто како тебе па да видиш" во еден глас скокнаа да викаат немојте така да велите, мрднете се од местото :?: дал да се смее човек или лом да се напраи.. само спискањето почна покасно, можда зато што немаше кој да и граба играчки и да не и дава, а второво мора да се избори како знае и умее.
     
    На LiquidLuna, mal.ecka, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.062
    Допаѓања:
    46.023
    Пол:
    Женски
    Второто е:D
    Моево е исто, а последнава недела е доста изразено, драми и крокодилско солзи ако не е по негово. Мислиш детево ништо не му е ниту дадено ниту овозможено.

    Него мора да кажам нешто, некни бевме на роденден, една школска од средно беше со детето 2 и нешто год и детето се гледаше дека не му е арно, замижано и раскрнкано, плаче се тегне по неа, мајката мува не ја лази луѓе, си седат со маж и цигарето во уста, детето припаѓа, после некое време наводно сфати дека има температура, гарант од дома имало и не знам зошто го донесе, значи премачно беше за гледање детето живи греоти, гореше, свлечено во количата, она буквално се понашаше како да и е терет што е болно.
    Врв беше кога застанавме да се сликаме она тргна без него детето се завлече по неа хистерично плаче и луѓе женава само го скокна и го остави на земја да плаче по неа:o
    Јас не можев да вервувам, и реков после на другарка ми ако некогаш се сомневаш каква мајка си нека ти текне на моментот.

    Него до нас седеа и за колку дена можам да очекувам и моево да се разболи, мене веќе ме фати ич не сум арна, а утре брат ми се жени;(
     
    На Lavender13, LiquidLuna и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. Mamacita00

    Mamacita00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2022
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Мајки хелппп!! :lol:
    Прегеска ќерќа ми (18м) ни приреди уникатно изненадување чии последици сега не знам како да ги отстранам :rofl:
    Си седеше таа на креветот со пуштен тв песнички додека јас си гонев мои работи, кога наеднаш - тишина. Прво не забележав ама после си викам таа тишина не ќе да е на арно. Одам поблизу до неа да видам што прави и баш има што да видам :lol: госпоѓицата ја зела павличевата маст го отворила капакот и цела ама баш цела се намачкала со неа (раце, нозе, лице, коса, значи цееееела очите не и се гледаа дури:rofl:) и кога виде дека ја гледам почна да се смее. Ајде лице раце избришавме ама косата - проблем. Ја ставив одма под туш, пробав со нејзиниот шампон со мојот шампон со маска за коса - ништо не помага! Едно 10 пати ја миев со шампон ама џабе само полошо стана сега цела коса и е мрсна. Дај помагајте со што да ја измијам да излезе баш викенд најде нема да можам од дома да ја извадам ваква ко од раѓање не бањата :rofl::rofl:
     
  10. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    26.280
    Пол:
    Женски
    Хахах мислам дека нема на кој не му е десено. Само кај мене не беше со павловичева.. ништо исуши добро, па пак бањај.. со сјај би излегло ама не знам дали би ставила.
     
    На Mamacita00 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mamacita00

    Mamacita00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2022
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    Абе јас уште од синоќа сакав сјај да ставам ама мм не ми даде ќе ја печело на очите (facepalm) викам а кога се шљакаше павличева не ја печеше ли :rofl:
    Сега ставив бебешка пудра да и постои малце белким ќе апсорбира нешто од мрсното (fingers)
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.251
    Допаѓања:
    111.554
    Пол:
    Женски
    Мојот вчера го шминкаше креветот со најновиот сет руменила и хајлајтери, цел е роеви, светкави и бакарни тонови, а и он беше цел намачкан. За павловичева миеш само со сјај, ништо друго, намалена наназад главата и тоа е. Ќе си биде така мекичка мрсничка уште некое време. Исто и бел оцет ќе ти помогне, ама после ќе ти треба многу време да одмириса.
     
    На Mamacita00 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Леле и мојава само оди со прстињата нешто собира и во уста става. Со мм усисуваме понекогаш по двапати на ден и пак наоѓа најситно нешто.
    И салфетка има јадено, и фискална сметка, и етикета од нова маица. Само ако е тивка и глас не пушта, одма знам дека нешто нашла и сака да го џвака.

    Инаку, ако ѝ речеш нешто „не“, одма те гледа без трепкање и е со солзи на очи, искривува усте и готова е да прсне да плаче како навредена. :D

    Сосема е поразлична од поголемиот, тој за трошки не беше заинтересиран, а и „не“ ништо не му значи :^)
    Одвлекување на внимание само пали кај него.
     
  14. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    21.501
    Пол:
    Женски
    Исто исто, стално нешто џвака. Сега ги фаќа со повеќе прстиња ама на почеток беше пресмешен. Го гледаш лази и ќе застане сконцентриран со показалчето ќе си ја “боцне” ронката и одма во уста. :D Дур јаде ако фрли нешто на земја и не приметам и го соберам, после си се дојадува дур си лази. (facepalm):D
     
    На 1209, Ano, Bubish26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    2.476
    Предлог “брза храна” за дете? Квалитетна похована риба замрзната? Помфрит ? Нешто што би било готово за 15 минути. Наредната недела ќе морам да го оставам, опција однапред да е зготвен ручекот не е возможна. Каша не прифаќа.
     
  16. Калатеа

    Калатеа Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2021
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    9.003
    Замрзнати ѓевреци (од Тинекс), кифли исто имам земано, риба не сум давала таква, искрено подобро да не ризикуваш со тие.

    Помфрит на Фриком е ок, царска мешавина да се свари како супа, палента во секое време :D

    Одмрзната риба филети мислам секако се прави за 15, 20 минути.

    Леќа црвена се вари ептен брзо, тортиља со јајце, макарони со доматен сос купечки, тарана.

    Гравче конзервирано и пасирано, подгреано малку.

    Во месара Петковски има ќофтиња малечки, и тие се печат за 15тина 20 минути, поготово air fryer ако имаш.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    2.476
    Супер идеи. Се одлучивме за филети ослич, не се сетив на нив.
    Дали имаш дадено конзервирано гравче и кое?
     
  18. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    26.280
    Пол:
    Женски
    Колкаво е и дали јаде ваша храна?
    Од брзо на мојава и праам за доручек пример или за во парк тост со крем сир и капкавал :wasntme: се дави во него, обичен тост не сака.
    Макарони со сирење и јајца, плус на страна грчки, одма е готово.
    Болоњезе направи за сите и замрзни, после само ќе го одмрзнат, стоплат и ќе јадат сите. Плескавички направи и замрзни и само ќе ги спржат. Мојава сака замрзнати филети. Црвената леќа ти кажаа е одма готова.

    Лепче згора со јајце изматено и сирење надробено, само ро релна неколку минути и со јогурт, иста верзија може и како пица, маргарин кечап кашкавал и друго шо јаде згора. Похован карфиол.
    Од кам замрзнати едни буречиња мојава ги сака малечки се како вртени, оти не се мрсни кога ќе се испечат и не се тешки. Печени јаболка со цимет.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    2.476
    20месеци е, јаде скоро се. Тестенини не е љубител, тост не сум понудила уште, бидејќи и ние не го јадеме често, но може да проба.
     
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    9.314
    Пол:
    Женски
    Имам грижа на совест дека нешто не правам како што треба .
    Година и пол сме ,уште не збори .
    Разбира све,извршува наредби .Знае каде е мешето ,каде е носето све тоа . Веќе почна да ми покажува на пелената и кога е какана ама никако да се пушти.....
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.