Пред некој ден баш за истото разговарав со доктор. Прво прашање дали воопшто не зборува, никаков звук, ни мама, ни ништо, или малку зборува. Малку помала е мојата и има некој фонд од 20тина зборови, вклучувајќи и ономатопеја тука. Разбира се, искажува желби за јадење, за спиење, за надвор. Имитира наши движења, пример песнички кога пееме, две рачиња, 10 прсти и такви слични. Знае сама да се храни, воглавно со раце ама и на прибор полека се учиме. Е сега кај мојава се движењата, физичкиот развој понапреден и само таму и е насочено вниманието, да се симнува од кревет, да се качува кај што е пониско, да се качува по скали. Коса на главата ми се крева кога ќе ја видам како оди по лежајот. Пред некој ден со внуците двојно поголеми од неа скроз стабилно скокаше во тамболина. Е според се што и кажав на докторката дека прави ми рече нема простор за грижа. Ќе пушти со нови зборови за некое време. Јас искрено на кај 18-20 месеци зависи како ќе е со развој на говор до тогаш, планирам нова консултации вклучувајќи и со логопед, дефектолог.
Па добро мало е, не знам кој ве убедува дека треба да зборува. Јас нит цртан пуштено имав, све знаеше да покаже, немаше нешто што на 2 години не знаеше да го намести правилно, па на 2 и 4 месеци оддеднаш зазборе ама буквално ела сега соприја. Дај ве молам мајки какви когопеди и дефектолози на 18 месеци.
Мене ме мачи што и пуштам цртани. Не многу ,едно пола час ,можеби час во тек на еден ден ама сама сум. ММ ми е на работа нонстоп. Ако не и пуштам ке збудалам
3 зборчиња се минимум за 15 месеци 10 за 18. Колку месеци е малото? Мислам дека немаш потреба за прегледи Воопшто не зборува? Ниедно зборче?
Ние сме 21 месеци и не зборува ништо, ама баш ништо. Ако ам ам се смета за зборување тогаш ете имаме еден збор. Имаме и 3 крајник
Мами и ја сум сама до 18ч со двете ама наоѓај занимации, немој да се секираш, нека не те мачи ништо, иако знам дека деца и со цртани брблале и англиски зборувале сепак сте во години кај што не е ништо страшно ако не зборува, башка што овие генерации општо зазборуваат покасно него нашите. Наместо цртани најди му занимација што ќе те остави на мира малу, еве што мојава ја интересира од "игрите" сама што ги игра : и ставам корпа полна со хулахопки и чорапу нивни и ги вади па ги става на зад, многу пати во корито ја редам и и ги истурам врз неа па почнува со работа вадење надвор, излегува она ги става внатре, па си влегува и така во круг. Обожава она pop it, на големата кога беше мала баш спомнав и ставав макарони во сад и повеќе пластични наредено, она мешаше и ги полнеше тие и знаеше да потрае играта, стикери лепенки лепам на неа и она или на некоја нејзина играчки па ги вади ги лепи.. оние "бебешки" играчки или шо пишува 18+ не ги интересирале никогаш. Исти и повивање на бебе играта траеше долго, бебево уште е мала и само ги гали и не многу и држат внимание. Ииии дај џогер, ќе ти изриба цел стан, а ти мир ќе имаш мене најтешко ми е од 15ч до 19ч, чим дојде дада она сака се шо има она и само урлаат да полуди човек, а до тогаш ок е, неам проблем цел стан да е во хаос на то сум навикната. Не се слагам дека заради зборување на друг јазик на цртаните се збунети и не зазборуваат, и на кратко не е стварно страшно ( моиве и не ги привлекува) проблем е што сега цртаниве се само со ууу ааа мм ооо, ниедно зборче. Не знам какви пушташ ама гледај да се со зборови иии преемногу разговор со дете на ист начин како што разговараш со возрасен. Само ете ти кажав, мојата знаеше се, по бои да намести, по големина, животните кога ј прашував и ааа викаше само, се опушти и зазборва одма со реченици.
Нема веска третиот, третиот може да смета на изговор на буквата р ама не и за говор мислам. Ние имаме зад нас операција
Зборувај и многу и "терај ја" да повтори, секако низ игра. И ако пушташ песнички/цртани гледај да се на македонски (Стела и Сани, Биби и Боби некои такви)
Мислиш ич никаков звук, ни мама тата ајде чао, ни не не, ништо апсолутно? Мајка цртаните се штетни ако се цел ден, несоодветни на нивната возраст и на странски јазик, уште повеќе па ако се на мал екран. Јас пуштам на тв песнички на македонски, евентуално српски IDJ продукција, цел ден ечат кај мене песничките, немаме уште 18 полни месеци он веќе пее дел од песничките, повторува ритмички игри и броенки кажува. Моето многу сака музика, ако сакаш да го изнервираш изгасни му ја музиката, дури и она на малоно шумиш што е да бучи доволно му е. Цело време си иде мусиче и он се релаксира така најмногу. Зборувај многу со неа, пуштај на македонски песнички, Дарко Биберко, Биби и Боби, Стела и Сани, Свекичката Оги, јас пуштам и Пиличи и Ентентиничи зошто гласовно е близок јазикот до нашиот, англиски ништо немам пуштено. Од Маша се плаши ради животните, песнички Кога си среќен плесни ти со рачиња... ги обожава и повтара по нив, може да е во друга соба и а почне он доаѓа и плеска и удира со нога. Зборувај многу и гледај во очи, чекај реакција, прашај да ти одговори, повторувај додека не одговори. Со првото таа грешка ја направив, да речам грешка, само зборував реакција не очекував, затоа можеш на трепки да застанеш он не ти одговара, а малово се исправив и имам позитивна реакција уште сега. Немој да си ја мачиш главата, на нивна возраст многу зборување не очекувај, тоа е се нешто приближно збор.
Може да влијае на говор доколку слухот е намален. Затоа при отсуство на говор се исклучуваат прво медицински причини. @perlaa1 што вика педијатар? Како му е невербалната комуникација? Кај деца на таа возраст што немаат говор се очекува да имаат развиена невербална комуникација како покажување со прсте, гестови и сл. Доколку ја нема најдобро е да направите проценка со педијатар за развој/логопед и ако има потреба да се почне со терапија.
Неполни 17 месеци. Животните скоро сите се со ономатопеја што ги кажува. На пример надвор или во книга гледаме куче и место куче, тоа е ав ав. Кола/автомобил е брм брм Не дека ништо не кажува ама колку и да викам јас пример ова е куче, кажи куче, добивам одговор ав ав.
Не ни можеш да очекуваш да каже куче на 17м. Таман си е детето, не го форсирај. Моево викендов тек почна да кажува маче, ама повеќе зошто јас му викам маченце на мама, пак надвор на мачето вика мау мау.
Не беше потенцирано дека слухот е намамален заради трет крајник, туку само дека има трет, доколку не е на слен пречка за говор нема. Со огромни крајници беше, неколку пати проверка за слух супер, Р убаво не ја кажуваше, после 3 месеци од оп почна подобро.
Па исто, само животни доста кажува со ономатопеи, брм брм, уау, гол, неколку збора плус од мама тато.. Мислам дека околу 2 години почнуваат повеќе да кажуваат. Не е спремна може, еве и син ми ќе кажеме ние нешто он ќе повтори и ќе се израдуваме и толку после ако го прашаш нема да го каже, само се смешка. Како да се срами демек Мене ми е чудно како прво знае да каже како вика патката и магаренцето а не знае да каже дај вода, дај њам њам. Не знаев како почнуваат да зборуваат ама вака што читам и слушам кај сите е одеднаш, преку ноќ што се вика, а не постепено.
Имаш преголеми очекувања од детето. На 16месеци со 20 зборчиња е супер. Маливе за маче викаа ццццц (од мац мац) уште на 11 месеци. Скоро две години се и уште викаат така. Месецов почнаа куче место ав ав.Брм брм им е од 10 месеци, кола почнаа пред месец дена и некад уште викаат брм брм. Инаку во моментот имаат експлозија на зборови и голем вокабулар, учат и по 10тина нови зборови дневно ама ете старите зборчиња не ги заменуваат скроз и воопшто не е причина за грижа. Зашто да вика збор различно кога го разбираш? Поинтересно е да научи нов. Да, јас секогаш го кажувам првилниот збор ама не ги форсирам да го кажуваат.
Тоа е нормален развој на говорот, прво се ономатопеи, па именувања па тек после доаѓаат барања, глаголи именки. Како што имам читано првите 50 зборчиња доаѓаат поспоро, откако ќе ги достигнат забрзуваат со учење нови (околу 25 месечно). Кај нас беше така. Кога стигнаа до 100тина се пуштија што викаат старите и не можев да постигнам да бројам. Почнаа да врзуваат едниот на 15 месеци другиот на 17 ама имаа мал фонд на фрази подолго време. Тој што почна покасно да врзува сега е понапред и се повеќе зборува во реченици
Звуци испушта..кога слуша песна знае да каже "нанана" демек пее. Вика ,да и не .И толку. Друго све е во ред. Разбира буквално се. Кога ке и кажам донеси ги чевлите да ги облечеме ги носи. Кога и кажувам за други предмети ,исто ги носи. Знае чао да прави ,знае дојди со раче да прави .
Кога сака нешто како ти кажува? Има ли фокус да седнете да и покажуваш сликички и да и кажуваш што има на нив? Ти носи ли работи да ти покаже што и се интересни или и треба помош? На пример да ти даде даљинско да и пуштиш тв, или да ти покаже со прсте авион или куче маче ако види?
Мајки малово мое има 21 м, пред неке време поголемово дете го имаше научено да гледа страшно, ке му каже ајде погледни ја мама страшно или исплаши ја мама и ова ја поднаведнува главата нанапред а очите ги превртува нагоре, и после почнува да се смее.Сега од пред 2-3 дена почна ако некој му зборува да превртува со очи, баш како ние возрасни кога превртуваме со очи кога слушаме некоја глупост, незнам како да објаснам,мислам дека е глума и дека е пак школо од бато, пошто гледа дека предизвикува реакција и се смее. Да не се грижам за глупости нели, нормално е да глумат на оваа возраст?