Да,редовно ми носи даљинско И ако и пуштам што не и се свиѓа пак ми го дава како знак да сменам А и тоа заборавив...знае да каже како прави мачето како кучето....
Од кои мултивитамини сте задоволни? До сега имам давано Well Baby само. Дали сте давале нешто за имунитет кај бебе од година и два месеци? Матичната му препиша Изопринозин заради ниски гранулоцити, ама не знам дали да му давам. Со температура беше 3 дена, денес проверивме кс, црп е мирно, гранулоцитите се 0.97, она вика многу се ниски. Малиот е веќе подобар, нема температура, само поткашлува и е затнат од секрет во носето. Друго што ме интересира. Колку најдолго ви траел штрајк со глад кога се болни? Од дете што јадеше апсолутно сѐ, сега е како маче што ќе грицне две смоки, бисквит, едвај едно смути и толку. Освен ‘џанк фуд’ за бебиња и цицање ништо друго не става во уста. Нема уште што не понудив веќе.
Има намален слух. Има гестови , покажува со прст. Кога сака нешто ме фаќа за рака и ме носи до таму со намера да му дадам тоа што сака. Сега другата недела сме на логопед ама педијатрот рече дека е мал затоа што над 3 се оди на логопед плус имаме двојазичност.
Тоа над 3 години е застарено сфаќање, во најмала рака одете вие на консултации да добиете насоки како да му помогнете, но веројатно треба прво да го решите проблемот со слухот па можеби ќе има прогрес сам по себе
Кажете нешто против пролив??? 16 месеци сме, беше предходно болна ама проливот не престанува веќе повеќе од 12 дена, има два пати на ден течна столица.. никако да се регулира. Давам диастоп и пробиотик, матичната само тоа ми дава
Мајки, каде да најдам купаќи со УВ заштита? Година ипол е малечката, ќе одиме на одмор па да се спремам
Веќе недела дена како се одбивме од доење, ама спиењето е полошо и од претходно.. секоја ноќ си седи будна по 2,3 саати и никако не презаспива. Нудам вода се нишкаме секако пробувам ама не оди, имавме ваков период ваш кога тргнав на работа сега пак. Пренапорно е зомбиња сме веќе.. Скоро 20 месеци има, дали има врска доењево, период ли е, толку ли грешам нешто со детево, не ми е јасно Инаку станува во 6-6ипол, во градинка има дремка и навечер до 8 е заспана.
исто како го одбив,секоја нок се буди со плачење, пие чај седи саат време некогаш и повеќе па презаспива. И мн касно заспива околу 10 па и покасно а додека цицаше во 9 беше заспоан. Една дремка има од 3 до 5 обично.Станува околу 7, 8 најкасно.
Да игнорираш, шо повеќе збориш то повеќе го подсетуваш на тоа, ќе забораи. Сите деца имаат одредени "навики". Мојата само дигаше веѓи на секој 2 минути, чим престанав да и викам престана и она.
Немав проблем таков кога се одби ама колку шо имам читано не се дава ништо да пие во замена за доењето, дека се ствара навика да станува за пиење, наместо да се научи да презаспие со галење или гушкање ако веќе не можи без помош..
Не сме во Мк. Па според нив може да се чека. Јас незнам како да потикнам да зборува. Телефон недавам, тв само кога морам да завршам нешто и тоа само песни.
Не знам стварно, пробувам секако и без вода и без нишкање со галење со све ама се врти се превртува према не се смирува и не може да заспие сама.. претешко е а не знам веќе што да пробам за да си помогнеме. Вас да не ви е касно дремката? Штом спие до 5 затоа не му се спие пред 10. Да пробате евентуално порано да го заспиете за дремка, до кај 12-1.
Едукативни игри..? Картички со предмети животни и бои, да ги мести и да му кажуваш упорно и да го испрашуваш кроз игра без да му велиш "кажи". Кое животно што јаде да спојува, дрвито каква боја е да мести и да се повторува само. Читање приказни и објаснување слики. Игрите што предходно ги спомнав се занимација измеѓу што им држи внимание, а не те замара тебе за нешто да направиш или да јадеш, игри со коли или кујна или бебиња е "бегање" во нивен свет и разивање фантазија што е добро и тоа многу да знае само да игра али едукативни игри мора со вас. Песни, најлесно се учи со песни. Иначе и ја сум странство, со моето имаше 2,5г што се оперираа, пошо им беше ептен потребно, и ние бевме за "итна оп" ама чекавме долго термин.
моето не дава ни во раце да го земеш, станува плаче, се симнува од спална и оди долу во дневна сам, пробав со скроз изгасено све, пак исто, оди низ темница, кај скали застанува да го земам да одиме долу, пробав да го вратам во спална уште полошо станува пак и трча кон скалите, ке падне сам низ темното, пробав да заклучам врата на спална, бетер и тоа, се фрла на земја си ја мава главата кај стигне и хистерично плаче, го носам долу во дневна продолжува да плаче пак легнат на под, не дава во раце, уште ако му збориш повеке се лути, палам едно нокно светло да се расони малку, и го прашувам дали сака вода или чај, некога пие вода, некогаш вика не за водата ако го прашам сакаш ли чајче вели да, правиме чај, пие и престанува да плаче ама веке разбуден е скроз, после легнува сам на тросед и презаспива.ако е поцврсто заспан го качувам горе во спална и продолжува да спие ама ако не е цврсто заспан ако се разбуди кога ке го ставам на спална па се од почеток брканица.заспивање му е тоа околу 2-3, сам легнува и заспива, за викенди кога сум јас дома знае и во 5 да заспие, едноставно неможам да го успијам поинаку.Не сака во раце, нема фајде ни од бели звуци, ни музика, ништо.Еве го сабајле во 8 станал, вчера заспа околу 22.30 па стана во 1 седевме до 2 плус му дадов парацетамол 4мл со мисла дека нешто го боли.Додека цицаше заспиваше без проблем и спеше многу повеќе.