Малиот 14+ месеци, го доев по двапати пред спиење денски, +за ноќно спиење и преку ноќта, е откако преминавме на една дремка, неколку денови пак го доев двапати, два дена му давав само еднаш пред дремката, и сега кога му давам да цица втор ден е овој одбива не сака не цица воопшто денски, а вчера вечер и пред ноќно не цицаше заспа така, цицаше само преку ноќта кога преташе. Можно е да се одбие?
Мојот така се одби. Прв пат цел ден протестираше точно на година, ама од жал утредента пак понудив. Вториот пат кога направи 13 месеци исто направи и тогаш пресеков и веќе не понудив. Така ја завршивме доенечката приказна.
Какви сандали користите за летово дали мора да се ортопедски или може од ваикики пластични или еспадрили.
Мојот уште е во патики,платнени летни. 20м е и мал ми е за сандали, трча по трева, камења и некако најсигурно ми е во патики
Мојов е уште во патики, спортски најк имам и адидас, такви се со дупчиња и меки и не планирам летово сандали да му облекувам, мал ми е уште. Има и едни како чорапи со гумен ѓон тие ги носи по дома и во двор. Мојов има малце напредок во јадењето, фала богу, ама сега пак исто, влезе во скок и одма не сака капење, ќе полудам веќе со ова вриштење на капење не знам што да правам. Косата апсолутно не можам да ја мијам без добивање нервен слом. Инаку свадбата по толку сеќирање ја поминавме супер, главен беше, атракција, камерманот мислам дека не престана да го снима, застанување на сред и играње со марамче врака, клекни стани и вртење си рацете, сите околку него играат и се смеат, а он важен и возбуден, 4 саата играше вака не знам како не се премори, во 11:30 заспа во раце кај мајка ми, со тупан на уво
Ако има два пати на ден течна столица тоа не е пролив. Тоа е само течна столица. Ќе се оправи, треба време ако имало детето стомачен вирус. Продолжи со пробиотик, ако толку те секира што е течна (вообичаено е тоа и во лето, дури и кај возрасни) земи Дармфлора на Др.Волц, само да знаеш, запек може да направи. Чај од анасон, полесна и не многу зачинета храна, пробиотикот се подразбира. Ќе пројде.
И кај нас беше исто само незнам кој скок дали 8 или 9 не сакаше да се капи хорор ми беше капењето и спијањето, сега сака да се капи ама не сака да се бриши бањарка не сака да види и пак ми е хорор капењето.
Многу ми се поти во нозене и затоа реков сандали да и купам, купив едни платнени еспадрили од ваикики на босо ги носи меки и се ама си викам дан згрешив со такви што шета ние сме 17 месеци.
Да тој скок 8ми не сакаше, само што помина, многу сакаше капење и тоа траеше до пред два дена кога влезе во 9ти и пак иста песна.
Јас купив исто сандалчиња отворени од хм, многу и се потат нозете, а и сама си ги соблака надвор патиките топло и е, иако се платнени со дупчиња патиките. 21 м сме
Ќерка неколку дена е со посуви пелени од нормално, дури некогаш и скроз суви и по неколку часа. Во градинка како и колку им даваат вода не знам. Праќаме ние шише/чашка, кога ја земаме во кола не може да дочека да го испие тоа што останало. Дома на секој чекор и оставам течност, било вода, било цеден сок, ептен разреден да си земи сама да пие или јас вртам околу неа и и давам често. Вчера во очај и електролит понудив. Знам дека и е малку течност посебно бидејќи утринската пелена е или скроз сува неколку дена или дали еднаш се има помочкано. Пред спиење пие околу 200мл Ад млеко. Ноќе не станува за плус. На жешково да нудам јас ноќе плус вода пример? Да не и направам лоша навика. Од друга страна пак да не дехидрира, ми е страв.
Повеќе се потст затоа помалце мочаат, и мојот лани летото беше така кога уште бевме без клима. Сега подруго е. Не се сеќирај она сигурно си знае колку и треба и штом дома има вода цело време достапна ќе пие ако е жедна.
Да, да големка е веќе си зема и сама. На моменти знае и 100+ мл во еден здив да ги испие, некогаш и со часови да не побара или ако нудам голтка, две да испие само.
Детево горе кецови му излегуваат, пренервозна е, ме гризе, ме прави лом. Колку повеќе и викам не, толку повеќе уште посилно прави. Се правам наудрена, ме боли и се нервирам. И давам цуцла, лом ја прави од гризење, ептен се гледа дека има мака. Едното веќе е излезено, другото ѕирка. Исто и ги крцка. До кога ќе биде вака, со оглед на тоа што веќе се излезени? Досега немаше проблем со заби.
Мајки некоја да каже tips & tricks за како да го залажам малиот да носи сандали? Значи купив сандалки, абе плаче бега од нив неќе да ги гледа не пак да ги обуе. Прежешко му е и во градинка си доаѓа со потни нозе а и надвор е пекол за патики веќе... 17месеци е иначе