Без температура е од понеделникот, ама уште не е оздравен целосно. Има секрет и поткашлува. Си прима терапија и ќе биде подобар, натаму оди. Ете денес има напредок, за доручек изеде скоро цела овесна каша + пола банана. Се надевам дека се враќа во форма зошто пукнав од грижи што не јаде.
Е аман бе, недела последна доза антибиотик, понеделник 38.9 температура. Знам дека е вирус, ама чуден вирус. Од половина нагоре е жежок, надоле нормално. Ми се темни мислам веќе. А немам ни денови да го чувам дома да се опраи, па комбинирам со сопруг.
Да он цица, тук таму по некоја смока, бисквит и толку. До сега бил болен, ама никогаш вака екстремно не одбивал храна. Дури и цицањето не е секогаш задоволително туку со молби и сто паузи. Ќе се оправи се надевам кога ќе оздрави целосно. Фала ти, со лесно со запчињата.
Bebe 16 meseci go vakcinirav za streptokoka a jas trudna dali ima nekoja opasnost za mene da go presoblakam koga ke se iskaka zaboraviv da ja prasam doktorkata od sto sum zaboravena imate iskustvo?
Во градинка не им даваат вода да пијат колку што сакаат, затоа е така. За да не мочкаат често и да не ги пресоблекуваат често. Со моиве двајца имам исто искуство, пиеја вода без задршка кога ќе дојдеа дома.
Пак јас и зедов вакви слични еспадрили дали е во ред да ги носи или не треба воопшто вакви да се носат некоја поискусна мајка да ми одговори
И јас бев во неверување првиот пат и затоа се збунив и дадов пак. Вториот пат веќе бев спремна и толку беше. Он не побара (дури и одбиваше првиот ден), јас не понудив повеќе А зошто за во градинка му облакаш?! Јас го пуштам / пуштав по чорапи, а сега планирам и бос да им го оставам. И онака е во фаза на проодување и најарно е бос да биде.
Кога почнаа тантрумите кај вас? Скоро 14ипол месеци е, од пред отприлика недела-две почна да има некои многу агресивни однесувања. Настрана што ме тепа, греби, апи.. Туку кога е нервозен од х причини си ја удира главата со бокс некако, или оди си ја удира од комодата или легнува и си ја удира од под. Не знам тантруми ли се што ли е, искрено многу ме загрижува ваквото однесување. Очекував вака можеби на 2, 2ипол години... Исто сакав да прашам за зборувањето. Мама велеше еден период, сега прекина, тата можда има кажано неколку пати... За маче како прави вели ма-ма, за крава прави ммм, за куче ау-ау. Сето ова го кажува само кога тој сака фала богу. Во ред е ова за возраста?
Да се надоврзам за обувките. Дома ќерка, веќе убаво проодена си е или по чорапчиња кога е поладно или боса скроз сега на жешкото. За во градинка цела зима беа по чорапчиња, ретко кое со топлинки. За летово јас зедов летни топлинки, демек да не е боса таму по подот. Е не само што ги носи за внатре туку и надвор се шетаат со истите. Некое дете во меѓувреме ќе стаса и по креветчиња да се прошета. Не знам дали е секаде така, кај нас воопшто не се замараат за тоа. За шетање неврзано со градинка си носи сандалчиња со затворени прсти.
Кај нас рекоа како дома, така и таму. Дома е по чорапи, а сега веќе и бос така планирам и таму и онака е топло. За жал нашиве од јасли не ги носат надвор зошто релно има и многу непроодени, плус се на втор спрат.
Како е правилото по градинкиве? Од септември сите што се сега јасли, ќе продолжат во поголема група? Малку оф топик од темава. Кај нас има деца што сега наполнија 1 година, но и такви што до септември ќе наполнат 2. Значи во септември некои на пример би имале 16 месеци, некои две години и 2-3 месеци.
Мислам годината кога полнат 2 преоѓаат во прва мала 2-3 години. Е сега нашиве јануарски кои се со право на избор за училиште незнам како преѓаат. Дали ќе не прашаат или... ? Баш ако некој знае да сподели
Во прва мала одат сите што имаат полни две до септември, плус и оние кои ќе полнат 2 години септември или октомври. Мојава е во Јануари и на 2 год и 8 месеци премина во прва мала. Оние родени во ноември или декември обично ги оставаат во јасли (втора јасли) до следна година. Барем така е во нашава градинка.
@Misskirova Користи ли цуцла? Штом разбира се, а не изговара било какви зборови може да е цуцлата (ако има). И мала е секако, не мора ништо да значи, важно е дека имате комуникација.
Мојот е во ноември роден, ми рекоа од септември во прва мала дека ќе иде. Ако добро ги разбрав сите родени 2022 идат во прва мала.
Не сум ни знаела дека може да биде бос, баш ќе прашам чим може нека си биде бос секако поубаво е така и повеќе ми одговара. Повеќе ми беше за надвор и за на одмор ама ќе видиме како ќе тераме, освен патики не сака да чуе за друго..
Па кај нас така ми рекоа, бар за во јасли. Поголемиот кога беше поголема група инсистираа тоолинки со твр ѓон, ама тоа од аспект дека се поголеми, одат во тоалет па мора да имаат нешто ма нозе за да не се мократ.