Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    1.000
    Мојот е иначе во декември роден, мене ми рекоа дека од септември ќе иде во прва мала, а и реално што ќе прават на две ипол години со бебиња од 10 месеци ако останат во јасли, подобро е макар и пред две години да биде во поголемата група, според мене.
     
    На Mandela му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.750
    Допаѓања:
    7.787
    Пол:
    Женски
    https://kegishoes.com/производ/bebeshki-obuvki-kegi-white-bb-205-2/
    Слични на овие од Кеги ама од локална продавница и на пола цена од оваа :)

    @Ano , највеќе ми е тоа што од септември ако е во јасли, ќе биде во најголемите деца. Кај нас се во креветче бар дел од денот, ем ништо нема развојно да напредува, бидејќи и реално ништо и не прават ( малку на под со играчки, кога е топло малку надвор), ем ќе и биде досадно и ќе прави глупости по цели денови.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.165
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    Ама ако така гледаш па која е разликата меѓу нив и тие родени во фебруари. Плус ако не планираш да ја пушташ во училиште порано подобро да си седи со нејзината генерација, отколку да треба на крај кога веќе се разбира со нови деца.
    Незнам зошто толку понекогаш брзаме, се да научат, се да направат. Тие се само деца има време за се.
    Јас кога имаше индикација да се пораѓам уште порано (на 29.12) си плачев во болница да чека да не се раѓа пред нива година за да не влече цела година после (facepalm).
     
    На Bubish26 и Miss_S им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.254
    Допаѓања:
    111.599
    Пол:
    Женски
    Нашите се мали за прва мала мајка, прва мала следна година. Во прва мала песнички учат, иди ти на бебе од неполни 2 да научи песничка, многу ретко. Башка во прва мала без пелени се оди, ретко е некое да е во пелени, спијат на рамни креветчиња и јадат сами и цврста храна. Ќе ги двојат, тоа е, дел ќе одат прва мала, дел следна јасли. Кај нас се 3 јасли, бебешка за тие непроодени, средна за тие како син ми ни ваму ни таму и голема за тие што одат, што имаат полни 2 и што почнуваат да се одучуваат од пелени, да јадат сами... Е сеа има понекој залутан германец нормално, пример кај син ми имаше 8м бебе а има и 2г што имаше уште во септември што реално беше за во големата, ама дали се тоа нечиви деца па ги чуваат така или не знам, не ми е јасно. Да ги видиш на слика, беблаци и деца големи, измешани. Син ми мислам дека ќе остане и од септември во истава, нема да го префрлат во поголемата, а дел рекоа со сигурност дека ќе одат во прва мала. Големиот пак скроз го избегна средната група моментот, од бебешка директ во трета јасни. Во прва мала реално одат деца посамостојни, не може беблаци ко нашите, освен мајка ако не бара така, има и такви, јас не би.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.784
    Допаѓања:
    176.273
    Пол:
    Женски
    Нашиве нели во ист ден се .
    Моето лани во септември коа го запишав веднаш почна во прва мала (19 мес ). Кај него во група имаше многу кои имаа веќе полни две год.
    Повеќето се родени јануари ,март април ..
    Не ми одеше да го запишам со бебињата .
    Носеше и носи сеуште пелени , јадеше и јаде со помош на тетките таму.
    Мене лично не ми се запишуваше во јасли каде што ќе имаше и непрооодени дечиња
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.254
    Допаѓања:
    111.599
    Пол:
    Женски
    Се зависи мислам до организацијата на градинките, некаде едноставно нема место, кај нас има, не ми е за прва мала. А и тоа прва мала, јасли ми е некако недефинирано. Кај нас прва мала е фактички третава јасли. И кај свекрва ми е како кај вас, една јасли со 2 групи и одма после прва мала. Ко што читав на правилници, кога беше големото во градинка ми беше нејасно, кај нас се некако најправилно распоредени по возраст, во трета јасли ги спремаат за градинка, а пак не се со големите да се буткаат на миење, да носат пелени а немаат реално кај да ги преслечат и така натаму. Е сеа друго е што во прва мала односно веќе во градинка, не јасли, учат многу побрзо да зборуваат, да се снаоѓаат, да јадат сами, да играат поубаво и така натаму.
     
  7. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.165
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    Ама кај нас колку што знам е само една јасли и после почнуваат групи: 2-3години, 3-4години и тн, по година кога полнат минимална возраст. Инаку тоа со пелени и ранење нема врска. Големиот прејде од јасли во таа 2-3 пелени не носеше, ама сеуште не јадеше самостојно. Други пак обратно со пелени. Всушност во таа група почнуваа со тренирање на децата за мочкање во нокшир. Знам имаа распоред на колку време ги ставаа сите на мочање.
     
    На Erika.greeneyes, AngelOfArh и strelec231992 им се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.750
    Допаѓања:
    7.787
    Пол:
    Женски
    Кај нас е исто вака. Едни јасли. Има и дете од 10 месеци што пред некој ден почна. Има и дете од 2години и 3месеци.
    Ќерка измеѓу, ни ваму, ни таму. Од "големите" учи да збеснува бидејќи реално тие деца од 2+ години не можеш да ги држиш 7-8 часа во креветче. А реално и умствено е поблиску до помалите.

    Едит: Ги имитира поголемите во се и сешто. А од друга страна, не разбира сеуште доволно команди
     
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.165
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    Е лошо е ако ги држат сите во креветче. Кај нас проодените се на под, а непроодените дел од времето на под, дел во креветче. И мене ми е жал што е така, ама па од друга страна викаат дека не може да ги допазат од поголемиве и мора да ги тргаат.
     
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.750
    Допаѓања:
    7.787
    Пол:
    Женски
    Не се 100% од времето во креветче, одат и надвор во двор и долу на под ама на пример од 8 часа може околу 1-1,5час вкупно да се долу.
    Ова од слики и слично што гледам. Сепак не сме таму цело време.
     
  11. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.784
    Допаѓања:
    176.273
    Пол:
    Женски
    А како може да има разлика од 17 мес од дете до дете ?!
    Нели се запишуваат само дечиња кои се родени во иста календарска година?!
    Така е кај син ми . Он е најмал а најголемото девојче од него е постаро 11 ипол месеци .

    Во нашата градинка нема 'лимит' за пелени . Појќе од пола дечиња веќе се одвикнати ,син ми абер нема , а 2 ипол год е веќе :(

    Туку да прашам и овде .
    Летото ги носите во градинка ?
    Се умам дал да го носам барем до 11:40 , да го земам после ручекот и дома да ми спие .
    Јас не работам ,можам да си го чувам ,ама детево дома ништо не јаде за викенд .
    А таму јаде и репете.
    Ич не сакам по жешкото да оди ,ама ќе скренам дома со нејадењето.
     
  12. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    1.000
    И кај нас е само една група јасли, одма после неа е прва мала, затоа и мислам дека секако ќе го префрлат во поголемата од септември иако би бил 20 месеци тогаш ама ќе видиме, не сум зборела со учителките баш ќе прашам деновиве.
     
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.228
    Допаѓања:
    26.281
    Пол:
    Женски
    Ууу кај нас е малце поедноставно. Има секаде само 2 групи 0-3г ( ама ретко непроодено да го запишат) и од 3-6г. Толку. Сите се заедно, секој со секого си игра како сака, тие што се предшколска имаат плус задачи за спремање во школо и тоа е тоа. Дури и немаат многу играчки, највеќе се едукативни.
     
  14. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.607
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Јас пак имам обратна мака. Дома пие млеко, оди, таму апнува малце од доручекот, од ручекот само суво лепче. И до 2ч да биде гладен не ми се остава цело лето. Се мислам да го носам само до 11 30,или воопшто да не оди до средина на август. Тогаш да си се навикне пак две недели за од септември да не квичи. Ми е страв да не се одвикне од спиењето во градинка па после да си мисли дека цело време ќе го земам 11 30. Полесно ми е да не оди два месеца, ама пак и дома ќе му биде досадно без децата. Ќе треба уште рано сабајле да шетаме секој ден. Никако да одлучам.
     
    На Bubce38 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.784
    Допаѓања:
    176.273
    Пол:
    Женски
    Јас го земам чат пат во 11:40 и сега . Немаме проблем, си заспива одма дома . И појќе ми спие дома , по 2 ипол часа спие дома , а таму спиел саат ипол Макс 1 и 45м.
    Не ми се остава и мене цело лето дома, ќе сака да се бања надвор по цели денови . А плус ни М од манџа нема да апне :(
     
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.069
    Допаѓања:
    46.075
    Пол:
    Женски
    Луѓе флеки од облека со што да вадам? Има една бела блуза со чај ја има лом напрсвебо, друга од јагоди, трета од портокал. Уклучени на 90 и нема разлика. Чаре?
     
  17. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    21.504
    Пол:
    Женски
    Еднаш исперана флека не се вади со ништо. Одма чим се исфлека прскам Арис Де Грас и перам, нема што не извадил, а најчесто перам на 40•
     
    На LadyR и 1209 им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.069
    Допаѓања:
    46.075
    Пол:
    Женски
    Значи им нема спас на овие веќе што ги исправ;( а нови му беа.Ќе земам арес арно ме потсети, едно време со него патики перев.
     
  19. see.emily.play

    see.emily.play Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.199
    Ги тријам со сапун за флеки, да постојат некое време, па во машина на 40. За потешки флеки ги тријам со сапун, ги оставам некое време, па пред перење уште една тура триење :D
    Мачно е, ама најефикасно досега.
    Една мајка ми кажуваше дека vanish во форма на прашок е доста ефикасен, со тоа успешно вадела флеки, ама еве уште не сум купила да пробам.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.750
    Допаѓања:
    7.787
    Пол:
    Женски
    Дали нема место во другите групи, дали новите деца се од "некој" не знам меѓутоа е стварно преголема разлика.
    Конкретно за моево знам дека ќе ги полудува малите од септември. Освен нели ако не се "опамети" до тогаш, па да седи мирна.

    За земање кај нас може и пред спиење околу пладне, и после спиење. Не прават проблем.
    За летово и јас се мислам како да тераме, дали да ја носам во друга градинка кога ќе е на одмор нивната и слично.