Јас тие што ги перам одма се вадат си било што, ама ете некогаш ќе сме излезени или нема да сме дома и не можам одма да перам и ете, целиот е како прасе. Па ни на јадење нејќе заштита.
Незнам што да кажам. Ама на група од 30 деца, еве и 15 нека одат верувам дека тешко им е и се снаоѓаат како умеат, за да и децата не се повредат. Сепак јасли е најтешка - проодени/непроодени, јадат/нејадат, пасирано/блендирано, менуваат пелени, ранат, даваат вода. Вака детето ми личи задоволно кога излага и не протестира така да за сега верувам дека му е во ред. Исто. Мојот е роден 3.јануари, септември веќе ќе е 20 месеци. Од разболувањава не сум стигнала да ги прашам како е планот и праксата за септември. Ќе споделам ако имам некакво инфо.
Тие работи на коишто не им излегува флеката, ќе си ги користиш за јадење за второто Мора и такви алишта да се има, не им се секирај
Грешка ме разбра. Не перам и јас одма. Таман работа на секое да пуштам перална. Пред перење ги проверувам и кај што има флека прскам. Иначе си стојат и со денови неиспрани па пак излегува флеката. Муабетот е да не се исперат без средство, зошто после не се вади флеката. Зеленото не ми е пробано, другите две се супер.
Нема и овој проблем со заспивањето дома, исто, дури и повеќе спие дома, 3ч. Ама си викам да не се навикне да не не сака после да спие таму, да си мисли дека ќе го зимам цело време рано.
Mamicki, dali i posle godinka davate omega i D3? Jas davav babytol omega i D3. Ama aj vikam ke zemam mollers maliot e 18+ i ne mi go prifati. Sega ne znam dali da davam pak bsbytol ama deka leto omegs samo bi zemala bez d3 Vie sto davate?
Е тоа не сум размислувала . Ама мош ќе го оставам па еднаш на две недели и да преспива таму , колку да Не заборави дека и таму се спие Ај има време , сега прво ќе.одиме на одмор па од коа ќе се вратиме ќе му ја мислам
Vanish Oxi Action спрејот. Апсолутно се досега извадил, од малини, боровинки, јагоди, пудра, масно, чоколада, доматен сос. Нема врска прво второ трето перење. Се надевам дека го има во Мк, ако не да си носам со мене неколку паковања за летово.
Дали давате кравјо млеко да пијат? Со какао или обично? Дали ви пијат? Ако да, кога им нудите? Мојов 14+ се одби самиот за денски воопшто не цица, и пред ноќно спиење не цица, засеа цица само в соне кога спие цица, еднаш долго, и некогаш уште по еднаш или двапати по малку кога се мешка . Го понудив неколку пати кравјо не сакаше, го понудив само еднаш кравјо млеко со какао, испи повеќе, дали му се допадна или случајно беше не знам. Совет.. како е подобро да пие, и кога да го нудам?
Јас продолжив да си давам исто. Babythol omega+d3, плус Пливит. Не ги прекинувам воопшто. Последно на педијатар ми рекоа омега до 3 години да давам секако.
Најдобро е да не пие. Мојот не пие млеко, јаде се млечно. А кравјо млеко користиме со чоколино/кексолино некоја инстант каша
Големата (4) не пие млеко бело, сега знае чоко млеко да се напие оти мисли е кафе за деца ама толку мала кога беше не сакаше бело, не јаде сирење и јогурт не пие, само кашкавал и кремсир, јас еве ден денес само млеко немам пробано, а кашкавал пробав на мој 20г Па и заради тоа и не ги терам, уствсри бебево луѓе нема шо не јаде и само мели нешто. Не мора ако не сака, а и сега викаат до 2г да не се дава кравјо.
Дали има некоја структурирана игра за оваа возраст 13-14-15 месеци, или доволно е што го оставам да прави хаос насекаде? Ретко некоја играчка да му задржи внимание повеќе од 5 мин, порано знаеше да се заигра со што било и да се внесе по 20-30 мин, сега буквално само расфрла, не застанува ни минутка да ја разгледа играчката. Се осеќам виновно пошо немам време да седнам да му направам некоја pinterest идеја, ама па и не знам колку ќе има ефект на оваа возраст? Задржуваат внимание или мојов е само таков?
Јас последно флеки вадам со шампон бекутан,и се вади ама рачно перам одма,не сум пробала дали ќе извади отпосле.
Млекото знае да направи уште повеќе секрет и треба да се избегнува кога дете е настинато, така ми има кажано педијатар. Јас доев 20 месеци, млеко давам само во по некој оброк измешано со бисквити или лино, нутрино каши, онака да пие млеко имам дадено 1-2 пати.Од млечни јаде сиренце, кашкавал, јогурт, путерче му ставам во некои оброци и тоа не количински многу.За пиење не му давам.
Исто! Грижа на совест на најјако. Некни му наполнив разни дрангулии во зип кеси, со вода, со бои, леќа, што ми изгледаше соодветно ставав. Ги залепив на стаклена врата, му покажав како да ги фаќа, ептен беше радосен ама интересот траеше цела една минута и после фокусот премина на тоа како да ги одлепи, пошто е страшен демолирач. Му успеа и толку беше. После исеков дупка во кутија ја наполнив со чорапи, исто 1 мин вадеше и ја батали. Играта моментално му се состои од претурање по играчките, ставање едно во друго, возење на разни предмети, и тоа што е со тркала и тоа што е без. Ќе земе еден предмет, пример лажичка и цел ден ја влечка по него и ‘прави’ нешто со неа. И јас си мислам дека не правам доволно, ама гледам дека сам си создава игра што моментално го интересира и решив да го оставам.