Мислам дека мислеше на АД млеко. Мене да не ми беше доењето дур беше ептен болен, детето гладно ќе останеше.
Само вода ја интересира... на тераса и полнам во голема пластична чинија, тура претура, терасата ја мие (па бара пак да и полнам) и обувам чорапи или гумени влечки за да не се лизга. Во двор и полнам леген со вода, ги вади јагодите, патлиџаните, ги удави. И давам шишиња дупнати на капачето за да прска. А да, имаме и „боенка“ од тие што треба да се бојат со водено четче, ја капиме редовно, ја распаднавме, треба нова да купам. Ниедна друга игра не и задржува внимание. Се надевам летово ќе се изнаигра доволно со вода за до зима да и помине фасцинацијата.
Јас закачив на прозорецот ролна од тоалетна, демек како кош, да пика мали топчиња низ неа. Пикна неколку топчиња, интересно му беше додека сфати како функционира, после се фокусираше како да ја одлепи ролната, ја одлепи скроз од прозорецот, се изнасмеа и си тргна назад на расфрлањето. Пробав да му покажам дека покрај ваѓање играчки од кутијата, може и да ги врати назад ( демек да си собере после него ), ама ништо, тој ќе извади буквално се од кутијата, ќе расфрла насекаде, ќе земе камион и го влече по цел стан. Чорапи да не види, омилено му е да ги растура. Единствено што му држи внимание е вода, или под чешма или да претура, ама кај нас залади, не е за надвор моментално, иначе да го оставам на тераса со кофа вода може и цел ден да седи да си шлапка.
Здраво. Ви се случува ли осип од топло, пот, на рачињата кај што им се превиткуваат, подлактица, вратче? Се бањаме и миеме по сто пати на ден, ама пак многу се исфрлаат. Од друго не верувам дека е. Што да мачкам?
Лани имаше на вратчето, ставав пудра да стои суво и по потреба Судокрем. Годинава нема, барем не засега.
Потполно исто. Очигледно си се во таква фаза, џабе се секираме и имаме mom guilt. Се развиваат они и преку таа самостојна игра со 'глупости'. За собирање играчки мислам дека е прерано. И моето ги вади и ги расфрла низ цел стан, нема каде нема однесено, само се сопкаме со маж ми, нозе искршивме. Ама во ред е да се учат уште сега да собираат, и јас се трудам да му покажувам иако за сега неуспешно.
Јас кафана ќе дадам кога ќе соберат играчки по себе. Или барем да извадат една две од кутија наместо да ја превртат кутијата. А они се скоро 2 години...
поголемото има 6 уште не сме дошле до таа фаза да си собира после него, за малово па да не збориме,собираме заедно и тамн ке собереме малово повторно ги превртува и се истура .
Ако одат во градинка од таму ќе научат. Таму ги тераат да собираат играчки, па и дома правам игра кој повеќе играчки ќе собере во корпа. Се во свое време ќе научат.
Нека си ги, не знам мене не ми смета. Се навикнав веќе да биде расфрлано. Вечерта се собира сѐ, утредента од ново се расфрла и тоа е тоа. Е сега кај тебе се две, така да сѐ е дупло, сигурно е повесело.
Да не те разочарам, 8 полни, не собира по себе. Аха, нема проблем, 8 има од кои 4г одеше во градинка и не научи да собира. Уствари лажам, собира кога ќе згрмам дека ќе одат во канта. И тогаш со иле ги собира.
Мамички, ќерка ми веќе е 2години, и уште кога се роди имаше црвенило на обравчињата, онака и беше рапава кожата, не и беше мазна. И ставав обично кремче и и поминуваше. Но после некое време пак се враќа тоа. Еве ја, уште го има. Бевме на матичен, докторката не ми кажа ништо посебно, ми даде еден крем да ја мачкам. И поминува од кремот но после една недела пак и се враќа црвенилото. Од шо може да е? Да не е некој себореичен дерматитис или шознам.
Себореичен дерматитис има како масни наслаги, како што е теменицата слично. Да не мислиш на атопичен дерматитис. А тоа веруј се познава, не е само црвенило, кожата е сува и пука. Носи ја на кожен лекар и ќе ти кажат најдобро. Лесни црвенила третирам со Мустела за лице, топ ми е, ама имам бели деца со стакло кожа и тие црвенила се толку ретки што кремата за лице од раѓање ми трае уште а бебе е годинаипол. Општо не користам многу козметика па ми трае.
https://www.storybox.mk/magicna-boenka-morski-svet-vodena-magija Вака изгледа. Има пенкало/фломастер што се полни со вода и се бои.
Пред некој ден почна да се удира по главата и да се смее, како за внимание мислам се удира, јас му велам немој и он се смее. Исто и почна да шлака раце ама со тупаници, цело време му викам пази глава кога оди некаде каде што може да се удри и он сега се фаќа за главата и вика гава и пак се удира. Нешто почна да ме јаде црвот, прават вашите вака? Нормално е?
Ехеее... И бетер. Се трудам да не му се насмеам ако напраи некоја глупост зошто после ќе ја праи намерно цело време. За удирањето по глава се мава и вика Јејеееее...