Мажот ми само трауми добива од ова. На секое е по мене низ куќа да ми каже дека нешто не е како што треба со детето зошто се удира со главата. Ај што маж по мене само да ми каже што прави ќерка, туку и дете е лепенка станато. Само се влечка по мене де за рака, де за нога ме држи. Штом сака нешто ме фаќа рака и ме носи до местото. Или ако работам низ кујна, таа до меме за нога. Мама, мама го слушам безброј пати на ден. Време раат за мајка е рамно на 0.
Напиши на гугл „боенка со вода“ ќе ти излезат повеќе резултати. Ја има и во просветно дело гледам. Многу е забавна, и јас си боев Едит: да, има и фломастер во пакувањето. Ама не си ограничена само на фломастер... ние сме боеле со влажни марамчиња, со чаша вода, со четка, со пиштолче на вода душата и ја извадивме. Неколку пати и цела ја потопи во вода, па еве ја конечно почна да се распаѓа.
А кога почнуваат со вакви активности со боење? Јас би сакала додека сликам он да се занимава исто со “сликање” ама не знам кога да почнам. А за мажите и мојов е исто ама јас треба да се правам дека се знам и дека е нормално за да не дикга паники.
https://nama.mk/proizvod/magichna-boenka/ Вакви имаме генерално со фломастерот ми е најтешко за боење, брзо се оштетува фломастерот тоа. Јас и давам сунѓерчиња, тупфери, четче, што имам при рака. Ова бетер од тоа на година. 3 нешто ли беше тоа. Утрово во градинка пред врата за нога ме држеше. @1209 , мојава еве 17 месеци уште не е некој фан на боењето. Ептен кратко и држи внимание или воопшто. Да седи некој до неа и да зборува, приказни цели да кажува, па некако да ја заинтересира.
Ќерќа ми има 22 месеци, тек сега ја заинтересира боенката откако почнав да и давам вода на тераса да си игра. А ја имаме од нова година, не ја ни погледнуваше. За подолготрајна игра сама тек летово првпат почна подолго да си игра, и само со вода, ништо друго не ја интересира. Користам прилика да зачистам кујна или нешто, ама не можам да се потпрам, некогаш ме остава некогаш не. Ама и сите дечиња различни се. Мојата е потемпераментна, не држи внимание многу долго. Братучетка и уште од година ипол веќе си играше сама без да бара некој да ја забавува, или да седи до неа.
И мојов сам не игра, освен со вода, ама нешто и тоа во последно време не пали, откако е во скок и водата не го интересира. Мора се да сум јас околу него, сам ретко се заигрува. Ништо не успевам да сработам ама тоа е што е кога заспива вечера чистам, онака се со него во раце работам.
На Pampers конкретно од 3ка бројче им почнуваат гаќичките. За малиот најчесто ги користам на Pampers, а сум ги пробала на Violeta, Puffies, Lupilu, Babylove. Од овие од сите има 5ка и 6ка бројчиња, а 4ки не сум се загледала дали има. Ок ми се сите, ама од Pampers најмногу ми одговара бројчето и затоа најчесто нив ги користам.
Мамасити давајте совет или каде да се обратам да почнам со некој тренинг за заспивање сам. Го пишам постот и плачам од болки, од глава, врат, цел грб и десна нога до петата ме боли. Не можам повеќе да издржам колку многу се буди навечер. И одма сака кај мене или на цице или да се нишкаме. Овие болки веќе стануваат неподносливи. Да одам на ортопед не знам што би ми помогнале. Масажите исто,ми е страв да не си направам поголема беља ако одам на масажи. Да можам би се напила нешто појако од диклофен, ама не смеам. До тој степен сум укочена цела.
Јас се водев според книгата Precious Little Sleep, многу ни помогна на сите дома. Очајно беше... За болки во мускулите слободно оди на масажа, ама гледај кај физиотерапевт. Во меѓувреме слободно парацетамол и магнезиум да те пуштат мускулите колку толку.
Од кога се одвикна со цицање, почна и да спие, може да стане еднаш пие вода и продолжува, плус легнати на спална така заспива сама, а пред тоа со цице беше се. Може коинциденција е ама ете кај над така испадна