Форумџика на годината

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.018
    Допаѓања:
    22.035
    Пол:
    Женски
    И моето се удара, ама не ме загрижило. Гледам дека му е игра, се прави интересен, се удара и се кикоти, па ако му речам немој се кикоти уште толку. :D Раце шлака од поодамна, а од пред некој ден почна и тупаници да удара една од друга. Машала кога ве читам како врсниците на моево цели зборови кажуваат, гава, банано, не знам што.. многу се чудам. Или моево е незаинтересирано или вашите се многу напредни. :?:
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.296
    Допаѓања:
    47.211
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема врска со напредокот, туку некои деца се позборливи од мали изгледа.
    Мојов збори многу, стварно и јас се чудам некогаш.
    Мамо, тато, баба, дедо, тета, Хана(братучетка му) чиче, китка, гава(глава) па(кога сака нешто да се направи пак) бам, Миа(по кучето Мила) ме за млеко, ганган за гитара:D и најсмешно што ми е мене жиша за вишна, шика за штипки и упаа кога сака да го земам. Ж и Ш ги збори, растур праве:D
    А последно почна да вика бабо ма и мамо ма.
    А на негово си брбори нешто по цел ден ама никој не го разбира.
     
    На H.VAGA, Mother of 2boys, Bella_Stella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Shekjerna

    Shekjerna Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Дали адаптирано млеко може да прави пролив кај дете?
     
  4. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.018
    Допаѓања:
    22.035
    Пол:
    Женски
    Хахах последното најјако, мамо ма. :D Иначе мислам дека е напреден од аспект на говор. Бар од тоа што сум читала и истражувала говорот се формира од 2 до 3 годишна возраст, од 12 до 18 месеци почнуваат по некое зборче да кажуваат, а реченици од повеќе зборчиња дури накај 3 години. Ама секое дете си е различно, теоријата е едно, праксата друго. Моето цело време си мрмка нешто дур си игра, ама конкретен збор нема кажано. Вика тата, тате, дада, баба, ама не сфаќа дека имаат значење, само како слогчиња си ги повторува. Вака ми изгледа дека ќе е брборко, ама ќе видиме.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    1.096
    И мојот ништо конкретно не зборуваше до 14 месеци, веќе накај 15 до сега (18 месеци има) почна убаво со значење да кажува мама, тата, мау ау брм, дии муу, пане (падне), тане (стане), тао, аде (ајде), тиит, тите (цице), да, не и си дрдори по негово нон стоп си кажува нешто ама ништо не го разбираме :rofl: и јас се мислев дека слабо збори ама наеднаш се пушти со зборчиња, така да не се секирај тек ќе зборат :D
     
    На H.VAGA, 1209 и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  6. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.529
    Пол:
    Женски
    Да можи, доколку има пролив не се дава млеко, давај пробиотик диа стоп, малце на диета, види што се дава при пролив и откако ќе намали а сака млеко побарај без лактоза.
    Но сепак советот е без млеко додека трае.
     
    На Shekjerna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.200
    Допаѓања:
    1.758
    Пол:
    Женски
    Ај да прашам дали само јас сум забегана или ќе ме утешите :D
    Пуштам дете да игра, да се ваља, во трева, песок, со камчиња, секаде. Имаме двор и куќа и повремено одиме таму, денес бевме, си играше, оди сега и се и е интересно, има две кучиња, им и фати топчињата што ги пикаат во уста и целооо време со нив. 100 пати и измив раце од што ми беше страв да не нешто е валкано или слично. Или лапне некое влакно.
    Еве сега си правам филмови, да не не треба толку детево да го оставам се да фаќа, да не ми фати некоја бактерија, кучињата не се чуваат дома, туку во двор, па во тревата да не имало измет и така се вртам во круг.
    Дали има некој како мене или сте лабави?
    Се ми е страв да не нешто е нечисто...
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.529
    Пол:
    Женски
    Гарант е нечисто, и тие топчињата не се чисти пошто кучињата не ги чуваат дома.
    Јас го пуштам со домашно куче, вакцинирано и се, гледано, го гали му дава да јаде со истото раче и тој јаде,до сега немало проблем.
    Е сега тие надвор и крлежи може има во тревата треба претпазливо.
    Барем носи си антибактериски марамчиња и бриши рачиња.
     
  9. Sun&Moon

    Sun&Moon Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    1.200
    Допаѓања:
    1.758
    Пол:
    Женски
    Вакцинирани се, прочистени од паразити, со ампула, згрижени,ние ги чуваме, но сепак се надвор..
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.529
    Пол:
    Женски
    Доаѓаат и други животинки, ќе помини некоја мачка, во тревата може да има по некој крлеж, во песокта измет децава на два и три рацете во уста.
    Ова кај шо одиме исто ставаат ампула еднаш му фати болви не знам како си поигра со друго куче само. Јас пак мислам да си играат децата зошто да не, но претпазливо да не стават раце во уста и да се бришат рацете.
     
  11. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.018
    Допаѓања:
    22.035
    Пол:
    Женски
    Па не се секирам засега. Гледам напредок кај него во секој аспект како што расте и сметам дека секое дете со различно темпо си совладува. Ќе зборат ехее, после па ќе дојде ред кога ќе се прашуваме зошто не престануваат. :D Нека се живи и здрави само. :inlove:
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    8.809
    Пол:
    Женски
    И јас кога читам вака викам моево ептен назад за зборување е. А факт е дека 20+ зборови кажува.
    Сите животни се со ономатопеја пример ама точно знае да ги покаже надвор ако видиме, во книга, на Тв и слично.
    Што би се рекло може за некој месец ќе пишувам зошто уста не затвора.

    Кај мене со покажување знае да комуницира. Пример ме фаќа за рака и ме носи во кујна, за да и дадам нешто. Е сега јас знам што ми бара ама почнувам - Х (името) - сакаш чаша? Покажувам/подавам чаша. И така 3-4 предмети додека да и дадам тоа што вистина сака. Па може нешто во глава ќе и влези.
     
    На Bella_Stella му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.018
    Допаѓања:
    22.035
    Пол:
    Женски
    Не сме ни свесни колку учат. Моментално се празна книга и само снимаат сѐ околу себе. Дури и работи што никој не им ги покажува сами ги сфаќаат по логика. Пример ако му дадеш клуч со него покажува накај врата, далечинското го вперува во телевизор, ако ме види на телефон да разговарам си ја става раката на уво итн. Сѐ што гледаат си поврзуваат. Прво се тоа слики и гестикулации, па после си поврзуваат и слика со збор итн. Ние како мајки секогаш ќе си наоѓаме за што да се секираме, очигледно. Треба да се трудиме некогаш да сме пообјективни, за наше добро.
     
    На H.VAGA, 1209 и Ceneva им се допаѓа ова.
  14. Ceneva

    Ceneva Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.118
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Да баш така. Да се чудиш како знае некој работи а не си ги покажала. И моето со неговата играчка телефон, си става на уше и вика аааа. Со делечинското исто, го зема и одма накај тв го врти. Мене ми е интересен моментот кога сака да се качи некаде и си бара начин. И се си мислам како им текнува еј.
    Исто ми е интересно сега кога ќе го прашам каде е тата он се врти накај ѕидот и гледа во сликата кај што е татко му. Баш се снимаат.
    И моето не зборува баш многу, ама е и помал за нијанса. Ама тоа што кажува знае што е. Мама, ау ау, му му, за маче кога види вика маааа така мјаука тој хахаха. На мајка ми и вика ма, нормално не може да каже мајче хаха. Тата, баба, бонана( банана) и си говори таму нешто негово.
    Исто кога го прашувам колку години имаш тој вика ена и покажува со прстето. И од вчера почнува да повторува вода.
    Баш интересен период. Да ти се стопи душата.
     
    На Mother of 2boys и Bella_Stella им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.296
    Допаѓања:
    47.211
    Пол:
    Женски
    Секаде има други животни, јас исто го оставам моето, пазам да не става раце вонуста и миам почесто и тиа е. 14м е иаме 4 кучиња и ништо нема фатено засега, и се нема ниту еднаш разболено, воопшто.
     
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.199
    Допаѓања:
    40.575
    Пол:
    Женски
    Нема полошо од споредби. Првото на 1,5 имаше фонд на зборови брбливко прав. Никогаш не лазеше, прооде на 15 месеци стабилно од прв ден. И ден денес е "досаден" со зборување. Какви прашања посравува понекогаш и јас се замислувам дали некогаш сум ги знаела одговорите (facepalm). Ама и ден денес е трапав за движења (во смисла за пентарење и разни егзибиции) и по малку мрзелив. Додуша тука и ние имаме удел како родители зошто е многу пазен поради неговата состојба со срцето.
    Второво на 1,5 уште само брбља по бебешки, ама битно има комуникација со нас. Некогаш ќе се разбереме, некогаш не, ама битно кога сака јадење сите ќе го разберат :rofl:. Уште не оди, ама со лазење и пентарење уште на лустер не се качило]:). Дури загрижени и на ортопед го однесовме, таа таму ни се изнасема, ни кажа што имаше и не прати дома со зборовите, да не правиме проблем од здраво право дете. Дека се ќе си дојде во свое време. Нејзините зборови се дека се мали и не се мулти таскинг како нас, па ги учат работите едно по едно и со свое темпо.
    Ужувајте со децата и само следете да има напредок, а другото се ќе си дојде во свое време.
     
    На Freckles., H.VAGA, Bella_Stella и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Ив10

    Ив10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2022
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Машки
    Мајки, дали по завршување на антибиотик, може веднаш да се направи крвна слика или треба неколку дена да се почека? Благодарам
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.739
    Допаѓања:
    114.154
    Пол:
    Женски
    Се чека 5 дена.
     
  19. Lavender13

    Lavender13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2022
    Пораки:
    1.762
    Допаѓања:
    5.596
    И јас се мислам за ова во последно. Еве ќе полни 14 месеци уште малце, се разбираме за многу работи, дали сакаш да јадеш, кај сакаш да одиме, дали си какан, кај е ова, кај е она, ама уште нема изговорено ниедно зборче, ни мама, ни тато, ни баба, ништо. Мислам си брбла он по негово понекогаш ама вака со намера да каже нешто, не. Знае да покаже со прстето што сака, и ептен ако сака нешто да вика аааа додека покажува со прстето. Ама ко шо реков, нешто екстра од ова, не.
    Мислам дека читав дека до 2 години е ок, се додека имате некаква комуникација, односно додека детето разбира што му се збори.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bella_Stella

    Bella_Stella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2017
    Пораки:
    8.018
    Допаѓања:
    22.035
    Пол:
    Женски
    Колку и да викаме не споредувам, потсвесно сите споредуваме, а дефинитивно не треба. Убаво ти кажале дека не се мултитаскинг децата, стварно е така. Моето е мнооогу активно физички и фокусирано повеќе на моторичкиот развој, уште откако почна да биде поподвижен се гледаше тоа. Моментално оди и целта е да стигне сегде кај што замислил, да се качи што е можно повисоко, да фати се што не смее да се фати итн. За одењето како и за лазењето му требаше долго време да се стаблизира, уште не можам да кажам дека е целосно стабилен. Од вчера почна сам да станува од земја без да се држи за кревет, маса, ѕид.
    Од друга страна на вокалниот и социјален развој не го става фокусот моментално. Си мрмла стално нешто на негов јазик, ама конкретни зборови нема. Јас не мислам дека касни, моментално снима и може од еднаш да се пушти со повеќе зборчиња. Секојдневно ме изненадува со нешто ново, така да знам дека некој ден во блиска иднина ќе ме изненади и со некој збор. Имаме невербална комуникација, покажува со прсте кога нешто сака да му дадам, гледа во очи кога му зборуваме итн. Ова засега е мислам сосема доволно.
    Малку грешиме и ние родителите што сакаме се набрзинка да се случи. Стално сме во исчекување, стално со прашалници во глава, мајлстоуни и не знам што. Место да уживаме, се оптеретуваме непотребно. Ама тоа се за жал последиците од модерново време каде што сме претрупани со информации за правилно и погрешно, задоцнето и навремено итн итн. Пак ќе кажам, нека се само живи и здрави, ќе си совлада секое се во свое време.
     
    На 1209, Ceneva, Freckles. и 2 други им се допаѓа ова.